Хип хоп танц

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хип – хоп танцот се однесува на танцувачки стилови кои најмногу се играат на хип – хоп музика или кои еволуирале како дел од хип – хоп културата. Ова вклучува широк спектар на стилови како што се брејкинг, локинг и попинг кои биле развиени во 1970 – тите години од страна на црните и латино Американците. Она што го одделува хип – хоп танцувањето од другите стилови на танцување е тоа што по природа, најчесто, е слободен стил и тоа што танчерите често се вклучуваат во битки – формални и неформални натпревари за танцување во слободен стил. Неформалните сесии и битки во слободен стил најчесто се изведуваат во прстен: „кружен простор кој се формира спонтано откако ќе започне танцувањето“. Овие три елементи: слободниот стил, битките и прстенот се клучните компоненти на хип – хоп танцот.
Повеќе од 30 години стар, хип –хопот стана широко познат откако во 1970 – тите години се формираа првите професионални екипи кои играат брејкинг, локинг и попинг. Највлијателните екипи беа Rock Steady Crew, The Lockers и Electric Boogaloos, кои беа одговорни за ширењето на секој од стиловите: попинг, брејкинг и локинг. Паралелно со еволуцијата на хип – хоп музиката, хип – хоп танцувањето еволуираше од брејкинг и фанк стиловите во различни форми односно движења како што се „running man“ и „cabbage patch“ кои го зачнаа мејнстримот и станаа модерни танци. Танцувачката индустрија внимателно одговори со комерцијален хип – хоп во студио, кој понекогаш беше наречен нов стил и џез фанк. Овие стилови беа развиени од страна на технички истренирани танчери кои сакаа да создадат кореографија за хип – хоп музиката според хип – хоп танцувањето изведувано на улиците. Поради ваквиот развој, хип – хоп танцувањето сега се практикува како во студио така и на отворен простор.
На меѓународно ниво, хип – хоп танцувањето имаше одредено силно влијание во Франција и Јужна Кореја. Франција е родното место на Тектоник, стил на хаус танц од Париз кој што позајмил по нешто од попингот и брејкингот. Франција е, исто така, домот на Juste Debout, меѓународен натпревар на хип – хоп танцување. Јужна Кореја е домот на меѓународниот натпревар во брејкинг Р16 кој е спонзориран од владата и е емитуван секоја година во живо на Корејската телевизија. Земјата постојано произведуваше такви вешти брејкери од кои Gamblerz и Rivers брејкинг екипите биле назначени за амбасадори на Корејската култура од страна на Корејската влада. За некои, хип – хоп танцот може да претставува само форма на забава или хоби, но за други тоа претставува животен стил, начин да се биде активен со физички фитнес или во натпреварите за танцување, или пак начин да се заработи со професионално танцување.

Историја

Хип – хоп танцот, од денешна гледна точка, е широка категорија која вклучува мноштво од нови и стари урбани стилови на танцување. Постарите стилови кои беа создадени во 1970 – тите години ги вклучуваа апрокот, брејкингот и фанк стиловите. Овие стилови на танцување започнаа независно едни од други, едната половина во Њујорк, а другата во Калифорнија. Апрокот беше создаден во Бруклин, Њујорк, додека пак брејкингот беше создаден во Бронкс. Во неговата прва форма брејкингот започна како елаборат на Good Foot од Џејмс Браун создаден во 1972 година. Брејкингот во оваа фаза не беше ориентиран кон подот, како што е денес, туку започна како топрок кој се изведува со стоење. Во 1973 година, диџејот Кук Херц го измисли брејкбитот. Брејкбитот е ритмички музички призвук на песна кој се повторува за да се достигне инструментално соло. Кул Херц го измисли ова за да им даде простор на танчерите кои доаѓаа на неговите забави, да го покажат својот талент. Б-бој и Б-грл се кратенки од брејк-бој и брејк-грл, овие брејкери играат на паузата на плочата. Друго влијание врз топрокот беше апрокот. Апрокот е сличен на топрокот, но е малку поагресивен и наликува на битка. За разлика од топрокот, апрокот не се игра на паузите на плочата. Песната беше пуштена од почеток до крај. Исто така, апрокингот се работи со партнери додека пак во брејкингот секој има свој ред на играње. Со понатамошните влијанија од страна на гимнастиката и боречките вештини, брејкингот од стоечки стил на танцување се ориентираше повеќе кон подот.
Фанк стиловите се однесуваат на повеќе улични стилови на танцување создадени во 1970 – тите во Калифорнија, кои се играа на фанк музика. Овие стилови вклучуваат роботинг, бопинг, хитинг, локинг, бастин, попинг, електрично бугало, стартинг, сакинг, дајм-стопинг итн. Слично на брејкингот, Џејмс Браун имаше влијание врз стилот на танцување бугало. Една од инспирациите на Сем Соломон за создавање на стилот бугало беше „пуканка“ на Џејмс Браун и името на танцот беше земено од песната на Џејмс Браун „Do The Boogaloo“. Најпознатите и најраспространетите од фанк стиловите на танцување се попингот и локингот. Локингот е постариот од двата стила, создаден од Дон Кемпбел во доцните шеесетти. Попингот беше создаден од страна на Сем Соломон во 1970-тите години. Во 1980-тите медиумите погрешно ги претставија овие стилови под името брејкденс/брејкденсинг со што доведоа до забуна за нивното потекло. :Тие беа создадени на западниот брег одделно од брејкингот и произлегоа повеќе од културното фанк движење отколку од хип-хоп културата. Телевизиското шоу, Soul Train, помогна во зголемувањето на популарноста на локигот и попингот. Танцувачките екипи кои беа одговорни за ширењето на локингот и попингот, The Lockers и The Electric Boogaloos, настапија нателевизија со овие стилови со што дојде до нивно национално распространување. Денес, фанк стиловите се изведуваат и на хип – хоп и на фанк музика.

Главни стилови

хип хоп екипа
Листата дава генерален преглед на главните хип – хоп стилови на танцување: попинг, локинг и брејкинг. Овие стилови се најстарите од сите хип – хоп стилови на танцување. Тие беа светски забележани, архивирани на филм и најчесто изведуваните стилови на меѓународните натпревари во танцување.

Брејкинг/б-бојинг

Брејкингот беше создаден во Бронкс, Њујорк во почетокот на 1970-тите. Африка Бамбата го класифицираше брејкингот како еден од петте столбови на хип – хоп културата заедно со рапувањето, диџејството, цртањето на графитите и знаењето. Додека Афро Американците беа одговорни за создавањето на брејкингот, Латино Американците го одржуваа во живот брејкингот во времето кога беше сметан за „потрошена роба“ кон крајот седумдесеттите. Брејкингот вклучува четири основни стилови на танцување: топрок, даунрок, замрзнување и енергични потези. Во брејкингот традиционална варијација на прстенот се The Apache Lines. Прстенот е кружен простор за танцување формиран од набљудувачите кој брејкерите го користат за својата изведба. Прстените функционираат најдобро во брејкинг битка еден на еден, меѓутоа Apache Lines се посоодветни за битка меѓу екипи од улични танчери. Спротивно на кружната форма на прстенот, натпреварувачките екипи можат да се соочат едни со други во оваа линиска формација, да се предизвикаат меѓу себе и да го изиграат потегот за исфрлање на противникот (потег чија цел е да го засрами противникот во текот на битката односно „грабање на пречката“). Во 1981 година, во центарот Линколн во Њујорк се одржа брејкинг битка помеѓу The Rock Steady Crew и The Dynamic Rockers. „Овој настан, кој беше покриен од Њујорк Тајмс, Вилиџ Војс, Дејли Њус, Нешнал Џиографик и локалните станици за вести, му помогна на б-бојингот да го добие светското внимание.

Локинг

Локингот, со оригиналното име Кемпбеллокинг, беше создаден во Лос Анџелес од страна на Дон Кемпбел и беше претставен во својата држава од страна на неговата екипа The Lockers. Освен Дон Кемпбел, во екипата членуваа и Фред Бери - „г-дин Пингвин“, Лео Вилијамсон „променливиот Лук“, Адолфо Квинонес „Шаба Ду“, Бил Вилијамс „ослаби го роботот“, Грег Поуп „Кемпбеллок Џуниор“ и Тони Басил која, исто така, беше менаџер на екипата. Во чест на нејзината инструментална улога при комерцијалното експонирање на локингот, Басил беше почестена на Светскиот шампионат во хип – хоп танцување во 2009 година како прв женски добитник на наградата за жива легенда. Локингот е сличен на попингот, со што најчесто обичен набљудувач може да се збуни. Во локингот, танчерот ги држи своите позиции подолго. Лок (катанец) е примарниот потег во локингот. Тоа е слично на замрзнување или ненадејна пауза. Танцувањето на локерите се карактеризира со постојано заклучување на место и после кратко замрзнување, започнува пак движењето. Неправилно е локингот да се нарече „поп – локинг“. Локингот и попингот се два различни фанк стилови, со сопствените истории, со сопствениот сет од потези на танцување, со сопствените натпреварувачки категории. Локингот е поразигран и има повеќе карактер додека пак попингот е повеќе илузорен. Локингот содржи одредени потези на танцување кои се преземени од попингот и другите фанк стилови. Овие потези ги вклучуваат: „лок (катанец), поени, скитерс, скуби дус, стоп ен гоу, вич авеј и фенсис“. Танчерот не може да ги игра локингот и попингот во исто време. После телевизискиот настап на The Lockers, Сем Соломон беше инспириран да ги создаде попингот и електрично бугало.

Попинг

Попингот беше создаден од страна на Сем Соломон во Фресно, Калифорнија, изведен од страна на неговата екипа The Electric Boogaloos. Се базира на техниката на брзи контракции и опуштања на мускулите со цел да се создаде ненадејно движење на телото на танчерот, кое се вика удар или поп. Секој удар треба да биде синхронизиран со битовите и ритамот на музиката. Попингот, исто така, се користи како заштитен термин за широк спектар на тесно поврзани илузорни стилови на танцување како што се: стробинг, ликвид, анимација и вејвинг, кои често се спојуваат со стандардниот попинг за да се создаде поразлична изведба. Разликата меѓу секој под – жанр е тоа колку се претерува со попингот. Во ликвид движењата на телото наликуваат на вода. :Попингот е толку измазнет, што воопшто не наликува на попинг (пукање) туку движењата изгледаат течно. Спротивен на ова е стробингот (чукање) чии движења се згрчени, статични и ненадејни. Попингот, како заштитен термин, исто така, вклучува и пловење (глајдинг), лебдење(флоутинг) и лизгање(слајдинг), кои се пониски движења изведени со нозе или стапала. Кога се направени точно, танчерот изгледа како да лизга на мраз. Спротивен на глајдингот е тутингот кој се изведува со горниот дел на телото, со рацете, зглобовите и дланките, за да се формираат прави агли и геометриски фигури. :Понекогаш рацете не се употребуваат воопшто, при што се мрдаат само дланките, зглобовите и прстите. Во двете варијации, движењата се комплицирани ис екогаш се употребуваат аглите од 90 степени. Кога е направен правилно, тутингот изгледа како карактерите од уметноста на стар Египет, а оттука и името Кралот Тут. Додека попингот, како заштитен термин, се користи од страна на хип – хоп танчерите и во натпреварувачкото танцување, Попин Пит од Electric Boogaloos не се согласува со оваа употреба на терминот. Тој изјавува: „ Постојат луѓе кои играат вејвинг и луѓе кои играат тутинг. Тие не играат попинг. Го велам ова за да им ги дадам на луѓето кои измислиле други стилови, нивните такси и нивните реквизити.“. Многу од овие стилови не можат да се следат кај одредена личност или група. Другите стилови можеле да влијаат порано од хип – хопот. Ерл Такер „Змиски Колкови“ беше професионален танчер во 1920 – тите години кој се појави во филмот „Симфонија во црно“ и кој имаше изведба во клубот Котон во Харлем. Бидејќи во дваесеттите години не постоеше хип – хопот неговото играње беше наречено џез, но неговот лизгаво и згрчено движење ги наговести модерниот вејвинг и слајдинг.

Меѓународни натпревари

Постојат повеќе меѓународни натпревари за хип – хоп танцување. Повеќето од овие натпревари имаат регионални турнири ограничени на една земја или еден континент. Овие турнири не нудат само награди за екипите или солистите туку служат и како квалификациони рунди за крајниот меѓународен натпревар.
• Битка на Годината(БОТИ): започна во Германија во 1990 година. Тоа е натпревар исклучиво за брејкинг екипи. Постојат повеќе регионални натпревари БОТИ кои водат до финалниот меѓународен шампионат, кој најчесто се одржува во Брауншвајг, Германија. БОТИ беше карактеризирана во независниот филм „Планета Б-бој“ кој ја документираше приказната за пет екипи кои се спремаат за шампионатот во 2005-та година.
• Б-бој Самит: е четиридневна меѓународна конференција која беше создадена во 1994 година од страна на брејкинг девојката Асиа Оне во Сан Диего. Конференцијата вклучува натпревар во брејкинг, панели, работилници и пазар. Разликата меѓу Б-бој Самитот и другите натпревари во хип – хоп танцување е тоа што Б-бој самитот става голем акцент на историјата на хип – хоп културата, вредноста на брејкерите и разбирањето на корените од каде потекнува брејкингот. Заради ова, конференцијата ги спојува раперите, диџејите за да го покажат талентот и уметниците за графити кои цртаат слики во живо така што „ секој елемент од хип – хопот комбиниран заедно го прави прстенот целосен“. Исто така, постојат натпревари за локери и попери како дел од „Фанк Фестот“. Б-бој Самитот е единствениот меѓународен натпревар кој нема регионални турнири.
• Велика Британија Б-бој шампионати: започнаа во Лондон во 1996 година. Постојат четири титули на светскиот шампионат: шампион – брејкинг екипа, шампион – соло б-бој, шампион – соло попинг, шампиони – локинг два на два. Спротивно на тоа името што може да значи, овој натпревар не е исклучиво само за Британците. Неговото име го означува тоа дека меѓународното финале секогаш се одржува во Велика Британија. Светското финале, исто така, ги вклучува и „Фреш Авардс“ (Свежи награди за најдобро облечените) чиј домаќин и судија секоја година е Ричард Колон „Луди Нозе“ – претседателот на The Rock Steady Crew.
• Фристајл сесија: беше започната во 1997 година во Јужна Калифорнија од страна на Крис Врајт „ Крос 1“ кој е диџеј и цртач на графити. Тоа е најголемиот натпревар во брејкинг во САД. Главниот натпреварувачки настан е за б-бој екипи, но, исто така, постојат и локинг и попинг натпревари за солистите.
• Ноториус ИБЕ (Интернационален брејкденс настан): е холандски меѓународен натпревар во брејкинг основа во 1998 година. ИБЕ е нетрадиционален натпревар поради тоа што нема бини и нема судии. Наместо тоа, има темпирани натпреварувачки настани кои се одржуваат во голема арена – стилски прстен – кружен простор за танцување опкружен со набљудувачи, каде за победникот одлучува публиката. Постојат повеќе видови на настани како што се: битки на б-грл екипи, битката Севн Ту Смоук ( осум топ рангирани брејкери играат еден против друг за да се одлучи кој е крајниот победник), континенталната битка Сите протв Сите (All vs. All) (сите американски брејкери против европските против азиските против бразилските брејкери) и The Circle Prinz ИБЕ (Интернационален брејкденс настан). The Circle Prinz ИБЕ е нокаут турнир за брејкери кој се одржува во повеќекратни помали битки се додека не се круниса победникот – последниот брејкер. Во склопот на ИБЕ се одржува и Европскиот турнир за британските б-бој шампионати.
• Хип Хоп Интернационал: Светското првенство во Хип - Хоп танцување е хип-хоп денсконкуренција основана во 2000 година во САД каде и екипите и солистите се натпреваруваат. За хип-хоп екипите постојат три поделби: помлади (од 7-12) ,универзитет (12-18), и за возрасни. Секоја екипа мора да има 5-8 луѓе и мора да се изведе рутина во која се покажуваат три стилови на хип-хоп танцот. Соло танчерите се натпреваруваат во локинг и попинг. Екипите се натпреваруваат во брејкинг, исто така, но категоријата попинг е само за возрасни. За натпреварот во 2009 година имаше натпревар меѓу 120 екипи кои претставуваат 30 држави.
• Juste Debout е натпревар во уличен танц кој се одржува секоја година во Париз, Франција од 2002 година. Натпреварувачките категории вклучуваат попинг, нов стил (студио хип-хоп денс), локинг, хаус, и експериментал. Брејкингот не е вклучен, за да се стави поголем акцент на хип-хоп денс стиловите направени додека стоите, па оттука и името (за француски "Само исправениот"). Нема трофеи за група или тим во Juste Debout. Експерименталната категорија е само за соло танчери;. попинг, нов стил, локинг, а хаусот е за тандеми. Juste Debout, исто така, објави бесплатна претплата секои два месеци за хип-хоп денс списание со истото име.
• Обединета организација за танц : Светското првенство во уличен танц е натпревар во хип – хоп танцување кое се одржува во Велика Британија од 2002 година. Луѓето може да се натпреваруваат како солисти, како тандеми, како четворки и како тимови. Во склопот на УДО исто така се одржуваат и Европскиот и Американскиот Шампионат во уличен танц.
• Ред Бул БЦ Еден ги спојува на врвот 16 брејкери од целиот свет кои се избрани од меѓународна комисија на експерти. Таа е формирана во 2004 година од Ред Бул и е одржана во различна земја, секоја година. Учесниците ги вклучуваат Рони Абалдонадо од Супер Кру, Мено "Галебот" Ван Горп од Семоќните зулу кралеви, и Мауро "Цицо" (се изговара чи-ко) Перуци.
• R16 Кореја: е натпревар во Јужна Кореја базиран на брејкинг кој е започнат во 2007 година од страна на азиските Американци Чарли Шин и Џон Џеј Чон. Како BOTY и Ред Бул БЦ Еден се ставени заедно, R16 е натпревар за топ рангираните 16 екипи на брејкери во светот. Она што го издвојува од другите натпревари е тоа дека е спонзориран од страна на владата и е пренесуван во живо на телевизија на корејски во неколку земји во Европа.

Влијание

Новото и тренди хип – хоп танцување се популаризирани танц потези, отколку танц стилови кои често се изведуваат во партии. Многу од овие тренди танци беа создадени од страна на музички уметници, како што се MC Hammer, кој го создал танцот Хамер, и Digital Underground, кој го создал танцот Хампти. :Танцот Чекан и танцот Хампти биле национално познати танц потези кои станаа многу популарни, а потоа заборавени, како на песната тие беа поврзани со загуба на популарноста. Други примери вклучуваат The running man, the Harlem shake, the Soulja boy, the Shoulder Lean, и the snap dance. Tecktonik е стил на танцување комбиниран со мода, брејкинг (toprock), и попинг (ткаеж, ткаење), која започна во ноќните клубови Метрополис во Париз, Франција. :Како и хип-хоп танцот, тој е поврзан со урбаната младина и tecktonik танчерите се ангажираат во битките како на улица, така и во клубовите, но благодарение на својата музика и потеклото на клубот, овој стил е посоодветен под категоријата на хаус танц.
Настрана од забавната сцена, хип-хоп танцот се етаблира на интернет преку социјално вмрежување. Веб-сајтови, како што DanceJam и Западниот брег Poppin беа создадени специјално за танчери кои создаваат профили и комуницираат меѓу себе. Западниот брег Poppin е фокусиран кон попери и локери, додека во DanceJam се вклучени сите хип-хоп стилови на танцување. Танцот Jam беше основан од страна на Џефри Ароун, Ентони Јанг и MC Hammer во 2008 година. Нивните веб-страни содржеа онлајн битки во танцување и онлајн упатства за тоа како да се направат популарни хип-хоп потезите.

Танц екипи

А танц екипата е група на улични танчери кои се заедно и креираат танц рутини. Како што хип-хоп културата се шири низ Њујорк, толку повеќе брејкинг екипи се собираат заедно да ја практикуваат битката едни против други. Во текот на ова време може да се рече дека различните танц се движат во рамките на брејкингот. Истото може да се рече и за различните танци кои се движат во рамките на фанк стилови. Попингот и локингот - и децении подоцна со крампинг. Да се биде дел од екипажот беше единствениот начин да се дознае кога овие стилови започнале. Формирање на учесник во танц екипата е праксата, подобрувањето, создавањето пријатели, а градење на односите. На почетокот, екипите беа базирани на соседството и вклучување во борбите во нивните градови. Денес, екипите можат да организираат натпревари во битка со други екипи од целата земја и во целиот свет.
Екипите сеуште се формираат врз основа на пријателства и населби (пр: Diversity). Тие, исто така, се формираат од најразлични други причини, како што се темата (JabbaWockeeZ), полот (Beat Freaks), етничката припадност (Kaba Modern), и стилот на танцување (We are Heroes). Екипите не се ексклузивни. :Тоа е заедничко за танчерите да бидат вклучени во повеќе од една екипа, особено ако една одредена група има одреден стил (попингот на пример) и танчерот сака да остане добро заоблен. Понатаму, танц екипите не се веќе формирани само во рамките на хип-хоп контекстот. FootworKINGz е танц екипа што врши работа со нозете, офхаус стил на танцување.
Иако танц екипите се поприсутни во хип-хопот, компаниите за танцување не постојат и во САД и во странство. Примерите ги вклучуваат Culture Shock (САД), Lux Aeterna (САД), Boy Blue Party (Велика Британија), компанијата Bounce Streetdance (Шведска), 2Faced Dance (Велика Британија), компанијата Funkbrella Dance (САД), компанијата Blaze Streetdance (Холандија ), а Zoo Garden Nation (Велика Британија).

Танц индустрија

"Уличното танцување не беше замислено за броење. Не може да се брои: 1, 2, 3, 4, 5, 6 до хип хоп. Тоа треба да биде чувство со правење врева како: „оу“, „ау“, „ ав“, „џи", така броиме ние, баш така. "
Тимотеј "Попинг Пит" Соломон – Electric Booglaoos
Танц индустријата одговори на хип-хоп танцот, преку создавање на повеќе трговски верзии од него. Ова "студиско хип-хоп", понекогаш се нарекува нов стил и се гледа во повеќето рап и Р & Б музички спотови и концерти. Од гледна точка на некој длабоко ангажиран во хип-хоп културата, нешто што личи на хип-хоп танц, тоа што не доаѓа од улиците не е вистинска форма на хип-хоп танцување. Во интервју за списанието Dance, инструкторот по хип – хоп танцување Емилио "Budha Stretch" Остин Џуниор, објаснува како тој гледа на тоа:
"Постојат голем број на џез танчери кои таму прават псевдо хип-хоп. Многу инструктори не ја знаат историјата, тие држат само настава во чекори. Тие учеле од видео, но тие не знаат за културата. Сите ја гледаат Бритни Спирс, и мислат дека тоа е хип-хоп, но тоа никогаш не е хип хоп. Тоа е комплетно "исчистена верзија". И студиата се грижат помалку, зашто хип хопот е еден од нивните најголеми фабрики за пари."
Многу луѓе се согласуваат со ова чувство, како сценски настап може да го ограничи слободното течење на процесот на дефинирана импровизација која го карактеризира хип-хоп танцот во почетокот на својот развој. Исто така мешањето на различни стилови на танцување, ги раствора нивните структури и идентитети.
Од технички аспект, хип-хоп танцот (нов стил) се карактеризира со тешко удирање вклучувајќи флексибилност и изолација при движењето на одреден дел од телото независно од другите. Нозете се втемелени, градниот кош е долу, а телото се чува на штрек така што танчерите лесно можат да одберат меѓу наизменично удирање во текот на битот или возење низ битот. Ова е во спротивност на балет или сала за танцување каде што градите се исправени и телото се кочи. Покрај тоа, новиот стил на хип-хопот е многу ритмички и акцентот е ставен на музикалноста односно колку се чувствителни вашите движења на музиката и колку сте во можност за слободно импровизирање. Се додека танчерите ги одржуваат основните движења, тие може да додадат свој слободен стил и имаат претстава дека тоа сеуште е хип-хоп.
Друг стил на танц индустријата беше џез-фанк. Џез фанк (исто така наречени уличен џез) е хибрид на хип-хоп и џез-танц. Овој стил се користи од уметниците како Бијонсе. И покрај тоа што позајмува од хип-хоп танцот, тој не се смета за стил на хип-хоп, бидејќи основните движења се џезот. Во хип-хопот - дури и со лирски хип-хоп - не постојат пируети или арабески и не се игра на relevé (на топки на нозете). Сепак, овие методи се користат во фанкот и џезот во џез-танцот, воопшто. Танц студиото одговори на овие нови стилови со вработување на обучени технички танчери и понуда на класите на хип-хоп (нов стил) и џез-фанк танцување. Големите студиа низ целиот свет кои учат за класите на хип-хоп и џез-фанк танцувањето ги вклучуваат Милениум (Лос Анџелес), Бродвеј Танц Центар (Њу Јорк), Еџ Изведувачки уметности Центар (ЛА), Ананас Studios (Лондон), The Vibe - Меѓународната Хип Хоп Dance центар (Осло), Boogiezone (Лос Анџелес), Деби Рејнолдс (ЛА), Сонце Studios (Манчестер), Dream Dance Studio (Ванкувер), оние за да се видат (Јапонија и Хонг Конг), и KJD Студио за танц (Сиднеј).
Другите случувања во индустријата дојдоа како одговор на растечката популарност на хип-хоп танцот. На патувачката конвенцијата имаше тап, балет, џез и танц конвенции, но таму немаше ништо посебно за хип-хоп. Истата празнина, исто така преведена на облека за танцување. Имаше облека за танцување за допрете, балет и џез танчери, но немаше за хип-хоп танчерите. Monsters of Hip - Hop и Nappytabs облеката за танцување беа создадена со цел да се одговори и на двете потреби. Monsters of Hip - Hop е првиот бренд од сите на хип-хоп конвенцијата за танцување. Таа е основана во 2003 година во Балтимор од Енди Фанк, неговата жена Беки, и нејзината сестра Енџи Сервант. Конвенцијата сега патува во повеќе градови во САД и во Мексико. :Нејзиниот универзитетски список меѓу другите ги вклучува и Дејв Скот, Тереза Еспиноза, Попинг Пит, и Марти Куделка. Nappytabs е првата линија на облека за танцување направена специјално за хип-хоп танчерки. Нивната линија се продава само во продавници за облека за танцување, преку интернет на нивниот официјален веб-сајт, и во нивната мала локација и студио во Лос Анџелес. Бидејќи Nappytabs е направена за урбаната денс заедница не ги продава хулахопките, или греачите за нозе. Нивната линија се состои од шорцеви, маици, џемпери и дуксери.
Threader е онлајн дистрибутивен вентил за хип-хоп танц инспириран од уличната облека креирана од хип-хоп кореографи и балетски екипи. Таа е основана во 2009 година од страна на Трејси Коупленд, Марк Дејвид, и кореографот Луам Кефлеџи. Threader дистрибуира облека за популарни танчери, како што се Shoeture, Poreotics, Wildchild, Beat Freaks, Dance2XS и Лори Ен Гибсон.

Лирски хип-хоп

Лирскиот хип-хоп е течна и повеќе интерпретативна верзија на новиот стил на хип-хопот најчесто танцуван на бавно темпо на рап или R & B музика. Кореографот Кејт Принс го опишува како "хип-хоп со емоции". Таа се фокусира повеќе на кореографијата и изведбата, а помалку на слободниот стил и битките. Лирскиот хип-хоп прв стекна мејнстрим експонирање, како и нејзиното име, на 4 - та сезона на натпреварот во реални танци „ Значи, мислиш дека знаеш да танцуваш“. За вистинскиот мандат е заслужен Адам Шенкмен, кореограф и судија на програмата, кој коментираше во врска со рутинската кореографија на Табита и Наполеон D'umo на "Bleeding Love" од Леона Луис.
„Добрата работа во ова шоу е дека ние откривме нешто сосема ново кое е лирски хип-хоп и [Табита и Наполеон] го поминаа. Ова шоу покажа дека хип-хопот е само еден сосема легитимен убав жанр и дека преку него може да се раскажат толку убави и срцепарателни приказни. " - Адам Шенкмен
Според коментарот на Шенкмен и нивната следна работа на сезоните четири, пет и седум, Табита и Наполеон често се кредитирани со развојот на овој стил. Според списанието Dance Spirit, она што го издвојува лирскиот хип-хоп од стандардниот нов стил на хип-хопот е тоа што танчерите ги толкуваат победите поинаку.
"Она што го прави лирскиот хип хоп уникатен е тоа што вашите танцови движења треба да раскажат приказна за стиховите на една песна. Очекувајте изолации (особено на градниот кош), бавност, течни движења (како што плови и се бранува телото) и современо инспирираните вртења (но не пируети). Има попинг, но не и вид на тешко удирање. Танчерите имаат цел да изгледаат како да се одмотуваат, разградуваат и лебдат.“
Кога некои хип-хоп пуристи чувствуваат интерпретативен и помек стил значи дека тоа воопшто не е хип-хоп. Други пак, како хип-хоп кореографот Шејн Спаркс, чувствуваат дека тоа е хип-хоп, но не и доволно различен за да биде во свој жанр. Од сите под жанрови на хип-хоп танцот, лирскиот хип-хоп е најновиот. Иако Табита и Наполеон се познати по овој стил, другите кореографи создадоа лирски хип-хоп парчиња за „Значи, мислиш дека знаеш да танцуваш“ верзиите во Полска, Норвешка, Обединетото Кралство и Холандија.

Забава

Брејкингот почна да станува форма на забава кратко време по неговото раѓање во 70-тите години. Првите хип-хоп филмови „Див стил“ и „Beat Street“ беа направени во почетокот на 80-те. „Див Стил“ беше првиот филм насочен кон хип-хоп културата, но сепак, Flashdance беше првиот холивудски филм во функција на брејкинг. Филмовите Breakin и Breakin 2: Electric Boogaloo, исто така, издадени во 80-те години, го претставија фанк стилот на големиот екран. Новиот милениум создаде неколку хип-хоп денс филмови. The Freshest Kids, B-girl, A B-boy Planet го демонстрираа брејкинг. Филмови како Honey, You Got Served, How She Move, Step Up, Step Up 2: The Streets, Step Up 3D, и StreetDance 3D ги прикажуваат сите форми на хип-хоп танцот, особено студискиот нов стил на хип-хоп. Rize, The Heart of the Krump, и Shake City 101 се документарци за крампинг и за уличните танчери кои го развиле. Овие филмови - документарци се примери на филмови каде дејствието и темата се опкружени со хип-хоп танцот и како тоа влијае на животите на ликовите.
Хип-хоп танцот подоцна се преселил од кино салите на телевизија. Soul Train, кој имаше премиера во 1970-тите, беше првото танц шоу кое ги покажува фанк стиловите на постојана основа. Други шоуа за хип-хоп танц, што излегоа во 1990-тите и 2000-тите биле Dance Fever, Dance 360, MTV The Grind, проектот на Вејд Робсон, и Nickolodean's Dance on Sunset. Америка Best Dance Crew (ABDC) е реален хип-хоп денс конкурс на МТВ создаден во 2008 година од страна на Хауард и Карен Шварц, основачите на хип-хоп Меѓународната организација која работи на САД и Светската Хип Хоп Денс првенство. На емисијата, различни екипи од целата земја се натпреваруваат во танц предизвици и битки едни против други, секоја недела. ABDC придонесе за изложеноста на Jabbawockeez, Quest, Kaba Modern, Beat Freaks, We are Heroes, Funny Pak и Poreotics. Овие екипи сега имаат официјални веб-сајтови, имаат клуб настапи, настапи во различни локации / наградни игри и се појавуваат како гости на вестите.
Реалниот натпревар во танцување „Значи, мислиш дека знаеш да танцуваш (SYTYCD)“ охрабрува танчери од сите средини, вклучително и хип-хопот, да се натпреваруваат. Тој има слични цели како Американскиот идол, серија натпревари на пеење , со национални аудиции што водат кон откривање на следната голема ѕвезда."Спојувањето на овие стилови заедно во натпревар кој исто така има сала за танц, балет, џез помага за озаконување на хип-хоп танцот, како сериозна форма на изразување." Во 2008, Роберт Поперс "Г-фантастичен" Мурејн и Филип "Pacman " Чбеб ја правеа аудицијата за време на четвртата сезона. Не стигнаа до финалето во "топ 20", но судиите беа толку импресионирани од нивната игра што и двајцата беа поканети назад за да учествуваат во попинг борба едни против други во живо на финалето на серијата. Танцувањето на Kanye West „Stronger“ Мурејн ги импресионираше судиите со својата течност, мимика и акробат стил, додека Чбеб одговори со брзо трансформирање на движењето. Според Мурејн, ова беше првата попинг битка што е на националната телевизија. По битката Џошуа Ален, со хип-хоп танчарка, беше прогласен за победник на четвртата сезона на натпреварот. Истата година Мона-Жанет Бернстен , хип-хоп танчерка од Норвешка, беше прогласена за победник на првата сезона на „Значи, мислиш дека знаеш да танцуваш“- Скандинавија. Хип-хоп танцот, исто така беше популарен во светот меѓу гледачите на серијата Got Talent. Во 2006 година, францускиот хип-хоп танчер Сала ја освои првата сезона од Incroyable таленти. Францускиот брејкер Јуниор ја освои втората сезона во 2007 година. Во 2008 година, хип-хоп танчерот Џорџ Сампсон го освои Britain's Got Talent и хип-хоп танц екипата Quick победија на норвешка верзија на шоуто. По Џорџ Сампсон,екипата на улични танчери Diversity победи на следната сезона на Britain's Got Talent во 2009 година. Исто така во 2009 година, во Јужна Африка хип-хоп танчерот Дарен Раџбал освои СА's Got Talent и бразилската екипа Д-Efeitos освои Qual é o Seu Talento? (Кој е вашиот талент?). Во 2010 година, екипата Justice го освои Got Talent во Австралија.
Иако хип-хоп танц успеа да се етаблира на филмот и телевизијата, не се здоби со истиот интензитет и во театарот. Ова може да се должи на фактот што тие се повеќе се играа на филм и на телевизија, отколку што беа во театарски амбиент. Првите хип-хоп шоуа беа Бродвеј мјузиклот „Така!Што се случува сега?“ од 1991 година и „Метеж на ритамот“ од 1995 година изведена од страна на Rock Steady Crew, Magnificent Force и Rythm Tehnicians. Освен пионерите во Њујорк тука беше и Puremovement од Рени Харис, "хип-хоп театарска“ компанија основана во 1992 година во Филаделфија. Компанијата се уште е активна и има турнеи во целиот свет каде ги изложува своите оригинални дела како што се March of the Antmen, P-Funk, Endangered Species, Facing Mekka, и Rome & Jewels.
JabbaWockeeZ

Jabbawockeez

JabbaWockeeZ се машка модерен танц / хип хоп екипа од Сан Диего, Калифорнија, која ја освои првата сезона од ABDC. Откако победи, групата се здоби со поголема експозиција, од појавувања во различни музички спотови и реклами, турнеи меѓународно ниво, до настапи со Шекил О Нил во 2009 година на НБА Ол-стар натпреварот. Тие се познати по носење на обични бели маски и ракавици, со цел да се поттикне публиката да се фокусира на нивните движења, како група, наместо на индивидуалните танчери. Нивното име е изведено од песната на Луис Керол "Jabberwocky" за истоимениот митски змеј.

Пред ABDC

Фил "Swaggerboy" Тајаг, Кевин "КБ" Бруер, и Џо "Emajoenation" Ларот почнаа да настапуваат како трио наречено "Three Musky", облечени во бели маски и ракавици. Маската и ракавицата како мотив беа усвоени како почит кон 1960-тите години во Сан Франциско за екипатa Medea Sirkas.
Основана во 2003 година во Сан Диего, Калифорнија, идејата на Jabbawockeez е замислата на " Three Musky" кои сакаа да ја покажат слободен стил на танцување. Името "Jabbawockeez", кованица од Џо Ларот, кој беше инспириран од фантастичното чудовиште од песната "Jabberwocky" од Луис Керол. Белите маски и ракавици од Фил, Кевин, Џо и изведбите како " Three Musky" беа усвоени како визуелен потпис на групата. Оригиналниот седумчлена екипа Jabbawockeez почна да настапува како група во 2004 година. Оваа постава се состои од Гери, Ренди, Фил, Кевин, Џо, Рејнен и Крис.
Jabbawockeez го заокружија својот број со дополнителни членови, со што нивната вкупна бројка изнесува единаесет.
Членовите на Jabbawockeez, исто така, ги формирале своите сопствени хип-хоп денс групи во областа Калифорнија. Фил Тајаг ги основал Boogie Monstarz во 2003 година, Кевин Бревер ги основал Super Galactic Beat Manipulators во 2005 година, и Џо Ларот ги основал Press P.L.A.Y во 2006 година. Овие три групи станаа дел од една поголема колективна игра со JabbaWockeeZ наречена Family Royale.

ABDC

ABDC
На аудицијата за првата сезона на America’s Best Dance Crew JabbaWockeeZ влегоа како седумчлена екипа, затоа што постои ограничување на бројот на членови на екипата наметнато од шоуто. Првично, групата на ABDC требаше да се состои од Гери Кендал, Фил Тајаг, Кевин Бруер, Џо Ларот, Ринан Пагвио, Крис Гатдула и Фи Нгујен. Сепак, Гери починал истата година, и Џо се здобил со повреда на коленото за време на аудицијата. Групата Бен Чунг избра да го замени Џо во шоуто и го остави местото на Гери слободно, останаа со шест члена.
Во намерна одлука да ги креираат своите настапи во шоуто како целина, сите настапи на JabbaWockeeZ на Америка Best Dance Crew почнуваа во иста формација со која завршил нивниот последен настап од претходната недела. Изведбата The Evolution of Street Dance во седмата недела и групните настапи со другите екипи беа единствените исклучоци.

Специјална Аудиција во живо

Jabbawockeez имаа изведба на инструментален мастер микс на “Ние дојдовме да се забавуваме”( We Came to Party) од Тони Јајо, трака која многу често ја користеа во претходните изведби, вклучувајќи ја и избришаната сцена од филмот Step Up 2: The Streets. Добија позитивни реакции од тројцата судии. JC Chasez ги пофали за нивната интерпретација на музиката и за тоа како нивните маски дозволуваат солото да биде пред групата. Shane Sparks им даде комплименти за целосното ниво на вештини во групата.

Недела 1: Избор на екипата

Со изведбата на мастер миксот од Apologize од OneRepublic заедно со Timbaland и “Градење пареа со зрно сол”( "Building Steam with a Grain of Salt") од DJ Shadow, Jabbawockeez добија едногласни пофалби од судиите. Shane Sparks го опиша тоа како прекрасно и групата ја спореди со "Boyz II Men" на хип – хоп танцот за нивната способност да ја погодат секоја емоционална нота. JC ги пофали за ризикот со изборот за танц на бавна песна.

Недела 2: Предизвик Видео Стар

Jabbawockeez добија задача за повторување на кореографијата во музичкото видео "Ice Box" од Omarion. За нивната изведба добија стоечки овации од Shane Sparks и Lil Mama. Shane рече дека групата ги надминала нивниуте две претходни изведби и дека Omarion и кореографот Roland “Ro Ro” Tabor треба да ги вклучат Jabbawockeez во нивните наредни дваесет видеа. JC рече дека групата е потценета и изјави дека нивната оригинална кореографија е подобра од таа во видеото. Lil Mama им даде комплименти за тоа што се грациозни и интензивни во исто време.

Недела 3: Предизвик Луд Танц

Во третата недела, на екипите им беше дадена задача да вметнат познати хип – хоп потези во нивната изведба. На Jabbawockeez им беше доделен снеп танцот и “Lean wit It, Rock wit It” од Dem Franchize Boyz. Додека вежбаа, им беше кажано дека исто така треба да вклучат иллусија во која ја победуваат гравитацијата. За изведбата со нивните бели маски и со црн дизајн, добија гласни овации од публиката во студиото после изведувањето на илузијата за големото пловечко тело на Jabbawockeez на крајот на нивната изведба. Shane ги нарече “најретардираната екипа што ја видел некогаш”. JC, и покрај тоа, ги критикуваше за преодите на одење во текот на нивната изведба.

Недела 4: Предизвик Лик од филм

Со претставување на сцената која беше трансформирана во филмски сет на кој е насликан амбиент на урбана улица, на Jabbawockeez им беше даден предизвикот да се прикажат како крадци во нивната изведба. Изведувајќи на "Ayo Technology" од 50 Cent заедно со Justin Timberlake, тие ја раскажаа приказната за банда крадци кои крадат мистериозен предмет за женски клиент, за на крајот да бидат фатени од полицијата. Испадна дека предметот е розова маска од Jabbawockeez, која тие и ја дадоа на Lil Mama како дел од нивната изведба. Групата, исто така, избега и се скри од домаќинот Mario Lopez на крајот на песната. JC се прашуваше дали кореографијата им била многу едноставна, додека Shane расправаше за тоа дека одлуката за да ја стават кореографијата на второ место после раскажувањето на приказната била правилна.

Недела 5:Предизвик Мајкл Џексон

За да се прослави 25 годишнината од издавањето на албумот Трилер од Мајкл Џексон, секоја од екипите имаше изведба на различна песна од албумот. На Jabbawockeez им беше доделена "P.Y.T. (Pretty Young Thing)”. Изведбата се одликуваше со со соло танц од Kevin Brewer инспириран од Мајкл Џексон, во која тој го изведе претраниот потфат на препоните. Тројцата судии дадоа големи пофалби за изведбата. Lil Mama забележа дека додека мислела дека го гледа Mајкл Џексон на сцената, не заборавила дека ги гледа Jabbawockeez. JC призна дека иако ја критикувал групата претходните пати, овој пат нема што да се критикува. Тој и подели на групата комплименти за шоуто. Shane ја пофали групата за концентрацијата во изведбата на забавување на публиката.

Недела 6: Предизвик Бродвеј Ремикс

Со темата за Бродвеј во шестата недела, Jabbawockeez беа третирани со изведба во живо на “Сиот тој џез” од актерската екипа од Лос Анџелес од Чикаго. :Тие добија часови од танчерите од Чикаго во Чарлстон, танцот кој тие треба да го вметнат во нивната рутина. Нивнта изведба вклучуваше и неколку илузии со танцувачки кругови како потпора, најзабележително беше тоа што целата група се формираше во автомобил користејќи ги круговите како тркала. :Изведбата заврши со позите на сите шест члена како музичари во бенд.
Уште еднаш, реакцијата на судиите беше позитивна. JC рече дека успешно ги вметнале елементите од Бродвеј во нивната изведба, но, исто така, тој веруваше дека тие почнале многу бавно. Lil Mama забележа дека тие секоја нова кореографија ја започнуваат со формацијата со која завршиле претходфната недела, на радост на групата. Shane ја истакна позата на екипата на крајот, која можеби и избегала на публиката, и изјави дека таков Бродвеј е “иднината на хип – хопот”.

Недела 7: Еволуцијата на Уличниот танц

Со останати три екипи, Jabbawockeez се најдоа меѓу последните две екипи за прв пат во шоуто и се соочија со елиминација. Нивнта следна изведба би била битка со Kaba Modern за место во финалето. На групите им беше дадена задачата да ја раскажат историјата на хип – хопот на мастер миксови на истите шест песни. Изведбата на Jabbawockeez со тешки удари заврши со одењето на членовите на екипата во публиката за да ја крене на нозе. Kid Rainen останаа на сцена и направија проширен хедспин кој продолжи долго после завршувањето на музиката и појавувањето на домаќинот Mario Lopez. Публиката ја поздрави групата со стоечки овации. JC изјави дека тие дозволие се да излезе на виделина и дека групата ги зела во предвид мислењата на судиите и создале изведба која содржела се. Lil Mama го истакна триминутниот хедспин на Kid Rainen. Најголемите пофалби од сите дојдоа од Shane кој изјави дека Jabbawockeez ги поставиле стандардите за наредните десет сезони на America's Best Dance Crew и ако идните екипи во шоуто не го донесат истото ниво како Jabbawockeez, подобро би било да останат дома. И покрај енергичниот настап на Kaba Modern, судиите ги спасија Jabbawockeez давајчи им го местото во финалето. За нивниот финален настап, групата работеше со продуцентите на Дистрикт 78 за создавање на оригинална музика за нивната изведба. :Резултатот на соработката беше “The Red Pill”, ремикс на песната "The Time Is Now (Bambino Casino Remix)" од Молоко и "Red Dragon" од Swollen Members, двете песни кои претходно Jabbawockeez ги искористиле во изведбите во живо. The Red Pill беше посветена на сеќавањето за Gary "Gee-1" Kendall, доцниот член на групата и фигурата на ментор. На крајот на настапот сите од групата клекнаа на едно колено и покажаа кон небото во прилог на нивниот пријател.

Недела 8: Финалето во живо

Jabbawockeez се здручија со Kaba Modern и Fysh N Chicks, другите две групи од Западниот регион, за изведба со хипи стандард "Tell Me When to Go" од E-40 заедно со Keak da Sneak. Тие, исто така, имаа изведба со другиот финалист, Status Quo во степ рутина создадена од кореографите на Stomp the Yard Дејв Скот и Чак Малдонадо. На крај, Jabbawockeez беа крунисани како победници на уводната сезона на America's Best Dance Crew. За нивната победничка изведба групата настапуваше без маски за прв пат на Stronger од Kanye West. Изведбата се одликуваше со поединечно соло на секој од шесте членови на Jabbawockeez и заврши со држење за рацете во финалното поклонување.

Специјални настапи

По победата на првата сезона на America's Best Dance Crew, Jabbawockeez, исто така имаа специјални настапи на подоцнежните сезони од шоуто.
Специјална Аудиција во живо (Сезона 2): Jabbawockeez имаа изведба на ремикс на "The Boss" од Рик Рос заедно со Ти-Пејн на крајот на епизодата.
Специјална битка за VMA (Сезона 2): на почетокот на епизодата, Jabbawockeez и шампионите на Сезона 2 Super Cr3w имаа изведба на ремикс на "We Are the Champions" од Квин со кореографија од Shane Sparks.
ABDC Топ 10 изведби на сите времиња (Сезона 4): На 2ри Август 2009-та година, за да се промовира четвртата сезона, America's Best Dance Crew прикажа специјална емисија хостирана од Ренди Џексон наречена “Топ 10 изведби на сите времиња” каде што Џексон ги одбрал неговите топ десет омилени изведби од првите три сезони. Изведбата на Jabbawockeez на P.Y.T. (Pretty Young Thing) тој ја стави на прво место.
ABDC Шампиони за добротворни цели (Сезона 5): на специјална епизода заедно со победниците на последните пет сезони на America's Best Dance Crew, Jabbawockeez имаа изведба со поддршка од Josh Sundquist's LessThanFour.org , социјална мрежа за лица со ампутирани делови од телото. На почетокот на епизодата, на групата и се придружија Super Cr3w, Quest Crew, We Are Heroes и Poreotix и имаа изведба на "All I Do Is Win" од DJ Khaled. :Индивидуалната изведба на групата беше на ремикс на "The Final Countdown" од Europe и "Robot Remains" од The Bangerz.

Кариерата по ABDC

Jabbawockeez, по победата на првата сезона на America's Best Dance Crew во 2008-ма година добија неверојатна количина на експонираност и успех. Со победата екипата заработи 100 000 долари. Финалната изведба на шоуто од Jabbawockeez беше на "Stronger" од Kanye West која го обележа нивниот прв настап без маски.
По ABDC тие се појавија на реклами за Пепси и Gatorade, изведувајќи на Dancing with the Stars, So You Think You Can Dance, The Ellen DeGeneres Show и во Live with Regis and Kelly, се појавија во Step Up 2 The Streets, имаа тура со New Kids on the Block и ја лансираа нивната линија на облека. Заедно со сезоната 2 на ABDC, Super Cr3w, Jabbawockeez беа на отворањето на Специјалната битка на VMA. Групата исто така се појави во Cycle 13 на Следниот Топ Модел на Америка за време на епизодата ”Танцувај со мене” за да им помогнат на девојките да научат како да ги прикажат емоциите со нивните тела.
На изведбата во колеџот St. Peter во Њу Џерси, на 12ти јули 2008-ма година, Dominic "D-Trix" Sandoval од Quest Crew настапуваше со Jabbawockeez како замена на повредениот Kid Rainen. D-Trix претходно работеше со член на Jabbawockeez. Тој изведуваше воздушни егзибиции за време на сегментот "Get Buck in Here" од изведбата наместо вообичаениот хедспин на Rainen.
На 15-ти Февруари 2009-та година, тие се здружија и танцуваа заедно со ѕвездата на NBA All Stars Шекил О’Нил во неговото претставување на NBA All-Star Game.
На 16-ти октомври 2009-та година, тие имаа изведба пред толпа од 35 000 луѓе во Универзитетот на Флорида Gator Growl.

Целосна турнеја со New Kids on the Block

Со изведбата на отварањето на Целосната турнеја со New Kids on the Block, тие изградија близок однос со бендот. Во одредени сегменти за време на концертите, членот на NKOTB и раскажа на публиката приказна за “голите нинџи” кои го следат бендот наоколу по што членовите на Jabbawockeez се растрчуваат низ сцената носејќи ги само нивните маски и гаќи, меѓу кои еден член носеше црвен градник.
Првично, сите десет члена на Jabbawockeez беа дел од турнејата, со осум членови кои настапуваа секоја вечер. И покрај тоа, поради скратување на буџетот на турнејата, групата беше приморана да ги прати дома Ренди, Сасо и Еди и да ја продолжи турнејата со само седум членови. Пред настапот во Австралија, Целосната турнеја беше откажана и Jabbawockeez го објавија планот за самостојна турнеја во Австралија, што се случи подоцна во Август 2009-та година.

Турнеја во Австралија

Jabbawockeez беа на турнеја во Австралија од 28-ми Август до 30-ти Август 2009-та година. Тродневната турнеја беше наменета за фановите во Австралија кои не беа во можност да ја видат екипата поради откажувањето на Целосната Турнеја од New Kids on the Block. Групата имаше настапи во Сиднеј, Мелбурн и Бризбан и се појави неколкупати на МТВ Иги.

Шоу во Лас Вегас

Во мај 2010-та година, Jabbawockeez за прв пат се појавија во живо на нивна специјална сцена во театарот МГМ Гранд Холивуд во Лас Вегас, со наслов "MÜS.I.C". Шоуто се прикажуваше од 7 мај до 26 мај во комбинација со шампионите од America's Best Dance Crew (сезона 2) Super Cr3w , како и оригинална музика од The Bangerz.
Во прес конференциите, групата го опиша настапот како “аудио –визуелна приказна за инспирација оживеана преку хармонизацијата на звукот и движењето”. :На 28-ми јули 2010 година тие објавија дека ќе се вратат на лентата за уште настапи од 19-ти до 25-ти август. Во септември 2010 година, на барање на фановите, Jabbawockeez потпишаа за да настапуваат во Монте Карло пет вешери неделно, на местото од магионичарот Ленс Бартон.

Поврзаноста со Super Cr3w

Неколку членови од Jabbawockeez и победниците на 2-та сезона Super Cr3w се во блиски лични односи. Крис Гатула од Jabbawockeez и рони “Ронибој” Абалдонадо се членови на б-бој групата Фул Форс, една од трите екипи од Лас Вегас што ја оформуваат Super Cr3w. Во 2010 година, Кид Рејнен исто така, станува дел од Фул Форс како почесен член. Во мај 2010 година, членовите на Super Cr3w Рони, До-Нок, Бен и Рок настапуваа како танчери во специјалната сцена на Jabbawockeez MÜS.I.C. во Лас Вегас.

Хип хоп театар

хип-хоп театар
Хип хоп театар е форма на театар како комбинација од хип хоп танцот, дијалогот и урбаната музика кои претставуваат привремени приказни раскажани на јазикот на хип хопот. Други културни маркери на хип хопот како што се кажаниот збор, графитите, битбоксингот и ДЈ-ството можат, исто така, да бидат вклучени иако не се секогаш присутни. Тоа што му е важно на светот е јазикот на театарското парче и релевантноста на содржината. Дани Хоч, основачот на хип хоп тетарскиот фестивал, понатаму го дефинира како:”Хип хоп тетарот мора да одговара на царството на театарската изведба и мора да биде од и за хип хоп генерацијата, учесниците во хип хоп културата, или и двете”.
Продукциите на хип хоп театарот се појавуваат во широка разноликост на платформи од соло изведби, до неделни фестивали, до патувачки компании. Марк Бамути Џозеф е уметник и победник за кажан збор и танчер кој бееше поставен неколку пати да создава и режира соло хип хоп театарски дела. Британскиот кореограф Џонзи Ди е уметнички режисер на Breakin' Convention во Лондон, неделен театарски хип хоп фестивал. Рени Харис, Мурад Мерцок и Викторија Кијада се уметнички режисери кои водат компании на хип хоп татри во САД, Франција и Канада. Rock Steady Crew, Magnificent Force и Rhythm Technicians беа пионери на овој театарски вид кој започнал во САД.

Историја

Иако хип хоп културата успеа да се етаблира во филм, на телевизија, во модата, во музиката и во танцувачката индустрија, не го доби истиот интензитет во театарот. Продукциите за сцена се малку, но во пораст. Првите хип хоп шоуа на сцена беа Бродвеј Мјузиклот "So! What Happens Now?" во 1990-тите години и "Jam on the Groove" од 1995-та година кои беа ко-авторирани, ко-режирани и ко-кореографирани од страна на Џорџе “Попмастер Фабел” Пабон и изведено од страна на Rock Steady Crew, Magnificent Force и Rhythm Technicians. Настрана од пионерите во Њујорк беше хип хоп театарската компанија Puremovement од Лоренцо “Рени” Харис која започна со работа во 1992 година во Филаделфија.
Компанијата работеше низ целиот свет со прикажување на нејзините оригинални дела како што се: "March of the Antmen", "P-Funk", "Endangered Species", "Facing Mekka" и "Rome & Jewels". РХПМ, исто така, организира годишен Фестивал на Легендите од Филаделфија кој што ги обединува пионерите, луѓето кои беа б-бојинг, локинг и попинг во седумдесеттите кога овие стилови се развиваа и новите практиканти на хип хоп танцот да предаваат мастер часови, да демонстрираат лекции и да учествуваат во панелни дискусии.

Компании за театри со репертоар

Други хип хоп компнии за театри кои беа формирани како британски се базираа на Impact Dance и како Американски кои се базираа на сите женски компании од театарот Decadance. Нивните одлики се микс од стандарден б-бојинг, локинг и попинг со капуера, мимика и гимнастика. Тие го користат истиот тек на музиката преку миксање на рап музика со класична музика и андалузиска гитара. Додека беа на турнеја во САД тие настапуваа во Jacob's Pillow во Масачусетс (2001 година) и во Joyce Theater во Њујорк(2002 година).
Грувалу е хип хоп театарска компнија со седиште надвор од Лос Анџелес која беше формирана од Бредли “Шуц” Рејпиер. Започна во 1999 година како танчерска екипа, The Groovaloos и напреднаа со сценски шоуа кои се серии од приказни базирани на вистински настани од животот на танчерите. Членови на компанијата се и Edmundo "Poe One" Loayza, Kid Rainen од JabbaWockeeZ и неколку членови од Beat Freaks.
RubberBanDance Group (RBDG) беше основана во 2002 година во Монтреал од Виктор Кијада кој бил роден во Лос Анџелес. Кијада, најпрво, започна да танцува како б-бој во Baldwin Park, CA. Тој студирал модерен танц во средно училиште и по матурата тој продолжи за да стане професионален танчер под палката на Twyla Tharp и Les Grands Ballets Canadiens de Montréal. Тој ја оформи танчерската компанија RBDG откако го напуштил балетот во Монтреал. :Њујорк Тајмс неговиот стил го нарече пост хип хоп заради тоа што е комбинација од хип хоп и балет.

Независни настапи

Марк Бамути Џозеф e поет кој добивал награди и често режира хип хоп театaрски претстави. Некои од неговите дела ги вклучуваат "Word Becomes Flesh", "De/Cipher" и "No Man's Land". Тој соработуваше со Рени Харис во 2007 година за да ја создаде "Scourge", претстава за социо-економските проблеми на Хаити. Џозеф ја режираше претставата додека Харис служеше како кореограф. Во 2008 година тој ја создаде "the break/s", претстава која е базирана на книгата Can't Stop Won't Stop од Jeff Chang.
Други соло уметници во хип хоп театар е Сара Џонс која го водеше првиот Фестивал на хип хоп театар и писател на драми и добитник на награда Вил “Пауер” Вили кој соработуваше со Дани Хок на неговата монолошка претстава "Flow". Постојат и други самостојни продукции за сцена како што се: "Breaking the Cypher" и "Monsters of Hip Hop: The Show", продукција со Бродвејски стил создадена за најталентираните учесници на танчерската конвенција Monsters of Hip Hop секоја година.

Фестивали

 Rencontres de la Villette е двонеделен хип хоп театарски фестивал кој започнал во Франција во 1996 година. За разлика од другите театри споменатиот театар е започнат со помош на владините субвенции од Министерството за култура за да се промовира уметноста.
 Hip-Hop Theater Festival беше основан во 2000 година во Њујорк од страна на писателот на драми и актер Дано Хоч. Неделниот фестивал започнува во главниот град и продолжува кон Њујорк, Сан Франциско и Чикаго.
 Breakin' Convention започна во 2004 година од писателот и танчер Јонзи Ди и се одржува годишно во театарот Sadler's Wells во Лондон. По фестивалот во Лондон конвенцијата продолжува кон Велика Британија.

Ритам и Блуз

Ритам и Блуз, често скратено како РиБ е вид на популарна Афро-американска музика која потекнува од 1940-тите години. Терминот е првично употребуван од страна на издавачките компании за да ги опишат снимките рекламирани претежно кај урбаните Афро-Американци, во време во кое “урбаниот, јак џез базиран на музика со тежок, непрекинат ритам” стануваше се повеќе популарен. Терминот последователно имаше промени во значењето. Во раните педесетти и понатму, терминот ритам и блуз беше често лепен за блуз записите. Започнувајќи во 1950-тите години, откако овој стил на музика придонесе за развојот на рокот, терминот РиБ почна да се употребува за музичките стилови кои се развија и го вклучуваа електричниот блуз, исто како и госпелот и соул музиката. До 1970-тите ритам и блуз беше употребуван како генерален термин за соул и фанк. Во 1980-тите години , се разви понов стил од РиБ, попознат какопривремен РиБ..

Етимологија

Џери Векслер од списанието Билборд го спои терминот ритам и блуз во 1948 година како музички рекламен термин во САД. Го замени терминот расистичка музика, кој првично потекнуваше од рамките на црната заедница, но беше протолкуван акако навредлив во периодот после војната. Писателот и продуцент Роберт Палмер го дефинираше ритам и блуз како “глобален термин кој се однесува и е направен за црните Американци”. Тој го употребуваше ритам и блуз како синоним на Џамп блуз. И покрај тоа, секоја музика го одделува од џамп блузот поради неговиот силен, госпелски бекбит. Лоренс Кон, авторот на Nothing but the Blues, пишува дека ритам и блуз бил заштитен термин произведен за индустриска прикладност. Според него, терминот ги сплотил сите црнечки музики освен класичната и религиозната музика, освен ако госпел песна не се продаде доволно за да влета во листите.
Бендовите ритам и блуз вообичаено се состоеја од клавир, една или две гитари, бас, тапани и саксофон. Аранжманите беа вежбани до точката кога нема потреба повеќе од труд и понекогаш соработуваа со придружни вокали. Едноставна мрежа на делови кои се повторуваат, создавајќи моментална и ритмичка игра која произведува весела, мелодична и често хипнотична текстура при што не повикува на внимание на поединечни звуци. Додека пејачите се емотивно поврзани со стиховите, често многу интензивно тие остануваат свечи, релаксирани и под контрола. Стиховите се чинат фатални а музиката се чини некако неизбежна.

Историја

Предвесници

Миграцијата на Афро-Американците во урбаните индустриски центри во Чикаго, Детроит, Њујорк, Лос Анџелес и на други места во 1930-тите години создаде пазар за џез, блуз и поврзани видови на музика, често изведени од страна на музичари со полно работно време, работејќи сами или во мали групи. :Претходниците на ритам и блуз доаѓаат од џез и блуз, кои се преклопуваат во 1930-тите години преку работата на музичарите како The Harlem Hamfats, со нивниот хит од 1963 година "Oh Red", исто како и Leroy Carr, Cab Calloway, Count Basie и T-Bone Walker. Исто така, се зголемуваше акцентот врз електричните гитари како водечки инструменти, исто како и клавирот и саксофонот.

Крајот на 1940-тите години

Во 1948 година, РЦА Виктор ја рекламираше црната музика под името “Ритам и Блуз”. Во истата година, Луис Џордан доминираше на топ петте листи на РиБ музика со три песни, а две од топ петте песни се базираа на буги – вуги ритми кои беа истакнати за време на 1940-тите години. Бендот на Џордан, Тимпани Фајв (формиран во 1938 година), се состоеше од него на саксофон и вокал, заедно со музичари на труба, тенор саксофон, клавир, бас и тапани. :Лоренс Кон ја опиша музиката како “посмела од неговиот џезовски блуз во ерата буги”. Роберт Палмер ја опиша како”урбана, трескава, музика базирана на џез со тежок, непрекинат ритам”. Кул музиката од Џордан, заедно со таа од Big Joe Turner, Roy Brown, Billy Wright, и Wynonie Harris, е исто така е наречена џамп блуз.
Исто така, во 1948 година, преработката на "Good Rockin' Tonight од Roy Brown" од страна на Wynonie Harris се најде на второто место на топ листите веднаш после лидерот на бендот Сони Томсон со "Long Gone".
Во 1949 година, терминот РиБ ја замени Билборд категоријата Harlem Hit Parade.Исто така, во таа година "The Huckle-Buck" снимена од страна на лидерот на бендот и саксофонист Пол Вилијамс беше РиБ звук број еден, останувајќи на врвот на топ листите скоро цела година.
Напишана од музичарот и аранжер Енди Гибсон, песната беше опишана како “валкано буги” затоа што беше ризична и немарна. Пол Вилијамс и неговите концерти се бунтовнички, задушливи работи кои беа затворени на повеќе наврати. Нивните стихови, од Рој Алфред(кој подоцна го напиша хитот од 1955 година "(The) Rock and Roll Waltz"), беа благо сексуално сугестивни и еден тинејџер од Филаделфија рече дека: “Тој Hucklebuck беше многу валкан танц”. Исто така, во 1949 година, нова верзија на блуз песната од 1920-тите години, "Ain't Nobody's Business" беше на четвртото место за Џими Витерспун и Луис Џордан и Тимпани Фајв уште еднаш влегоа во топ пет со "Saturday Night Fish Fry". Многу од овие хитови беа издадени од нови независни музички куќи, како што се Савој (основана 1942 година), Кинг (основана 1943 година), Империјал (основана 1945 година), Спешлти (основана 1946 година), Чес (основана 1947 година) и Атлантик (основана 1948 година).

Рани до средина на 1950-тите години

Реј Чарлс во 1990 година
Џони Отис, кој потпишал со Newark, Њу Џерси од Савој Рекордс, произведоа многу РиБ хитови во 1951 година, вклучувајќи ги "Double Crossing Blues", "Mistrustin' Blues" и "Cupid's Boogie", од кои сите беа број еден таа година. Отис доби топ десет хитови таа година. Други хитови се: "Gee Baby", "Mambo Boogie" и "All Nite Long". The Clovers , вокално трио кои пееја различна звучна комбинација на блуз и госпел, го имаа петтиот хит на годината со “Don't You Know I Love You” од Атлантик Рекордс. Исто така, во јули во 1951 година, во Кливленд , Охајо диџејот Алан Фрид започна доцно радио шоу наречено "The Moondog Rock Roll House Party" на ВЈВ-АМ (850). Шоуто на Фрид беше спонзорирано од Фред Минц, чија музичка продавница имаше најмногу Афро-Американска клиентела. Фрид започна да ја нарекува музиката што ја пушта наместо ритам и блуз, рокенрол.
Во 1951 година, Литл Ричард Пениман започна да снима за РЦА Рекордс во стилот на џамп блуз на ѕвездите од доцните четириесетти Рој Браун и Били Рајт. :И покрај тоа, не го привлече вниманието на Спешлти Рекордс, се додека не сними демо во 1954 година, за светот да го слушне неговиот нов, забрзан, фанки ритам и блуз кој ќе го катапултира до слава во 1955 година и до дефинирање на звукот на рокенролот. Следеше брз успех на хитовите од ритам и блуз, започнувајќи со “Tutti Frutti” и "Long Tall Sally", кој влијае на изведувачите како Џејмс Браун, Елвис Присли и Отис Рединг.
Рут Браун за музичката куќа Атлантик, поставуваше хитови во топ пет секоја година од 1951 година до 1954 година: "Teardrops from My Eyes", "Five, Ten, Fifteen Hours", "(Mama) He Treats Your Daughter Mean" and "What a Dream". "Shake a Hand" од Феј Адамс стигна до второто место во 1952 година. Во 1953 година, РиБ јавно купување на плочи направија оригиналната снимка од Willie Mae Thornton, "Hound Dog" од Leiber and Stoller хит број три таа година.
Рут Браун беше многу позната меѓу женските РиБ ѕвезди. Популарноста на Рут Браун најверојатно произлегува од “нејзиното длабоко вкоренето вокално донесување на Афро-Американската традиција”. Истата година, The Orioles го имаа хитот број 4 таа година со "Crying in the Chapel".
Фатс Домино стигна во топ 30 на поп листите во 1952 година и 1953 година, потоа во топ 10 со "Ain't That a Shame". Реј Чарлс се здоби со национална важност во 1955 година со "I Got a Woman". За музиката на Чарлс, Big Bill Broonzy рече:”Тој го меша блузот со црнечката религиозна музика...Знам дека тоа е погрешно”.
Во 1954 година, "Sh-Boom" од The Chordsстана првиот хит кој преминал преку РиБ листите и стигнал до топ десет во почетокот на годината. Подоцна во годината и во 1955 година, "Hearts of Stone" од The Charms стигна до топ 20.
Во Чес Рекордс во пролетта во 1955 година, дебитната плоча од Бо Дидли "Bo Diddley"/"I'm A Man", се искачи до второто место на РиБ листите и го испопуларизиранеговиот оригинален ритам и блуз ритам кој ќе стане основата во рокенрол.
По препорака на Леонард Чес во Чес Рекордс, Чак Бери го преработи кантри разиграниот звук со долга историја, насловен како "Ida Red". Резултатот "Maybellene", не беше само хит број три на РиБ листите во 1955 година, туку и стигна во топ 30 на поп листите. Алан Фрид, кој се пресели на поголем пазар во Њујорк, помогна плочата да стане популарна кај белите тинејџери. На Фрид му беа дадени дел од заслугите на авторите во Чес за возврат на неговите промовирачки активности, вообичаена практика во тоа време.

Крајот на 1950-тите години

Во 1956 година, започна РиБ турнејата "Top Stars of '56", предводена од Ал Хиблер, Френки Лимон, Тинејџерите, Карл Перкинс, чија "Blue Suede Shoes" беше многу популарна кај купувачите на РиБ музика. Некои од изведувачите кои ја комплетираа сликата беа Чак Бери, Кети Кар, Ширли и Ли, Дела Риз, Клефтонс и Спаниелс заедно со Илиноис Џакет Биг Рокин Ритм Бенд. Меѓу градовите кои беа посетени во турнејата беа и Колумбија, СЦ, Анаполис, МД, Питсбург, ПА, Сиракјуз, Рочестер и Бафало, Њујорк, во Канада и низ цела средно-западна Америка завршувајчи во Тексас.
Во Колумбија концертот заврши скоро со немири како што Перкинс ја започна неговата прва песна како дело за затворање. Перкинс зборуваше:”Беше опасно. :Многу деца беа повредени. Имаше многу немири, просто лудо, човеку!Музиката ги полуде.” Во Анаполис 70 000 до 50 000 луѓе се обидоа да присуствуваат на веќе распродаден настап со 8 000 седишта. Патиштата беа блокирани седум часа.
Филмаџии ја искористија популарноста на РиБ музичарите како рокенрол музичарите на почетокот на 1956 година. Литл Ричард, Чак Бери, Фетс Домино, Биг Џо Тарнер, Трениерс, Платерс, Фламингос, сите успеаа да стигнат до големото платно.
Две песни на Елви Присли стигнаа до топ пет на РиБ листите во 1957 година: "Jailhouse Rock"/"Treat Me Nice" на првото место и "All Shook Up" на петтото место, невиден прием на не-АфрочАмерикански артист во музичка категорија позната по тоа што е крирана од црни луѓе. Nat King Cole, поранешен џез пијанист кој имаше хитови на прво и второ место на поп листите во почетокот на 1950-тите години("Mona Lisa" на второто место во 1950 година и "Too Young" на првото место во 1951 година), имаше песна во топ пет на РиБ листите во 1958 година, "Looking Back"/"Do I Like It".
Во 1959 година, две музички куќи од црни луѓе, од кои едната стана многу успешна, го направија нивното првенче: Сар од Сем Кук и Motown Records од Бери Горди. Брук Бентон неше на врвот на РиБ листите во 1959 и 1960 година со хитови на прво и второ место. Бентон имаше одредена топлина во гласот која привлекуваше широк спектар на слушатели, а заради неговите балади тој беше споредуван со изведувачи како Кол, Синатра и Тони Бенет.
Лојд Прајс, кој во 1952 година имаше хит број еден со "Lawdy Miss Clawdy" ја поврати доминацијата со верзијата на "Stagger Lee" на првото место и со "Personality" на петтото место во 1959 година.
Белиот лидер на бендот Bill Black Combo, Бил Блек, кој помогна во започнувањето на кариерата на Елвис Присли, беше популарен кај црните слушатели. 90% од продашбата на неговите плочи беше направена од црни луѓе, и неговиот "Smokey, Part 2" (1959 година) се искачи на првата позиција на листите на црнечката музика. Еднаш му кажаа:” многу од станиците мислат дека сте црн бенд бидејќи звукот е фанки и црн”. Хај Рекордс не ставаа слики од Комбо на претходните плочи.

1960-тите години и подоцна

Хитот број пет "Chain Gang" од Сем Кук е индикатор за РиБ во 1960 година, како што е хитот број пет "The Twist" од Чаби Чекер. Во почетокот на 1960-тите години, категоријата на музичка индустрија претходно позната како ритам и блуз беше наречена соул музика и слична музика од бели артисти беше наречена блу ајд соул.
Motown Records го имаше првиот сингл со милионска продажба во 1960 година со "Shop Around" од The Miracles и во 1961 година Stax Records го имаше првиот хит со “Gee Whiz! (Look at His Eyes)” од Карла Томас.Следниот голем хит од Стакс, инструменталката "Last Night" од Мар Кис (1961 година) го претстави необработениот Мемфис Соул звук по што Стакс стана позната музичка куќа.

Британски ритам и блуз

Британскиот ритам и блуз се развил во почетокот на 1960-тите години, повеќе како одговор на плочите на Американските артисти, често донесени од страна на Афро-Американски војници стационирани во Британија за време на Студената војна, или трговци морнари кои ги посетувале пристаништата како Лондон, Ливерпул, Њукасл на реката Таин и Белфаст. Многу бендови, особено на Лондонската клубска сцена во развој, се обидоа да го имитираат црниот ритам и изведувачите на блуз, со што се доби понеобработен или потврд звук за разлика од попопуларните бит групи. Почетно развивајќи се од трад џез, скифл и фолк клуб сцени, првите артисти тежнееле да се фокусираат на попознати блуз изведувачи и стандардна форма , особено Алексис Корнер , кој играше улога на ментор на членовите на The Rolling Stones, The Yardbirds, Manfred Mann, Graham Bond Organisation и The Kinks. Иако овој пуристички интерес за блузот би имал влијание на поистакнатите Британски рок музичари, вклучувајќи ги и Ерик Клептон, Џеф Бек, Питер Грин и Џими Пејџ, другите артисти го усвоиле интересот за широк спектар на РиБ стилови.
Најуспешни беа Ролинг Стоунс, чиј прв албум во 1964 година во голема мера се состоеше од РиБ стандарди. Тие многу брзо се етаблираа како втор најпопуларен Британски бенд(после Битлси) и го предводеа вториот бран на “Британската инвазија” Американските поп листи. Како додаток на блуз песните од Чикаго, Ролинг Стоунс исто така преработија песни од Чак Бери и Боби и Ширли Вомак, со подоцнежната "It's All Over Now" , давајќи им го нивниот прв Британски хит број еден во 1964 година. Блуз песните и влијанијата продолжија да ја дотеруваат музиката на Ролинг Стоунс во подоцнежните години. :Други бендови од Лондон беа: Yardbirds, Kinks, Manfred Mann и Pretty Things, покрај повеќе акти со џез влијание како Graham Bond Organisation, Georgie Fame и Zoot Money. Бендови кои произлегуваат од другите поголеми градови во Британија беа: The Animals од Њукасл на реката Таин, The Moody Blues и Spencer Davis Group од Бирмингем и Them од Белфаст. Ниту еден од овие бендови не свиреше чист ритам и блуз, но таа музика остана во јадрото на нивните први албуми.
Британската Mod субкултура беше музички стационирана на РиБ и подоцнежна соул музика, изведувана од артисти кои не беа достапни за малите клубови во Лондон каде сцената беше основана. Како резултат на тоа се појавија неколку бендови да ја пополнат празнината вклучувајќи ги: Small Faces, The Creation и најуспешните The Who. Првиот промотивен материјал на The Who спомнуваше дека произведуваат ”максимум ритам и блуз”, но до 1966 година од обидот за да го имитираат Американскиот ритам и блуз тие се префрлија на продуцирање песни кои го рефлектираа стилот на живеење Mod. Многу од овие бендови постигнаа национален успех во Британија, но им беше тешко да навлезат во Американскиот пазар.
Британски РиБ бендови произведуваа музика која беше различна во тонот од таа на Афро-Американските артисти, често со акцент на гитарата и понекогаш со поголема енергија. Тие беа критикувани за експлоатација на масовниот каталог од Афро-Американска музика, но беа забележани по популаризирањето на музиката, донесувајќи ја кај Британците, светот и во неколку случаи кај Американската публика и по помагањето да се изгради репутацијата на постоечките и поранешните изведувачи на РиБ. Повеќето од овие бендови брзо преминаа од снимање и изведување на Американските стандарди на пишување и снимање на нивна музика, често оставајќи ги корените на РиБ во позадина. Многу помогнаа во пронаоѓањето на психоделикот, прогресивот и хард рокот, имајќи големо влијание на природата и звукот на рок музиката и мислејќи дека РиБ би била основна компонента на тој звук.

Влијание

Во Јамајка, РиБ музиката влијаеше на создавањето на ска. До 1970-тите години, терминот ритам и блуз беше употребуван како генерален термин за соул, фанк и диско музика. Отприлика во исто време, поранешната РиБ музика имаше влијание врз Британскиот паб рок и подоцна врз оживувањето на Mod.
Сега, терминот РиБ е скоро секогаш употребуван наместо целосниот ритами блуз и главната употреба на терминот обично се однесува на привремениот РиБ, кој е понова верзија на соул и фанк музиката кои што произлегоа како што диското ја изгуби популарноста.