Хисни Шаќири

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хисни Шаќири
Hisni Shaqiri
ПрекариДост
Род ОНА
Битки/војниВоен конфликт во Македонија, 2001

Исни Шаќири (албански: Hisni Shaqiri; Отља, Кумановско, 1 март 1949) — македонски политичар, пратеник во Собранието на Република Македонија. За време на Конфликтот во 2001 година бил член на ОНА.

Шаќири завршил Филосовски факултет, историја. Работел како наставник.[1] Во периодот од 1990 до 2001 година, бил пратеник на Собранието на Македонија, од редовите на ДПА.

Кога започнал конфликтот во Македонија, тој јавно се откажал од пратеничката функција и преминал во редовите на ОНА. Во почетокот, тој требало политички да ја претставува ОНА во случај на „преговори“ пред меѓународната јавност со македонските власти, бидејќи другите членови од Главниот штаб на ОНА не биле од Македонија. Во Витина формирал група од 30-тина војници и влегол во општина Липково[2].

На 24 јули 2001 година бил ставен на македонската црна список на граѓани[3], а на 27 јули е ставен ѝ на списокот на американскиот претседател Џорџ Буш.[4]

По крајот на конфликтот во Македонија, согласно новиот закон за амнестија, бил ослободен кривично[5]. Во 2002 година станал член на Централното претседателство на партијата на Али Ахмети, Демократска унија за интеграција и повторно станал пратеник во Собранието. Во 2005 година ја напушта ДУИ и формира своја партија, Нови демократски сили.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Собрание на Република Македонија: Хисни Шакири“. Посетено на 2012-02-16.
  2. „Бела Книга- Теророзмот на т.н. Ослободителна национална армија“, Министерство за внатрешни работи, стр. 82
  3. „македонска црна листа“. Архивирано од изворникот на 2011-08-22. Посетено на 2010-12-25.
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-03-16. Посетено на 2011-02-16.
  5. „А1 телевизија: Амнестирани Ахмети, Велиу и Шаќири“. Посетено на 16 февруари 2011.