Ховерла

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ховерла
Говерла
Howerla.jpg
Ховерла (септември 2003)
Највисока точка
Надм. вис. 2061 м[1]
Заведена како Највисок врв во земјата
Координати 48°09′36″ СГШ 24°30′01″ ИГД /  [1]
Географија
Ховерла се наоѓа во Украина
Ховерла
Украина Западна Украина
Област UA
Матичен венец Чорногора (Карпати)
Искачување
Прво освојување Орисија Хахула

Врвот Ховерла (украински: Говерла; унгарски: Hóvár; романски: Hovârla; полски: Howerla) — планина во состав на Карпатите и со 2.061 м, највисока точка во Украина. Врвот се наоѓа во источниот дел на Бескидите, во областа Чорногора. Падините се покриени со шума од бука и смрека, над која се протега појас на супалпски ливади наречени „полонина“ на украински. На источната падина се наоѓа главниот извор на реката Прут. Името има староунгарско потекло и означува снежна планина.[2]

Ховерла

Датумот на првото искачување е непознат. Кон крајот на 19 век, врвот станал позната туристичка атракција, особено меѓу туристите од соседните градови на Галиција. Во 1880 била обележена првата туристичка рута помеѓу врвот Ховерла и Крани Лух од Леополд Вајгел од здружението Галиција Татра. Следната година било изградено првото засолниште за туристите.

Во 20 век се здобила со поголема популарност, како место за екстремни спортови. Некои патеки се обележани како 1A во зимскиот период (од доцна есен до мај), според системот на оценување од СССР. Денес, поради неговата популарност, многу љубители во алпинизмот со недоволни вештини често доживуваат несреќи, како замрзнатини, хипотермија, па дури и смрт.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]