Жолта Река

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Хоангхо)
Жолта Река
黄河
Хоанхго
Жолтата Река
Земја Кина
Извор планини Бајан Хар
 - место Префектура Јушу, Кингхај
 - височина 4.800 м
 - координати 34°29′31″N 96°20′25″E / 34.49194° СГШ; 96.34028° ИГД / 34.49194; 96.34028
Утока Бохајско Море
 - местоположба Кенли, Шандунг
 - височина м
 - координати 37°46′48″N 119°15′00″E / 37.78000° СГШ; 119.25000° ИГД / 37.78000; 119.25000
Должина 5.464 км
Слив 752.000 км2
Истек
 - просечен 2.571 м3

Жолта Река или Хоангхо (кинески: 黄河, пинјин: Huáng Hé, Хуангхе) — втора река по должина во Кина, но не и река со најголемо количество кал во светот.

Реката има 30 пати повеќе талог а кубен метар од реката Нил и однесува во морето речиси исто количество нанос како и реката Ганг, но со многу помал вкупен проток. Жолтата Река од изворот на Тибетската Висорамнина, има неправилен тек низ северните области во Кина. Низ голите ридови тече брзо и се спушта на високо плато покриено со наслојки од лес, што некаде се дебели и по неколку стотини метри, а потекниваат од последниот леден период. Таму реката собира многу големи количества талог. Потоа, таа го продолжува својот тек кон југ во Севернокинеската Низина, па тече кон исток од својата денешна делта, северно од полуостровот Шандунг. Бидејќи Жолтата Река често се излева делниот тек на реката е заштитен со крајбрежни насипи. Големите поплави предизвикуваат менување на текот на реката, па оваа река е позната и како „Нескротлива“. Пред 1854 год. утоката на реката во Жолто Море се наоѓала јужно од полуостровот Шангтунг. Неодржувањето на крајбрежните насипи во текот на педесеттите години на 19 век довело до тоа по големите поплави Жолтата Река да ја смени насоката на својот тек за околу 320 км кон север.