Хималајска мачка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хималајска мачка

]]

Хималајска мачка е раса или подраса на долговлакнеста мачка слична по типот на персиската, со исклучок на нејзините сини очи и нејзината пошарена боја, кои се добиени од вкрстосување на персиската со сијамската мачка . Некои здруженија за мачки ги класифицираат хималајските мачки како долговлакнеста под-раса на сијамски, или под-раса на персиски мачки.

Историја[уреди | уреди извор]

Здружението на љубители на мачки смета дека хималајската персиска мачка е варијација на бојата на персиската, наместо посебна раса. Поради бојата расата била именувана како „хималајска“: која упатува на бојата на хималајските животни, особено хималајскиот зајак . Се претпоставува дека долговлакнестите персиските мачки потекнуваат од мачката на Палас, Фелис манул, дива мачка која ја населувала Средна Азија и која е нема дамки или пруги и има многу долго меко крзно. Сепак, нема остеолошки или други докази за тоа и поверојатно е дека долговлакнестите домашни мачки се резултат на вештачка селекција од страна на луѓето.[1]

Сè уште се вршат истражувања за да се откријат предците на хималајските мачки. Пример за ова истражување и експериментирање е следново: Ретка варијанта на боја на американскиот визон ( Neogale vison ),е откриена на ранч во Нова Шкотска и означена како сорта „мермерна“, и таа носи карактеристичен пигмент што наликува на некои други видови, на пр., сијамската мачка и хималајскиот глушец.[2]

Експериментите за воспоставување на раса со комбинирани персиски и сијамски особини, започнало во Соединетите Држави во 1930-тите на Универзитетот Харвард, под терминот сијамска – персиска, а резултатите биле објавени во Весник на наследонста во 1936 година.,[3] но мачките не биле признати како посебна раса од ниту една голема група на љубители на мачки во тоа време. Брајан Стерлинг-Веб независно од ова истажување, сам направил вкрстување, кое траело во период од десет години во Обединетото Кралство, а во 1955 година таму новата раса на мачки бил призната како Долговлакнеста шарена мачка од страна на Управниот совет на убави домашни мачки [4]

Одгледувачот на мачки од Калифорнија, Жан Мил, кој посетувал серија постдипломски часови по генетика на Универзитетот во Калифорнија, Дејвис, исто така правел вкрстување на овие две раси и тој бил еден од тројцата одгледувачи на мачки кои сами, независно ги вкрстувале персиските и сијамските за да ја создадат хималајската мачка.[5]

Одделни напори за размножување со седиште во САД започнале околу 1950 година,[4] и еден одгледувачка на мачки познат на изворите едноставно како г-ѓа. Гофорт добила признание за нејзината работа од Здружението на љубители на мачки (ЦФА) кон крајот на 1957 година за Хималајските мачки .[4] Раните одгледувачи биле претежно заинтересирани да додадат сијамска боја на долговлакнестите мачки, и затоа се обиделе да ја задржат доминацијата на персиската особина.[4] Сепак, до 1960-тите, некои повторно воведувале сијамски гени при што имало помалку мачки во „персиски стил“,[4] Во 1980-тите, заедничките напори за повторно воспоставување на расата по формално персиски линии, на крајот направиле расата да биде сметана за персиска како варијанта во некои регистри (на пр. во 1984 година од страна на ЦФА).[4]

Изглед[уреди | уреди извор]

3-годишен хималајски мачор

Тело[уреди | уреди извор]

Како и персиските мачки, хималајските мачки имаат тенденција да имаат тркалезно тело и кратки нозе, што им отежнува да скокаат високо како другите мачки. Сепак, од 1960-тите, некои мачки имаат повеќе тело слично на сијамското,[4] и затоа го немаат ова ограничување, но затоа пак може да не се прифатливи како расни мачки за изложба, во зависност од специфичните стандарди за раса на секоја организација посебно.

Глава[уреди | уреди извор]

Како и кај персиските, постојат два типа на хималајски мачки, традиционално лице или т.н кукла лице и пеке или ултра типизирано кое има поекстремни црти на лицето со смачкан изглед.

Хималајските мачки кои имаат сплескано лице исто како персиските мачки со пеке-лице имаат и многу големи, тркалезни очи со кожата на носот директно меѓу очите. Химелајските мачки чувани во домашни услови како миленичињата обично имаат подолг нос од мачките на изложби и исто така овие мачки чувани во домашни услови може да имаат подолга муцка и помали очи од мачките на изложбите. Сепак, сите три типа на мачки се хималајски.

Крзно[уреди | уреди извор]

  • Сини шари на крзното: мачка чија сина боја на крзното е ограничена на: стапалата, ушите, опашката и на лицето.[6]
  • Шари на јоргован на крзното: разредена, посветла верзија на сината боја. Бојата на телото е побела и посветла отколку на мачка со сина боја.
  • Кафеави шари на крзното: Впечатлива кафеава боја на крзното.[7]
  • Чоколадни шари на крзното: Чоколадно кафеава боја на лицето, ушите, опашката и нозете која се разликува од потемната кафеава боја.[6] Бојата на телото е побела и посветла. Една разлика помеѓу чоколадното крзно и кафеавато крзно е бојата на шепите. Мачките со чоколадно крзно ќе имаат розови шепи, додека мачките со кафеаво крзно ќе има темно кафеави шепи.
  • Црвени или огнени шари на крзното: ако двете мачки се со сина, кремаста или сино-крем боја на крзно, потомството не може да има црвени шари на крзното.[7]
  • Крем шари на крзното: пламен и крем боите на крзно може да бидат многу блиски. Бојата на телото е побела и посветла отколку на кафеавата мачка.

Најголемиот дел од крзното на хималајските мачки е бело или крем, но шарите доаѓаат во многу различни бои: црни шари, сини шари, во боја на јоргован, чоколадни, црвени (пламен) и крем шари. Шарите исто така, може да бидат во боја на Таби, рис или желка.

Мачките со чоколадни шари и шари на јоргованот се најретки, бидејќи и двајцата родители мора да го носат генот за чоколадно/јоргован шара за да произлезе маче со овие шари, бидејќи карактеристиката е автосомно рецесивна .

Здравје[уреди | уреди извор]

Поради нивното персиско потекло, некои хималајки мачки може да го имаат генот што предизвикува полицистична бубрежна болест (ПББ), сепак, генетскиот тест може да открие кои мачки го носат генот ПББ, така што тие можат да бидат стерилизирани со цел во иднина да се спречи ширење на овој ген.

Како и сите долговлакнести мачки, хималајските мачки треба секојдневно да се четкаат за да се одржува крзното и тоа да изгледа добро и здраво. Покрај тоа, можеби ќе треба секојдневно да им се брише и чисти лицето, во зависност од мачката. Некои љубители на хималајски мачки препорачуваат и често капење, за да се намали количината на масло на крзното и кожата на мачката.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Clutton-Brock, Juliet (1981). A natural history of domesticated mammals (1st University of Texas Press. изд.). Austin: University of Texas Press. стр. 109. ISBN 0292715323.
  2. Benkel, Bernhard F.; Kirsti Rouyinen-Watt; Hossain Farid; Razyan Anistoroaei (April 2009). „Molecular characterization of the Himalayan mink“. Mammalian Genome. 20 (4): 256–259. doi:10.1007/s00335-009-9177-6. PMID 19308642.
  3. Keeler, Clyde E.; Cobb, Virginia (1936). „Siamese–Persian Cats“. Journal of Heredity. American Genetic Association. 27 (9): 339–340. doi:10.1093/oxfordjournals.jhered.a104243. ISSN 0022-1503. First page is available online at http://jhered.oxfordjournals.org/cgi/pdf_extract/27/9/339/
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Berg, Linda (1999). „The Himalayan Persian“. CFA.org. Alliance, Ohio, US: Cat Fanciers' Association (CFA). Архивирано од изворникот на 16 May 2013. Посетено на 4 March 2004.
  5. Hamilton, Denise (10 March 1994). „A Little Cat Feat: A Covina woman's efforts at cross-breeding wild and domestic felines are paying off handsomely“. Los Angeles Times. стр. 2. Посетено на 27 January 2019.
  6. 6,0 6,1 "Cat glossary" Архивирано на 29 октомври 2013 г.. Iams.com. Retrieved on 23 October 2013.
  7. 7,0 7,1 „Hints for Determining Color – the Cat Fanciers' Association, Inc“.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]