Хоенсалцбуршки замок

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Замокот Хоенсалбург, Салцбург, Австрија
Капела на архиепископот Леонард фон Којчах

Хоенсбургбуршкиот замок (германски: Festung Hohensalzburg) е замок кој е лоциран на врвот на Фестунгсберг, мал рид во градот Салцбург, на надморска височина од 506 метри. [1]

Историја на замокок[уреди | уреди извор]

Во 1077,на ридот над Салцбург, надбискупот Гебхард од Салцбург ја подигнал тврдината Хоенсалцбург, која станала негова резиденција. Тврдината постојано се проширувала со текот на времето, сè додека не станала најинтензивен комплекс во Централна Европа. Во неа архиепископите нашле прибежиште во турбулентни времиња, како што се оние помеѓу 1520 и 1526 година, за време на селското востание кое ја потресло Германија, веќе предизвикано од верското побудување на Мартин Лутер .

Позиција и изглед[уреди | уреди извор]

Најстариот дел од тврдината е централна, позната како „Стариот замок“. Тој дел била повторно изграден во 15 век, кога биле изградени кружни кули на надворешната куќа. Архиепископот Леонард фон Којчах значително го проширил, трансформирајќи го во утврдената тврдина која се искачила на врвот на Менхсберг. Надворешни страни биле додадени во 16 и 17 век за да се одбранат од Турците. Деловите на престојот биле претворени во величествени церемонијални комори. Еден пример е Златната сала со извиткувачки столбови на црвен мермер, невообичаени тавани, комплексни готски декорации. Тврдината има значајна уметничка колекција.

Интересно[уреди | уреди извор]

По повод 9-тиот век од изградбата на замокот, во 1977 година, Австрија пуштила во промет монета од 100 шилинзи со слика на замокот на неа. [2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Замоци на светот / Џани Гвадалупе и Габриел Реина (превод на Милена Бојовиќ). Нови Сад, Меѓународен истражувачки институт за култура: Православен збор, 2008. 2008.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]