Хидротехничка мелиорација

Од Википедија — слободната енциклопедија

Хидротехнича мелиорација[уреди | уреди извор]

Хидротехничките мелиорации ги опфаќаат сите активности што се однесуваат на одводнувањето и наводнувањето на земјиштето. Првите современи мелиоративни мерки во Република Македонија се преземени во: Пелагониската, Струмичката, Скопската и Струшката котлина. Во овие котлини со системи за одводнување, поранешните бари и мочуришта се претворени во обработливи површини. Од друга страна, поради малите количества врнежи, особено во централните и јужните делови, сушите се многу карактеристична и честа појава и тие на земјоделството му нанесуваат големи штети. Со цел да се отстранат и да се намалат негативните влијанија, во повеќе котлини изградени се системи за наводнување.

Во 1900 година во Македонија била наводнувана вкупна површина од 98000 хектари, а за таа цел постоеле 722km канали. На новоднуваните површини, особено во потоплите котлини, се остваруваат и по две жетви во текот на годината.