Хиралност

Од Википедија — слободната енциклопедија

Хиралност – во физиката и математиката особина на систем која не е еднаква со својот лик во огледало. Трансформација на симетрија која ги поврзува овие два системи е парност. Пример на хирален систем се лева и десна дланка.

Поформално, хиралност е особина на даден систем која одредува дали тој систем се трансформира по десна или лева репрезентација на Поенкареова група. Хиралност преку репрезентација на Поенкареова група е дефинирана само во релативистичката физика кога честичките се движат со брзини споредливи со брзината на светлината.

Пример на хирална молекула кај која левата и десната реализација на молекулата немаат еднакви хемиски особини.

Во хемијата, хиралноста е директно поврзана со оптичката активност на молекулите и јоните.

Хелицитет[уреди | уреди извор]

Кај безмасените честички поимите хелицитет и хиралност се поклопуваат, затоа што кај безмасените честички насоката на спинот е иста, без разлика каде се наоѓа посматрачот. Кај честичките кои имаат маса, поимите хелицитет и хиралност се разликуваат и не е можно да се воспостави директна поврзаност.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]