Поговорка |
Значење |
Дел |
Слика
|
И ѓаволот за перница ќе го врзе (фр)(хл) |
Тврдоглавоста совладува сè |
долу-лево |
|
Гризе дирек (фр)(хл) |
Лицемер во верата |
долу-лево |
|
Носи оган во една рака и вода во другата (фр)(хл) |
Дволичност и пакосништво |
долу-лево |
|
Удира со глава во ѕид (фр)(хл) |
Запнал за невозможното |
долу-лево |
|
Една нога обуена, другата боса(фр)(хл) |
Рамнотежата е најважна |
долу-лево |
|
Свињата го вади чепот (фр)(хл) |
Од немарноста уследува несреќа |
долу-лево |
|
На мачката ѕвонче ѝ става (фр)(хл) |
Опасна и неразумна постапка |
долу-лево |
|
Наоружан до заби (фр)(хл) |
Тешко наоружан |
долу-лево |
|
Натнува оклоп (фр)(хл) |
Налутен е |
долу-лево |
|
Едниот стриже овци, а другиот свињи (фр)(хл) |
Едниот ги има сите предности, а другиот ниедна |
долу-лево |
|
Стрижи, ама не дери (фр)(хл) |
Не барај премногу („Преку леб погача“) |
долу-лево |
|
Тука не се пржи харингата(фр)(хл) |
Не оди како што е предвидено |
долу-лево |
|
Пржи цела харинга само за икрата(хл) |
Прави многу за да постигне малку |
долу-лево |
|
Става поклопец на глава (хл) |
Конечно признава одговорност |
долу-лево |
|
Харингата виси на сопствените жабри (фр)(хл) |
Мора да ја сносиме одговорноста за нашите постапки |
долу-лево |
|
Има повеќе од некоја харинга (хл) |
Има повеќе одошто се чини на прв поглед |
долу-лево |
|
Што му може чад на железо? (фр)(хл) |
Нема смисла да го менуваме неменливото |
долу-лево |
|
Го најде песот в лонец (фр)(хл) |
Стасал на ручек предоцна, храната веќе изедена |
долу-лево |
[2]
|
Седи во пепелта меѓу две столчиња (фр)(хл) |
Нерешителност |
долу-лево |
|
Пипа кокошки (фр)(хл) |
Брои што има пред да го добие |
средина-лево |
|
Таму висат ножиците (фр)(хл) |
Таму ќе те прелажат |
горе-лево |
|
Сè иста коска глода (фр)(хл) |
Везден зборува за истата работа |
горе-лево |
|
Зависи како ќе паднат картите (фр)(хл) |
Зависи од случајноста |
горе-лево |
|
Светот наопаку (фр)(хл) |
Сè е наопачки од што треба |
горе-лево |
|
Остави барем едно јајце в гнездо (фр)(хл) |
Остави нешто за резерва |
горе-лево |
|
Му се сере на светот (фр)(хл) |
Презира сè можно |
горе-лево |
|
Се водат за нос (фр)(хл) |
Се измамуваат еден со друг |
горе-лево |
|
Коцката е фрлена (фр)(хл) |
Одлуката паднала |
горе-лево |
|
Глупавиот добри карти добива (фр)(хл) |
Среќата знае да го совлада умот |
горе-лево |
|
Гледа низ прсти (фр)(хл) |
Попушта некому |
горе-лево |
|
Таму виси ножот (фр)(хл) |
Задава мачна задача |
горе-лево |
|
Стои на дрвени налани (фр)(хл) |
Чека попусто |
горе-лево |
|
Ја стрчнува метлата (фр)(хл) |
Се забавува кога го нема стопанот |
горе-лево |
|
Се венчава под метла (фр)(хл) |
Живее заедно без да е во брак |
горе-лево |
|
Покривот со торти му е нареден (фр)(хл) |
Многу е богат |
горе-лево |
|
Има дупка на покривот (фр)(хл) |
Неумен е |
горе-лево |
|
Стар покрив мора многу да се крпи (фр)(хл) |
Старите работи бараат повеќе одржување |
горе-лево |
|
Покривот летви има(фр)(хл) |
Може да има прислушкувачи |
средина-лево |
|
Го боли заб зад ушите(фр)(хл) |
Се преправа |
средина-лево |
|
Моча на месечината(фр)(хл) |
Си го троши времето на залудни напори |
средина-лево |
|
Тука виси лончето(фр)(хл) |
Обратно од што треба да биде |
средина-лево |
|
Гаѓа со една стрела за да најде друга(фр)(хл) |
Повторува некоја глупава постапка |
горе-лево |
|
Го бричи (будалиот) на суво(фр)(хл) |
Надитрува некого |
средина |
|
Дајца будали под еден ќулав(фр)(хл) |
Глупавите се дружат меѓу себе |
средина |
|
Израснало низ прозорец(фр)(хл) |
Не може да се сокрие |
средина |
|
Си игра на срамниот столб(фр)(хл) |
Привлекува внимание на своите срамни дела |
горе-средина |
|
Кога е отворена вратата, свињите во пченката ќе истрчаат(фр)(хл) |
Катастрофа поради немарност |
горе-средина |
|
Кајшто се смалува пченката, таму се здебелува свињата |
Кога некој добива, друг губи |
горе-средина |
|
Трча како да му гори газот(фр)(хл) |
На голема мака е |
горе-средина |
|
Кој јаде оган, ќе кака искри |
Да не те изненадиш што ќе те снајде ако влегуваш во опасност |
горе-средина |
|
Си го закачува плаштот според ветерот(фр)(хл) |
Си го прилагодуа гледиштето според општото мислење |
горе-средина |
|
Фрла пердуви во ветер (фр)(хл) |
Работи без плод |
горе-средина |
|
Зјапа во штркот(фр)(хл) |
Си го губи времето |
горе-средина |
|
Убива две муви со еден удар(фр)(хл) |
Успешен и делотворен |
горе-средина |
|
Паѓа од вол на магаре(фр)(хл) |
Го снашле тешки времиња |
горе-средина |
|
Ја бацува алката на врата (фр)(хл) |
Се подлизува |
горе-средина |
|
Си го брише газот од вратата (фр)(хл) |
Лекоумен кон нешто |
горе-средина |
|
Си го макне товарот (хл) |
Работата му се чини полоша одошто е |
горе-средина |
|
Еден просјак го жали другиот што стои пред врата(хл) |
Се плаши од конкуренција |
горе-средина |
|
Лови риба позади мрежата (фр)(хл) |
Испушта прилика |
средина |
|
Големите риби ги јадат малите (фр)(хл) |
Луѓето ја судат тежината на зборовите во зависност од важноста на оној што ги изрекол. |
средина |
|
Не го гледа сјајот во водата(фр)(хл) |
Љубомори на нечиј успех |
средина |
|
Виси како нужник над јама (фр)(хл) |
Очигледно е |
средина |
|
Секој може да види низ дабова талпа ако има дупка (фр)(хл) |
Нема што да го кажуваме очигледното |
средина |
|
Двајцата низ иста дупка какаат(фр)(хл) |
Се сложуваат |
средина |
|
Си ги фрла парите во вода(фр)(хл) |
Си ги трачи парите |
средина |
|
Напукнат ѕид набргу се руши(фр)(хл) |
Сè ќе се расипе ако не му посветиш внимание |
средина-десно |
|
Не бере гајле чија куќа гори, само да се стопли(фр)(хл) |
Искористува секоја поволна прилика без оглед на последиците по другите |
средина-десно |
|
Влече трупец(фр)(хл) |
Измамен во љубовта да прави нешто бесцелно |
горе-десно |
|
Од страв баба трча(фр)(хл) |
Вонредната состојба открива неочекувани особини |
горе-десно |
|
Коњските лепешки не се смокви (фр)(хл) |
Да не нè излаже изгледот |
горе-десно |
|
Ако слепиот го поведе слепиот, двајцата во јама паѓаат(фр)(хл) |
Нема смисла да ве води некој помалку кадарен од вас |
горе-десно |
|
Уште не стасал, а црквата сосе кула ја гледа (фр)(хл) |
Да не се откажуваме пред да ја довршиме работата до крај |
горе-десно |
|
Ништо не е така тенко испредено за да не излезе на светлина(хл) |
Ништо не може да се скрие засекогаш |
горе-десно |
|
Држи око на едрото(фр)(хл) |
Да се биде буден и претпазлив |
горе-десно |
|
Кака врз бесилката(фр)(хл) |
Ниедна казна не го оканува |
горе-десно |
|
Кај има труп, таму лета гавранот(фр)(хл) |
Ако има знаци на нешто, тогаш веројатно е така |
горе-десно |
|
Лесно се плови пред ветерот(фр)(хл) |
Со погодни услови, лесно се остварува замислата |
горе-десно |
|
Којзнае зошто гуските одат боси?(фр)(хл) |
Сè си има причина, дури и кога не ни е јасна |
горе-десно |
|
Нека ги гуските ако јас не ги пасам |
Не се мешај во нешто што не ти е работа |
горе-десно |
|
Гледа како играат мечки[3](фр)(хл) |
Гладува |
десно |
|
Дивите мечки меѓусебе се дружат[3](хл) |
Оние што се еснаф подобро се сложуваат |
десно |
|
Го фрла капутот преку ограда(фр)(хл) |
Фрла нешто, не заејќи дали ќе му затреба подоцна |
десно |
|
Не се плива спроти водотекот(фр)(хл) |
Тешко се оди против општоприфатеното мислење |
десно |
|
Стомната оди по вода сè додека не се скрши(фр)(хл) |
Сè има свои граници |
десно |
|
Најшироките колани од туѓа кожа се сечат(фр)(хл) |
Лесно се троши она што не е наше |
десно |
|
Држи јагула за опашка(фр)(хл) |
Врши тешка задача |
десно |
|
Пропадна низ кошот(фр)(хл) |
Му се разоткри измамата |
десно |
|
Виси меѓу небо и земја(хл) |
Во непријатна ситуација е |
десно |
|
Го зема кокошкиното јајце, а го пушта гускиното(фр)(хл) |
Носи лоша одлука |
десно |
|
Се проѕева спроти печката(фр)(хл) |
Сака повеќе од што може да постигне |
долу-десно |
|
Одвај стига од еден леб на друг(фр)(хл) |
Се мачи да преживее со расположливите средства |
долу-десно |
|
Мотика без рачка(фр)(хл) |
Веројатно нешто бескорисно[4] |
долу-десно |
|
Бара секирче(фр)(хл) |
Бара изговор |
долу-десно |
|
Еве го, со неговиот фенер(хл) |
Конечно добива прилика да си ги покаже дарбите |
долу-десно |
|
Секирче со рачка(фр)(хл) |
Веројатно значи „целото“[4] |
долу-десно |
|
Истурената каша не се враќа во лончето(фр)(хл) |
Веќе стореното не може да се врати |
долу-десно |
|
Му става спица во тркалото(фр)(хл) |
Прави сопки, осуетува нечии планови |
долу-десно |
|
Љубовта е онаму кајшто виси ќесето(фр)(хл) |
Љубовта може да се купи |
долу-десно |
|
Го истегнува најдолгиот крај(фр)(хл) |
Сака да добие предност |
долу-десно |
|
Си стои пред сопственото светло(хл) |
Постапува спротивно од сопствениот интерес |
долу-десно |
|
Никој во печка други не бара ако самиот не бил во неа(хл) |
Кој претпоставува злоба кај другиот открива злоба кај себеси |
долу-десно |
|
Го врти светот на палец(фр)(хл) |
Ги има сите предности |
долу-десно |
|
На Христа му врзува ленена брада(фр)(хл) |
Скрива задни намери под маска на благочестивост |
долу-десно |
|
Човек мора да свитка ’рбет за да успее на светов(фр)(хл) |
За да се успее мора да се прават жртви |
долу-десно |
|
Фрла рози пред свињи(хл) |
Троши нешто вредно на недостојните |
долу-средина |
|
Го полни бунарот, а телето веќе се удавило(фр)(хл) |
Презема нешто дури откако катастрофата се случила |
долу-средина |
|
Кроток како јагне(фр)(хл) |
Некој многу мирен и мил |
долу-средина |
|
Го наметнува со син плашт(фр)(хл) |
Го лаже (изневерува) |
долу-средина |
|
Пази да не се провлече црниот пес(фр)(хл) |
Да се внимава да не тргнат работите како што не треба |
долу-средина |
|
Едниот го мота тоа што другиот го преде(фр)(хл) |
Двајцата шират гласини |
долу-средина |
|
Носи воздух (ден) в кошница(фр)(хл) |
Си го трачи времето |
средина |
|
Му држи свеќа на ѓаволот(фр)(хл) |
Секому се додворува за да се здружи |
средина |
|
Му се исповеда на ѓаволот(фр)(хл) |
Му ги открива тајните на непријателот |
средина |
|
Ѝ го исекоа стомакот на свињата(фр)(хл) |
Досетување отпосле или не може да се врати веќе стореното |
средина |
|
Две кучиња за една коска нема да се договорат(фр)(хл) |
Се расправаат за една единствена тема |
средина |
|
Црпалка за обирање(фр)(хл) |
Користи некого паразитски |
средина |
|
Што ќе ти е убава чинија ако е празна?(фр)(хл) |
Убавината не ја заменува содржајноста |
средина |
|
Лисицата и штркот јаделе заедно(фр)(хл) |
Двајца измамници секогаш мислат на својата корист[5] |
средина |
|
Дува во уво(фр)(хл) |
Шири гласини |
средина |
|
Става рецка со креда(фр)(хл) |
Му должи услуга |
средина |
|
Месото на ражен мора да се врти(фр)(хл) |
Некои нешта бараат постојано внимание |
средина |
|
Со него не можеш да вртиш ражен(фр)(хл) |
Не е склон за соработка |
средина |
|
Седи на жар(фр)(хл) |
Нетрпелив е |
средина |
|
Лови без мрежа(фр)(хл) |
Печали на туѓ труд |
средина |
|