Хоен Нојендорф

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хоен Нојендорф
Водоснабдителна кула
Водоснабдителна кула
Грб на Хоен Нојендорф
Хоен Нојендорф is located in Германија
Хоен Нојендорф
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Горен Хафел
Градски единици 4
Градоначалник Клаус-Дитер Хартунг (Левица)
Основни податоци
Површина 48,06 км2
Надм. височина 32 - 66 м
Население 26.380 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 549 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OHV
Пошт. бр. 16540, 16556, 16562
Повик. бр. 03303
Портал www.hohen-neuendorf.de
Местоположба на градот Хоен Нојендорф во рамките на округот Горен Хафел
Карта
Координати 52°40′N 13°17′E / 52.667° СГШ; 13.283° ИГД / 52.667; 13.283Координати: 52°40′N 13°17′E / 52.667° СГШ; 13.283° ИГД / 52.667; 13.283

Хоен Нојендорф (германски: Hohen Neuendorf) е град во округот Горен Хафел, во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се наоѓа северозападно од Берлин.

Географија[уреди | уреди извор]

Хоен Нојендорф се наоѓа на реката Хафел (изграден на Канал Одра-Хафел) и се граничи со берлинскиот кварт Фронау на југ, Миленбек (вклучувајќи го Шенфлис) на исток, Биркенверде и Ораниенбург на север и Хенигсдорф и Фелтен на запад.

Градски единици[уреди | уреди извор]

Хоен Нојендорф се состои од 4 градски единици:

  • Хоен Нојендорф
  • Штолпе
  • Боргсдорф
  • Бергфекде

Историја[уреди | уреди извор]

Хоен Нојендорф бил мал град со малку жители сè до крајот на 19 век, кога со развојот на железницата, почнал да се развива и самиот град.

Основањето на железничка станица во Хоен Нојендорф кон крајот на 19 век, благодарение на поголемото и побогато село Штолпе, довело до брз развој на Хоен Нојендорф, напоредно со самиот развој во Берлин. Денес, новата железничка станица Хоен Нојендорф е дел од берлинската С-Железница, додека старата зграда се користи како хотел.

Граница со Западен Берлин[уреди | уреди извор]

Општината се граничела со поранешниот Западен Берлин и поради тоа во периодот 1961-1990 била одделена од него со Берлинскиот ѕид. Помеѓу 1 јануари 1988 и 30 јуни 1990, селото Штолпе служело како граничен премин помеѓу Западен Берлин и Источна Германија. Сообраќајот бил предмет на одредбите за меѓузонското движење, кои биле одредени со договорот од 1972. По 9 ноември 1989 источните контроли биле постепено намалувани, а на крајот на 30 јуни 1990 биле целосно укинати.

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Хоен Нојендорф е збратимен со:

Споменик на пчелите

Спорт[уреди | уреди извор]

РУ Хоен Нојендорф, рагби клуб, се натпреварува во втората германска лига.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2020 г.“. Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2021. (германски)

Public Domain Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). Енциклопедија Британика (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)


Надворешни врски[уреди | уреди извор]