Хилда Фиби Хадсон
Хилда Фиби Хадсон | |
---|---|
Податотека:Hilda Phoebe Hudson.jpeg Хилда Фиби Хадсон | |
Роден(а) | 11 јуни 1881 Кембриџ |
Починал(а) | 26 ноември 1965 Чизик |
Националност | британка |
Образование | Кембриџ и Берлин |
Занимање | математичарка |
Познат(а) по | Кремона трансформација |
Родители | Професор Вилијам Хенри Хоаре Хадсон |
Хилда Фиби Хадсон (11 јуни 1881година, Кембриџ - 26 ноември 1965 година, Лондон) е англиска математичарка која работела на алгебарска геометрија, особено на Кремона трансформациите. Хадсон била заинтересирана за врската помеѓу математиката и нејзините верски убедувања.
Живот и работа
[уреди | уреди извор]Во 1900 година Хадсон добила стипендија и влегла во Њунам колеџот на Кембричкиот универзитет, дипломирајќи во 1903 година, станувајќи 7-ма еднаква помеѓу првокласните студенти. По една година понатамошно студирање на Берлинскиот универзитет, таа се вратила во Њунам во 1905 година, прво како предавач по математика, а подоцна и како придружен истражувачки соработник. Тринити Даблин колеџот и доделил ad eundam МА, а подоцна и ДСц, во 1906 и 1913 година, соодветно.[1]
Таа била поканет говорник на Меѓународниот конгрес на математичарите во 1912 година во Кембриџ, Обединето Кралство.[2] Таа ја поминала академската 1912-1913 година во Брин Маор, во САД, а годините 1913-1917 назад во Англија, овој пат како предавач во Вест Хем техничкиот институт. Таа се приклучила на под одделот на Министерствоо за воздухопловство, преземајќи го аеронаутичкото инженерско истражување во 1917 година, каде што применила пионерска работа во апликацијата за математичкото моделирање на дизајнот на авионот. Била назначена за ОБЕ во 1919 година. Како истакната математичарка таа била една од неколкуте жени од нејзиното време, која работела во советот на Лондонското математичко друштво.
Поголем дел од Хадсоновите чисто математички истражувања се занимавале со површините и рамните кривини, а нејзин посебен интерес биле Кремона трансформациите. Нејзината монографија од 1916 година, Линијар и компаси[3] била добро прифатена како "добредојден прилог на литературата, за границата помеѓу елементарната и напредната математика".[4] Нејзината студија на 454 страни од 1927 година ја проучува Кремона трансформацијата во рамнина и простор, се смета за нејзин magnum opus (уметничко дело).
Книги
[уреди | уреди извор]- Ruler and Compasses, првпат објавена како монографија (Лонгманова модерна математичка серија, 1916), а потоа се вклучила во колекцијата Квадратура на кругот и други монографии (Челзи н.д.)
- Cremona Transformations in Plane and Space, Кембриџ универзитетски печат, 1927.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Hudson, Hilda Phoebe in Oxford Dictionary of National Biography
- ↑ Hudson, H. P. „On binodes and nodal curves“. In: Proceedings of the Fifth International Congress of Mathematicians (Cambridge, 22–28 August 1912). vol. 2. стр. 118–121.
- ↑ Hudson, Hilda P. (1916). Ruler and Compasses. London: Longmans, Green and Company.
- ↑ Review of Ruler and Compasses, 1916
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Оконор, Џон Џ.; Робертсон, Едмунд Ф., „Хилда Фиби Хадсон“, Архив „Историја на математиката“ на MacTutor, Универзитет Сент Ендрус.
- Semple, J. G. (1969), „Hilda Phoebe Hudson“, The Bulletin of the London Mathematical Society, 1 (3): 357–359, doi:10.1112/blms/1.3.357, ISSN 0024-6093, MR 0246741
- A list of her papers can be found at Biographies of Women Mathematicians: Hilda Phoebe Hudson
|