Хидроелектрична енергија

Хидроелектричната енергија — електрична енергија добиена од механичката енергија на водата. Претставува 14 % од светската електрична енергија, речиси 4210 TWh во 2023 година,[1] што е повеќе од сите други обновливи извори заедно, а исто така и повеќе од нуклеарната енергија.[2] Хидроенергијата може да обезбеди големи количини електрична енергија по потреба со ниски емисии на јаглерод, што ја прави клучен елемент во создавањето безбедни и чисти системи за снабдување со електрична енергија.[2] Хидроелектраната што има брана и складирање на вода е флексибилен извор бидејќи количината на произведена електрична енергија може да се зголеми или намали за кратко време како одговор на променливата побарувачка.
По изградбата, хидроелектраната не произведува непосреден отпад и речиси секогаш испушта значително помалку стакленички гасови од електраните на фосилни горива. Сепак, кога се гради во низините на дождовните шуми, каде што дел од шумата е потопен, може да се испуштат значителни количини на стакленички гасови.[3] Изградбата на хидроцентрали може да има значително влијание врз животната средина, првенствено во губењето на обработливо земјиште и раселувањето на населението.[4][5] Тие, исто така, ги нарушуваат речните екосистеми, влијаејќи на живеалиштата, насобирањето на тиња и ерозијата. Иако браните можат да ги ублажат ризиците од поплави, уривањето на браните може да има катастрофални последици.
Во 2021 година, глобално инсталираниот хидроенергетски капацитет достигнал речиси 1.400 GW, што во тој миг било највисоко ниво меѓу сите технологии за обновлива енергија.[6] Хидроенергијата има значаен удел во енергетскиот сооднос на земји како што се Бразил, Норвешка и Кина.[7] Покрај класичните хидроцентрали, во соодветните крајбрежни области може да се користи и энергијата на плимата и осеката.
Кина во 2022 година додала 24 GW хидроелектрична енергија, што претставувало речиси три четвртини од глобалното зголемување на капацитетот на хидроелектраните. Европа додала 2 GW, што бил нејзин најголем годишен пораст од 1990 година. Глобално, во 2022 година производството на хидроелектрична енергија се зголемило за 70 TWh (+2 %), со што таа останала најголемиот обновлив извор на енергија во светот, надминувајќи ги сите други обновливи технологии заедно.[8]
Историја
[уреди | уреди извор]Хидроенергијата се користи уште од дамнина за мелење жито и за други намени. Кон крајот на XVIII век, хидрауличната енергија ја обезбедила моќноста потребна за започнувањето на Индустриската револуција. Во средината на 1700-тите години, францускиот инженер Бернар Форест де Белидор го објавил своето познато дело Architecture Hydraulique, во кое ги опишал хидрауличните машини со вертикални и хоризонтални оски, а во 1771 година комбинацијата од водна енергија, машина за предење и континуирано производство одиграла значајна улога во развојот на фабричките системи. Во 1840-тите години биле развиени првите хидраулични мрежи за производство и пренесување на хидроенергијата до крајните корисници.
До крајот на XIX век бил развиен електричен генератор кој можел да се поврзе со хидраулични системи,[9] а растечката побарувачка од Индустриската револуција дополнително го поттикнала развојот во оваа насока.[10] Во 1878 година, Вилијам Армстронг во Крегсајд, Нортамберленд (Англија), ја развил првата хидроелектрана во светот, користејќи ја за напојување на една лачна светилка во неговата уметничка галерија.[11] Старата електрана „Шелкопф бр. 1“ во близина на Нијагарините Водопади започнала да произведува електрична енергија во 1881 година, напојувајќи мал број лачни светилки во околниот град. Првата комерцијална хидроелектрана на Томас Едисон, централата на улицата Вулкан, била пуштена во работа на 30 септември 1882 година во Аплтон, Висконсин, со моќност од околу 12,5 киловати.[12] До 1886 година веќе имало 45 хидроелектрани во САД и Канада, а до 1889 година само во САД нивниот број пораснал на 200.[9]

На почетокот на 20 век, многу мали хидроелектрани биле изградени од комерцијални компании во планините во близина на урбаните средини. Во Гренобл во 1925 година. Меѓународниот саем за хидроенергија и туризам го посетиле повеќе од еден милион посетители. Како што електраните растеле, нивните придружни брани обезбедувале контрола на поплавите, наводнување и пловидба. Бирото за рекултивација на САД, кое на почетокот на 20 век откако започнало низа проекти за наводнување на западот од земјата во раните 1900-ти, тој сега градел големи енергетски системи како што е браната Хувер од 1928 година.[13]
Хидроелектраните продолжиле да се шират во текот на 20 век. Првичната електрана на браната Хувер со капацитет од 1.345 MW била најголемата хидроелектрана во светот во 1936 година; во 1942 година ја засениела хидроелектраната Гранд Кули со капацитет од 6.809 MW.[14] Хидроелектраната Итаипу била пуштена во работа во 1984 година во Јужна Америка како најголема, со капацитет од 14 GW, но во 2008 година ја надминала браната „Три клисури“ во Кина со капацитет од 22,5 GW. Хидроелектричната енергија сега снабдува земји како Норвешка, Демократска Република Конго, Парагвај и Бразил со повеќе од 85 % од нивната електрична енергија.
Иден потенцијал
[уреди | уреди извор]Некои земји речиси целосно го развиле својот хидроенергетски потенцијал и имаат многу малку простор за дополнителен раст: на пример, Швајцарија искористува 88 % од својот потенцијал, а Мексико 80 %.[15] Во 2021 година, Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) изјавила дека се потребни многу поголеми напори во овој сектор за ограничување на климатските промени.[16] Во 2022 година, агенцијата објавила прогноза за додавање на нови 141 GW капацитет од хидроенергија во периодот помеѓу 2022 и 2027 година, што е малку пониско од остварениот раст во периодот од 2017 до 2022 година. Поради потребното време за добивање еколошки дозволи и за обезбедување финансирање (задолжување), тие проценуваат дека растот ќе остане ограничен, со само дополнителни 40 GW кои се сметаат за можни дури и во сценарио со забрзан развој.
Воедно, ИЕА ја истакнала и големата потреба од итна модернизација на постојните застарени системи.[2]: 67
Одлики
[уреди | уреди извор]Електричната енергија е еден од најчистите облици на енергија. Постојат различни опции за нејзино добивање, а еколошки најприфатливи методи се оние од обновливи извори на енергија, како што се хидроелектраните, ветерните и сончевите електрани. Историски гледано, хидроелектраните се најраспространетиот извор во оваа категорија. Нивниот удел меѓу обновливите извори на енергија во минатото изнесувал околу 88 % (според податоци за 2005 година). Ова е последица на неколку клучни чинители. За разлика од ветерот или сонцето, чиј интензитет е непредвидлив и зависи од моменталните метеоролошки услови, волуменскиот проток на водата кај реките е многу постабилен во текот на годината. Ова овозможува посигурно и поконтинуирано снабдување со електрична енергија.
Посебно значајна група во овој сектор се реверзибилните хидроелектрани, кои овозможуваат два режима на работа (производство и пумпање вода) и како такви се многу економски исплатливи за балансирање на енергетскиот систем. Се проценува дека во 2005 година, околу 20 % од вкупната потрошувачка на електрична енергија во светот била обезбедена токму од хидроелектраните, што тогаш претставувало глобален капацитет од приближно 816 GW.
Предности
[уреди | уреди извор]
Флексибилност
[уреди | уреди извор]Хидроенергијата е флексибилен извор на електрична енергија бидејќи централите можат брзо да го зголемат или намалат производството на краток рок за да се приспособат на променливите потреби во мрежата.[17] Хидротурбините имаат време на стартување од редот на само неколку минути.[18] Иако батериските системи за складирање реагираат побрзо, нивниот капацитет е многу мал во споредба со хидроелектричната енергија.[2] Потребни се помалку од 10 минути за да се доведат повеќето хидроцентрали од состојба на мирување (ладен старт) до целосно оптоварување, што е значително побрзо од нуклеарните централи и речиси сите електрани на фосилни горива.[19]
Производството на електрична енергија може исто така брзо да се намали кога во системот се јавува вишок енергија.[20] Поради ова, расположливиот капацитет на хидроелектраните со акумулации главно не се користи за производство на базна енергија, освен во случаи кога е потребно контролирано празнење на езерата поради поплави или за задоволување на потребите за вода низводно.[21] Наместо тоа, тие примарно служат како клучна резерва и поддршка за побавните генератори на енергија во мрежата.[20]
Моќност со висока вредност
[уреди | уреди извор]Главната предност на конвенционалните хидроцентрали со акумулации е нивната способност за складирање големи количини вода по ниска цена, која подоцна се користи за производство на чиста и висококвалитетна електрична енергија. Во 2021 година, ИЕА проценила дека акумулациите на сите постоечки конвенционални хидроелектрани заедно можат да складираат вкупно 1.500 терават-часови (TWh) електрична енергија во еден целосен циклус, што е околу 170 пати повеќе енергија од вкупниот глобален капацитет на реверзибилните хидроелектрани.[2] Исто така, не се очекува дека капацитетот за складирање на батериските системи ќе го надмине капацитетот на овие акумулации во текот на 2020-тите.[2] Кога се користи за задоволување на врвната (пикова) побарувачка, хидроелектричната енергија има многу поголема економска вредност во споредба со базната енергија, а уште повеќе во споредба со повремените и варијабилни извори како што се ветерот и сончевата енергија.
Хидроелектраните имаат исклучително долг економски век на експлоатација, при што голем дел од објектите работат активно помеѓу 50 и 100 години. Покрај тоа, оперативните трошоци за работна сила се обично многу ниски, бидејќи современите постројки се целосно автоматизирани и бараат минимален персонал во текот на нормалното работење.
Онаму каде што браните имаат повеќекратна намена, хидроелектраните можат да се додадат на нив со релативно ниски дополнителни трошоци за изградба, обезбедувајќи стабилен извор на приходи за покривање на оперативните трошоци на самата брана. Пресметано е дека продажбата на електрична енергија од хидроцентралата „Три клисури“ во Кина ќе ги покрие целосните трошоци за нејзината изградба по само 5 до 8 години работа со полн капацитет.[22] Сепак, одредени студии покажуваат дека во повеќето земји, изградбата на големи хидроцентрали е прескапа и одзема премногу време за да се постигне позитивен економски принос прилагоден на ризикот, освен ако однапред не се воспостават соодветни мерки за управување со инвестициските ризици.[23]
Голема предност на овие постројки е што тие не користат фосилни горива за придвижување на турбините и електричните генератори. На тој начин, електричната енергија произведена во хидроелектраните е економски попрофитабилна и целосно независна од флуктуациите на цените и понудата на фосилни горива на светскиот пазар. Дополнително, хидроелектраните имаат значително подолг животен век од класичните термоелектрани.
Погодност за индустриски апликации
[уреди | уреди извор]Иако најголемиот дел од хидроелектричните проекти ги снабдуваат јавните електроенергетски мрежи, одредени постројки се изградени исклучиво за потребите на големи индустриски претпријатија. Ваквите наменски хидроенергетски проекти најчесто се подигнуваат за да обезбедат огромни количини електрична енергија потребни за процесот на електролиза кај индустријата за производство на алуминиум. На пример, во текот на Втората светска војна, капацитетите на познатата брана „Гранд Кули“ биле насочени кон снабдување на фабриките на компанијата „Алкоа“ во Белингам (Вашингтон, САД) со цел да се забрза производството на воени авиони. По завршувањето на војната, на оваа централа ѝ било овозможено, покрај потребите на алуминиумската индустрија, да обезбедува вода за наводнување и електрична енергија и за поширокото граѓанство.
Слични примери постојат и во други делови од светот: во Суринам, вештачкото акумулационо езеро Брокопондо било изградено примарно за снабдување со струја на алуминиумската индустрија на „Алкоа“, додека во Нов Зеланд, хидроелектраната „Манапури“ е подигната наменски за потребите на топилницата за алуминиум лоцирана во Тиваи Поинт.
Намалени емисии на CO2
[уреди | уреди извор]Бидејќи хидроелектричните брани не користат гориво, самиот процес на производство на електрична енергија не испушта јаглерод диоксид. Иако овој гас првично се ослободува за време на градежните активности, а одредена количина метан се испушта годишно од самите акумулации, хидроелектраните во целост имаат една од најниските емисии на стакленички гасови во текот на животниот циклус за производство на струја.[24] Ова исклучително ниско ниво на емисии на стакленички гасови е особено изразено во подрачјата со умерени климатски услови. Позначително влијание врз емисиите се забележува во тропските региони, бидејќи тамошните акумулации на електраните произведуваат поголема количина на метан отколку оние во умерените предели.[25]
Како и останатите извори кои не користат фосилни горива, хидроенергијата воопшто не испушта сулфур диоксид, азотни оксиди или други опасни прашкасти честички.
Клучната предност на обновливите извори на енергија, вклучувајќи ги и хидроелектраните, е значително намалената или целосно елиминираната емисија на стакленички гасови. Сепак, емисиите се целосно елиминирани само доколку изолирано се набљудува самиот технички процес на генерација на струја. Сликата е поразлична доколку се анализира целиот систем (изградбата на браната, турбината, електричниот генератор и создавањето на вештачкото езеро). И покрај ова, една интересна заедничка студија на Институтот „Пол Шерер“ и Универзитетот во Штутгарт покажала дека, анализирано низ целиот животен циклус, хидроелектраните се најмалите производители на стакленички гасови меѓу сите енергетски извори. Веднаш по нив следуваат ветерните електрани, нуклеарните централи и енергијата добиена од фотоволтаични сончеви панели. Важно е да се напомене дека оваа студија била наменски спроведена за климатските услови во Европа, па затоа нејзините заклучоци се применливи и за областите во Северна Америка и Северна Азија.
Други намени на акумулациите
[уреди | уреди извор]Освен нивната примарна функција за производство на електрична енергија, акумулационите езера создадени од хидроелектраните можат да имаат и неколку други позитивни аспекти. Нивната големина и убавина често привлекуваат туристи, а на нивната површина се овозможуваат одлични услови за разни водни спортови. Во одредени земји, во овие вештачки езера е доста распространета и аквакултурата (одгледувањето риби).
Покрај тоа, повеќенаменските големи брани играат клучна улога во регулирањето на речните текови и можат успешно да ги контролираат поплавите, кои во спротивно би имале катастрофални последици врз населението што живее низводно од објектот.[26] Дополнително, преку овие системи се поддржува и земјоделството со обезбедување релативно постојано снабдување со вода за наводнување. Сепак, секојдневното управување со брани кои истовремено се користат за повеќе вакви различни намени е исклучително сложен процес.[2]
Недостатоци
[уреди | уреди извор]Промена на животната средина
[уреди | уреди извор]Друг значаен негативен аспект при изградбата на големи брани е ризикот од делумно или целосно губење на важни економски, културни и природни богатства. За време на полнењето на хидроакумулационото езеро, неминовно доаѓа до потопување на сè што се наоѓа под идната кота на водата. Копнената фауна во тоа подрачје е принудена трајно да се пресели, а истото важи и за локалното население кое мора да биде дислоцирано. Што се однесува до флората, ситуацијата е уште понеповолна, особено во тропските области каде што големите количини потопена вегетација брзо гнијат и испуштаат штетни гасови.
Уништување на екосистемот и губење на земјиште
[уреди | уреди извор]
Големите акумулации поврзани со традиционалните хидроелектрични брани резултираат со потопување на огромни површини спротиводно од објектот, со што понекогаш целосно се уништуваат биолошки богати и продуктивни низински и речни долински шуми, мочуришта и пасишта. Изградбата на брани целосно го прекинува природниот проток на реките и може сериозно да им наштети на локалните екосистеми. Дополнително, подигнувањето на големи брани и вештачки езера многу често вклучува присилно раселување на луѓето и на дивиот свет.[17] Губењето на природното земјиште дополнително се влошува со фрагментација на живеалиштата во околните подрачја предизвикана од самото акумулационо езеро.[27]
Хидроенергетските проекти можат да бидат исклучително штетни за околните водни екосистеми, како спротиводно, така и низводно од местоположбата на електраната. Производството на хидроелектрична енергија радикално ја менува животната средина низводно во реката. Водата што излегува од турбините обично содржи многу малку суспендиран седимент, што доведува до ерозија и пробивање на речните корита и постепено губење на речните брегови.[28] Покрај тоа, самите турбини можат да убијат голем дел од речната фауна што поминува низ нив; на пример, истражувањата покажуваат дека дури 70 % од јагулите што минуваат низ турбините угинуваат веднаш.[29][30][31] Поради повременото отворање на затворачите на турбините при покривање на врвната побарувачка, низводно се забележуваат нагли и чести дневни флуктуации во речниот проток, што создава дополнителен ризик за живиот свет.[32]
Клучниот дел на секоја хидроелектрана е нејзината брана. Попуштањето или ненадејното уривање на браната може да доведе до катастрофални последици за целиот човечки и речен екосистем низводно. Самиот квалитет на планирањето, градбата и редовното одржување не е стопроцентна гаранција дека објектот е целосно заштитен од оштетувања. Браните историски се сметаат за многу привлечна цел за време на воени операции, терористички акти и слични вонредни ситуации. Како пример што ја покажува потенцијалната опасност по човечките животи често се посочува браната „Три клисури“ во Кина, сместена на реката Јангце. Бидејќи станува збор за најголемата и најводна кинеска река, изградбата на хидроцентрала била целосно оправдана. Сепак, нејзиното хидроакумулационо езеро е толку масивно што со својата огромна тежина врши притисок врз земјината кора. Ако се земе предвид дека ова подрачје е геолошки нестабилно и се наоѓа во близина на споеви на литосферски плочи, научниците предупредуваат дека постои сериозен и оправдан ризик од сеизмички активности и индуцирани земјотреси.
Суша и губење на вода преку испарување
[уреди | уреди извор]Сушите и сезонските промени во врнежите можат сериозно да го ограничат производството на хидроелектрична енергија.[2] Дополнително, значителни количини вода од акумулациите можат да се изгубат и преку процесот на испарување.
Замилување (седиментација) и намалување на волуменот
[уреди | уреди извор]Течната вода со својот тек носи ситни честички низводно, што има негативен ефект врз браните и нивните електрани, особено кај оние кои се наоѓаат на реки или во сливови со високи оптоварувања на тиња. Наталожувањето на тињата може постепено да ја исполни акумулацијата, со што се намалува нејзината способност за контрола на поплавите и се предизвикува дополнителен хоризонтален притисок врз самата конструкција на браната. Некои акумулации можат целосно да се наполнат со седимент и да станат бескорисни, или пак можат да се прелеат за време на големи поплави и да предизвикаат рушење на браните.[33][34]
Реката по својот тек постојано носи наносен материјал во облик на песок и тиња. Со текот на времето, ова води до таложење на овој материјал во водниот слив, а непосредна последица на тоа е намалување на длабочината и корисниот волумен на акумулацијата. Поради ова, вештачкото езеро постепено ја губи својата примарна улога – да акумулира водена маса за време на дождливите раздобја и да ја користи во сушните раздобја од годината. Овој проблем во одредена мера може да се ублажи со изградба на обиколни (бајпас) канали кои го одведуваат седиментот надвор од езерото. Сепак, како краен резултат, секоја хидроелектрана има свој ограничен животен век, по чие истекување таа станува целосно неекономична.
Емисии на метан од акумулацијата
[уреди | уреди извор]
Значително помалку позитивни еколошки ефекти се забележуваат кај проектите во тропските области. Во низинските дождовни шуми, каде што при изградбата се потопуваат големи делови од вегетацијата, утврдено е дека вештачките езера произведуваат значителни количини метан. Ова се должи на распаѓањето на растителниот материјал во поплавените подрачја во анаеробна средина (без присуство на кислород). Според извештајот на Светската комисија за брани,[35] во случаи кога површината на акумулацијата е преголема во споредба со нејзиниот производствен капацитет (помалку од 100 вати на квадратен метар површина) и кога шумата не била однапред расчистена пред полнењето на езерото, емисиите на стакленички гасови можат да бидат дури и повисоки од оние кај конвенционалните термоелектрани кои работат на нафта.[36]
Во овие топли предели, под анаеробни услови под вода, гниењето на растителните остатоци примарно ослободува јаглерод диоксид (CO₂) и метан. Ослободувањето на јаглерод диоксидот само по себе не претставува нов еколошки проблем, бидејќи тој гас веќе претходно циркулирал во атмосферата и растенијата го инкорпорирале во своите ткива преку процесот на фотосинтеза за време на нивниот раст. За разлика од согорувањето на фосилните горива, ова не е новосоздаден CO₂. Сепак, емисиите на CO₂ во хидроакумулациите се екстремно високи доколку шумата не била целосно исечена пред сливот да се наполни со вода. Многу поголема еколошка закана претставува создавањето на метан, кој има многу посилно влијание врз ефектот на стаклена градина кога ќе се ослободи во атмосферата.
Раселување на населението
[уреди | уреди извор]Друг сериозен недостаток на хидроелектричните брани е потребата од присилно преместување и раселување на луѓето кои живеат во областа на планираната акумулација. Во 2000 година, Светската комисија за брани проценила дека помеѓу 40 и 80 милиони луѓе ширум светот биле раселени од своите домови поради изградбата на вакви акумулациони езера.[37]
Ризици од уривање на браната
[уреди | уреди извор]Бидејќи големите конвенционални хидроцентрали со брани задржуваат огромни количини вода, секое попуштање на конструкцијата поради лоша градба, природни катастрофи или саботажа може да има катастрофални последици за заедниците и инфраструктурата сместени низводно.
За време на разорниот тајфун Нина во 1975 година, браната Банчјиао во Јужна Кина се урнала откако во рок од 24 часа наврнало повеќе дожд отколку во тек на цела просечна година. Како директна последица од поплавата загинале 26.000 луѓе, а дополнителни 145.000 луѓе ги загубиле животите поради последователните епидемии и глад, додека милиони останале без покрив над главата.
Изградбата на брана на геолошки несоодветна и нестабилна местоположба исто така може да предизвика големи несреќи. Таков е примерот со катастрофата кај браната Вајонт во Италија во 1963 година, кога поради масивно свлечиште загинале речиси 2.000 луѓе.
Попуштањето на браната Малпасет кај Фрежус на Азурниот Брег во Јужна Франција се случило на 2 декември 1959 година, при што во големиот воден бран загинале 423 луѓе.[38]
Помалите брани и микрохидроцентралите претставуваат значително помал ризик, но можат да создадат постојани опасности дури и со децении откако ќе престанат активно да се користат. На пример, браната „Кели Барнс“ со мал земјен насип се распаднала во 1977 година – цели дваесет години откако нејзината електрана била затворена – предизвикувајќи поплава во која загинале 39 лица.
Хидроелектрична енергија по земја
[уреди | уреди извор]


Во 2022 година, хидроцентралите ширум светот произвеле 4.289 TWh електрична енергија, што претставува околу 15 % од вкупното глобално производство на струја и повеќе од половина од енергијата добиена од сите обновливи извори заедно. Од вкупната светска количина, Кина произвела најмногу (30 %), по што следуваат Бразил (10 %), Канада (9,2 %), Соединетите Американски Држави (5,8 %) и Русија (4,6 %).
Парагвај ја произведува речиси целата своја електрична енергија од хидроелектраните и притоа извезува многу поголем дел од енергијата отколку што троши за сопствени потреби.[41] Поголемите енергетски постројки обично ги градат и со нив управуваат државните органи, па затоа најголемиот дел од вкупниот глобален капацитет (70 %) е во јавна сопственост. Ова е интересно ако се земе предвид фактот дека (заклучно со 2021 година) речиси 70 % од вкупниот број на поединечни постројки всушност се во сопственост и под управување на приватниот сектор.[2]
При анализа на електричната енергија произведена во хидроелектраните во одредено раздобје, се прави јасна разлика помеѓу инсталираната (номинална) моќност и фактички произведената енергија. Односот помеѓу реално произведената електрична енергија во текот на една година и максималната можна енергија што би се добила доколку централата работи со полн капацитет без прекин во истиот период, се нарекува фактор на капацитет. Инсталираната моќност, пак, претставува збир од номиналните моќности на сите генератори во една земја.
Во следната табела се наведени податоци за земјите со производство поголемо од 1 TWh:
- вкупното годишно производство изразено во терават-часови (TWh)
- учеството на хидроелектраните во вкупното национално производство на струја
- вкупниот инсталиран капацитет изразен во гигавати (GW)
- процентниот раст на капацитетот и
- остварениот фактор на капацитет за соодветната година.
Главен извор на информациите е тинк-тенкот „Ембер“ (Ember) со статистички податоци заклучно со 2023 година, освен ако во самата табела не е експлицитно наведено поинаку.[40]
| Држава | Произв. (TWh) |
% удел, |
Кап, (GW) |
% раст, кап. |
Фактор, кап. |
|---|---|---|---|---|---|
| Свет | 4183,41 | 14,2 | 1267,90 | 0,6 | 38% |
| 1226,00 | 13,0 | 370,60 | 0,8 | 38% | |
| 428,65 | 60,4 | 109,90 | 0,1 | 50% | |
| 364,20 | 57,5 | 83,31 | 0,0 | 50% | |
| 233,96 | 5,5 | 86,66 | 0,0 | 31% | |
| 200,87 | 17,1 | 50,57 | -1,6 | 45% | |
| 149,17 | 7,6 | 47,33 | 0,2 | 36% | |
| 135,96 | 88,5 | 34,40 | 0,4 | 45% | |
| 80,90 | 29,3 | 22,64 | 0,5 | 41% | |
| 74,50 | 7,4 | 28,22 | 0,1 | 30% | |
| 66,07 | 39,7 | 16,40 | 0,0 | 46% | |
| 65,68 | 77,6 | 16,81 | 0,0 | 45% | |
| 63,72 | 19,9 | 31,78 | 0,7 | 23% | |
| 54,24 | 62,5 | 13,21 | 5,3 | 47% | |
| 53,19 | 10,4 | 24,14 | -0,4 | 25% | |
| 43,87 | 99,7 | 8,81 | 0,0 | 57% | |
| 39,79 | 59,4 | 14,71 | -1,4 | 31% | |
| 39,00 | 54,8 | 15,28 | 1,4 | 29% | |
| 37,94 | 14,5 | 18,85 | -0,4 | 23% | |
| 37,90 | 23,5 | 10,64 | 0,0 | 41% | |
| 33,40 | 72,7 | 9,65 | 7,7 | 40% | |
| 31,51 | 16,8 | 6,21 | 0,0 | 58% | |
| 31,51 | 52,6 | 5,50 | 0,0 | 65% | |
| 29,90 | 20,4 | 10,39 | 0,0 | 33% | |
| 26,61 | 76,4 | 5,19 | 0,0 | 59% | |
| 26,04 | 58,5 | 5,68 | 0,0 | 52% | |
| 24,59 | 7,0 | 6,78 | 1,3 | 41% | |
| 23,90 | 28,6 | 7,47 | 2,5 | 37% | |
| 22,65 | 5,9 | 11,68 | 1,6 | 22% | |
| 20,40 | 5,8 | 13,30 | 0,0 | 18% | |
| 20,01 | 7,4 | 16,81 | 0,0 | 14% | |
| 19,47 | 3,9 | 5,74 | 2,1 | 39% | |
| 18,66 | 89,4 | 5,76 | 0,3 | 37% | |
| 18,30 | 32,5 | 6,57 | 0,0 | 32% | |
| 17,09 | 87,8 | 3,17 | 17,0 | 62% | |
| 15,49 | 81,4 | 2,19 | 0,0 | 81% | |
| 15,26 | 5,6 | 8,44 | 9,5 | 21% | |
| 15,11 | 18,9 | 3,18 | 0,3 | 54% | |
| 14,75 | 95,7 | 4,82 | 18,4 | 35% | |
| 13,94 | 70,2 | 2,11 | 0,0 | 75% | |
| 13,82 | 6,3 | 2,83 | 0,0 | 56% | |
| 12,82 | 57,5 | 4,89 | 0,6 | 30% | |
| 12,64 | 74,6 | 3,73 | 0,0 | 39% | |
| 12,19 | 32,0 | 2,49 | 0,0 | 56% | |
| 11,90 | 85,9 | 2,78 | 0,0 | 49% | |
| 11,10 | 9,9 | 4,82 | 0,0 | 26% | |
| 11,00 | 99,6 | 2,93 | 12,3 | 43% | |
| 11,00 | 61,6 | 1,48 | 0,0 | 85% | |
| 10,98 | 24,5 | 8,19 | 0,0 | 15% | |
| 10,85 | 75,5 | 3,45 | 2,1 | 36% | |
| 9,67 | 98,5 | 2,20 | 11,7 | 50% | |
| 9,37 | 51,6 | 3,27 | 0,0 | 33% | |
| 9,24 | 69,2 | 1,84 | 1,7 | 57% | |
| 9,08 | 7,7 | 3,09 | 1,6 | 34% | |
| 9,00 | 100,0 | 2,33 | 0,0 | 44% | |
| 8,79 | 7,8 | 2,90 | 3,2 | 35% | |
| 8,45 | 70,5 | 2,37 | 1,7 | 41% | |
| 8,28 | 20,4 | 2,85 | 32,6 | 33% | |
| 7,87 | 46,5 | 2,21 | 0,0 | 41% | |
| 7,50 | 33,3 | 1,58 | 0,0 | 54% | |
| 6,96 | 99,4 | 2,49 | -0,8 | 32% | |
| 6,59 | 3,5 | 3,11 | 0,0 | 24% | |
| 6,37 | 37,4 | 1,84 | 0,0 | 40% | |
| 5,88 | 65,9 | 1,08 | 0,0 | 62% | |
| 5,19 | 1,8 | 2,19 | 0,0 | 27% | |
| 5,11 | 29,4 | 1,83 | 1,7 | 32% | |
| 5,08 | 38,6 | 1,57 | 0,0 | 37% | |
| 5,00 | 61,6 | 0,81 | 0,0 | 70% | |
| 4,97 | 6,7 | 2,23 | 8,8 | 25% | |
| 4,96 | 32,6 | 1,16 | -0,9 | 49% | |
| 4,81 | 89,2 | 1,03 | 2,0 | 53% | |
| 4,63 | 15,6 | 1,62 | 0,0 | 33% | |
| 4,00 | 45,4 | 1,68 | 26,3 | 27% | |
| 4,00 | 33,3 | 0,91 | 7,1 | 50% | |
| 3,96 | 1,4 | 2,10 | 0,0 | 22% | |
| 3,87 | 7,8 | 3,43 | 0,3 | 13% | |
| 3,80 | 60,8 | 1,57 | -1,3 | 28% | |
| 3,72 | 0,6 | 1,80 | -0,6 | 24% | |
| 3,62 | 27,4 | 1,54 | 0,0 | 27% | |
| 3,35 | 30,1 | 0,88 | 0,0 | 43% | |
| 3,11 | 7,8 | 2,53 | 0,0 | 14% | |
| 2,82 | 31,3 | 0,60 | 1,7 | 54% | |
| 2,70 | 22,1 | 0,86 | 0,0 | 36% | |
| 2,65 | 2,3 | 1,56 | 0,0 | 19% | |
| 2,38 | 1,4 | 0,98 | 0,0 | 28% | |
| 2,34 | 3,1 | 1,12 | 0,9 | 24% | |
| 2,31 | 19,0 | 0,74 | 0,0 | 36% | |
| 2,13 | 52,1 | 0,70 | 0,0 | 35% | |
| 2,00 | 22,8 | 1,35 | 0,0 | 17% | |
| 2,00 | 65,8 | 0,81 | 37,3 | 28% | |
| 1,69 | 0,7 | 0,75 | 0,0 | 26% | |
| 1,65 | 23,5 | 0,70 | 0,0 | 27% | |
| 1,62 | 21,8 | 0,57 | 0,0 | 32% | |
| 1,60 | 5,5 | 1,16 | 0,0 | 16% | |
| 1,40 | 37,3 | 0,46 | 43,8 | 35% | |
| 1,05 | 77,8 | 0,39 | 0,0 | 31% | |
| 1,00 | 4,6 | 0,62 | 0,0 | 18% |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Global Electricity Review 2024“. Ember (англиски). 2024-05-07. Посетено на 2024-09-02.
- 1 2 3 4 5 6 7 8 9 „Hydropower Special Market Report – Analysis“. IEA (англиски). 2021-06-30. Посетено на 2022-01-30.
- ↑ „Estimating greenhouse gas emissions from future Amazonian hydroelectric reservoirs“. Environmental Research Letters. 10 (12): 124019. 2015-12-01. Bibcode:2015ERL....10l4019D. doi:10.1088/1748-9326/10/12/124019. ISSN 1748-9326. Занемарен непознатиот параметар
|име5=(help); Занемарен непознатиот параметар|име=(help); Занемарен непознатиот параметар|име2=(help); Занемарен непознатиот параметар|име4=(help); Занемарен непознатиот параметар|презиме5=(help); Занемарен непознатиот параметар|презиме=(help); Занемарен непознатиот параметар|име3=(help); Занемарен непознатиот параметар|презиме2=(help); Занемарен непознатиот параметар|презиме3=(help); Занемарен непознатиот параметар|презиме4=(help) - ↑ „Brazil's Balbina Dam: Environment versus the legacy of the Pharaohs in Amazonia“. Environmental Management (англиски). 13 (4): 401–423. 1989-07-01. Bibcode:1989EnMan..13..401F. doi:10.1007/BF01867675. ISSN 1432-1009. Занемарен непознатиот параметар
|презиме=(help); Занемарен непознатиот параметар|име=(help) - ↑ „Chinese Dam Projects Criticized for Their Human Costs“. The New York Times (англиски). 2007-11-19. ISSN 0362-4331. Посетено на 2023-04-21. Занемарен непознатиот параметар
|презиме=(help); Занемарен непознатиот параметар|име=(help) - ↑ „2022 Hydropower Status Report“ (англиски). International Hydropower Association. Посетено на 2026-10-08.
- ↑ „BP Statistical Review of World Energy 2019“ (PDF) (англиски). BP. Посетено на 2020-03-28.
- ↑ „Hydroelectricity“. IEA – International Energy Agency (англиски). 2024-04-28. Посетено на 2026-10-08.
- 1 2 „History of Hydropower“ (англиски). U.S. Department of Energy.
- ↑ „Hydroelectric Power“ (англиски). Water Encyclopedia.
- ↑ Industrial archaeology review, Volumes 10-11 (англиски). Oxford University Press. 1987. стр. 187. Занемарен непознатиот параметар
|презиме=(help) - ↑ „Hydroelectric power - energy from falling water“ (англиски). Clara.net.
- ↑ „Boulder Canyon Project Act“ (PDF). December 21, 1928. Архивирано од изворникот (PDF) на June 13, 2011.
- ↑ „Hoover Dam and Lake Mead“. U.S. Bureau of Reclamation. Архивирано од изворникот на 3. prosinca 2010. Посетено на 9. listopada 2024.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=(help) - ↑ „Renewable Energy Essentials: Hydropower“ (PDF). IEA.org (англиски). International Energy Agency. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-03-29. Посетено на 2017-01-16.
- ↑ „Hydropower – Analysis“. IEA (англиски). Посетено на 2022-01-30.
- 1 2 „World's biggest hydroelectric power plants“ (англиски). 2021-03. Посетено на 2022-02-05. Занемарен непознатиот параметар
|презиме=(help); Проверете ги датумските вредности во:|date=(help) - ↑ Energy Storage (англиски). Springer. 2010-09-01. стр. 60. ISBN 978-1-4419-1023-3. Занемарен непознатиот параметар
|презиме=(help) - ↑ „About 25% of U.S. power plants can start up within an hour - Today in Energy - U.S. Energy Information Administration (EIA)“. www.eia.gov (англиски). Посетено на 2022-01-30.
- 1 2 Renewable Energy: Its Physics, Engineering, Use, Environmental Impacts, Economy, and Planning Aspects (англиски). Academic Press. 2004. стр. 556–. ISBN 978-0-12-656153-1. Занемарен непознатиот параметар
|презиме=(help) - ↑ Geological Survey Professional Paper (англиски). U.S. Government Printing Office. 1980. стр. 10. Занемарен непознатиот параметар
|презиме=(help) - ↑ „Beyond Three Gorges in China“ (англиски). Waterpowermagazine.com. 2007-01-10. Архивирано од изворникот на 2011-06-14.
- ↑ „Should We Build More Large Dams? The Actual Costs of Hydropower Megaproject Development“. Energy Policy (англиски). 69: 43–56. 2014-03. arXiv:1409.0002. Bibcode:2014EnPol..69...43A. doi:10.1016/j.enpol.2013.10.069. SSRN 2406852. Занемарен непознатиот параметар
|име=(help); Занемарен непознатиот параметар|презиме4=(help); Занемарен непознатиот параметар|име2=(help); Занемарен непознатиот параметар|име4=(help); Занемарен непознатиот параметар|презиме=(help); Занемарен непознатиот параметар|име3=(help); Занемарен непознатиот параметар|презиме2=(help); Занемарен непознатиот параметар|презиме3=(help); Проверете ги датумските вредности во:|date=(help) - ↑ „2018 Hydropower Status Report: Sector Trends and Insights“ (PDF) (англиски). International Hydropower Association. 2018. Посетено на 2022-03-19. Занемарен непознатиот параметар
|страница=(help) - ↑ „Climate science: Renewable but not carbon-free“ (англиски). 4 (9). 2011-09-01: 585–586. Bibcode:2011NatGe...4..585W. doi:10.1038/ngeo1226. Занемарен непознатиот параметар
|презиме=(help); Занемарен непознатиот параметар|име=(help); Занемарен непознатиот параметар|списание=(help); Наводот journal бара|journal=(help) - ↑ „Hydroelectric Power“ (англиски). 2: 187–191. Занемарен непознатиот параметар
|година=(help); Занемарен непознатиот параметар|име=(help); Занемарен непознатиот параметар|списание=(help); Занемарен непознатиот параметар|презиме=(help); Наводот journal бара|journal=(help) - ↑ „Hydropower“. 3. Занемарен непознатиот параметар
|година=(help); Занемарен непознатиот параметар|име=(help); Занемарен непознатиот параметар|списание=(help); Занемарен непознатиот параметар|презиме=(help); Наводот journal бара|journal=(help) - ↑ „Sedimentation Problems with Dams“ (англиски). Internationalrivers.org. Архивирано од изворникот на 2010-10-01. Посетено на 2010-07-16.
- ↑ „Loss of European silver eel passing a hydropower station“ (англиски). ResearchGate.
- ↑ „One in five fish dies from passing hydroelectric turbines“ (англиски).
- ↑ „Another nail in the coffin for endangered eels“ (англиски). 2019-08-26.
- ↑ „Applying a 2D-Hydrodynamic Model to Estimate Fish Stranding Risk Downstream from a Hydropeaking Hydroelectric Station“ (англиски). E2530. 2023-02-10. doi:10.1002/eco.2530. Занемарен непознатиот параметар
|име5=(help); Занемарен непознатиот параметар|име=(help); Занемарен непознатиот параметар|презиме6=(help); Занемарен непознатиот параметар|име2=(help); Занемарен непознатиот параметар|име4=(help); Занемарен непознатиот параметар|презиме5=(help); Занемарен непознатиот параметар|презиме=(help); Занемарен непознатиот параметар|име3=(help); Занемарен непознатиот параметар|списание=(help); Занемарен непознатиот параметар|презиме2=(help); Занемарен непознатиот параметар|име6=(help); Занемарен непознатиот параметар|презиме3=(help); Занемарен непознатиот параметар|презиме4=(help); Наводот journal бара|journal=(help) - ↑ „Teaching Case Studies in Reservoir Siltation and Catchment Erosion“ (PDF) (англиски). Great Britain: TEMPUS Publications. стр. 265–275. Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-09-02. Занемарен непознатиот параметар
|презиме=(help); Занемарен непознатиот параметар|име=(help); Занемарен непознатиот параметар|година=(help) - ↑ Hydraulics of dams and reservoirs (англиски) (reference.. изд.). Highlands Ranch, Colo.: Water Resources Publications. 1994. стр. 375. ISBN 0-918334-80-2. Занемарен непознатиот параметар
|презиме=(help); Занемарен непознатиот параметар|име=(help) - ↑ „WCD Final Report“ (англиски). Dams.org. 2000-11-16. Архивирано од изворникот на 2013-08-21.
- ↑ „Hydroelectric power's dirty secret revealed“. NewScientist.com (англиски). 2005-02-24. Занемарен непознатиот параметар
|презиме=(help); Занемарен непознатиот параметар|име=(help) - ↑ „Briefing of World Commission on Dams“ (англиски). Internationalrivers.org. 2008-02-29. Архивирано од изворникот на 2008-09-13. Посетено на 2008-09-03.
- ↑ „La catastrophe de Malpasset en 1959“ (француски). Посетено на 2015-09-02. Занемарен непознатиот параметар
|презиме=(help); Занемарен непознатиот параметар|име=(help) - ↑ „Share of electricity production from hydropower“. Our World in Data (англиски). Посетено на 2023-08-15.
- 1 2 3 „Yearly electricity data“. ember-climate.org (англиски). 2023-12-06. Посетено на 2024-08-20.
- ↑ „Paraguay: a significant electricity exporter, but citizens suffer outages“. Dialogo China (англиски). 2022-06-14. Посетено на 2023-12-30.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Хидроелектрична енергија на Ризницата ?- Hydropower Reform Coalition
- Interactive demonstration on the effects of dams on rivers
- European Small Hydropower Association
- IEC TC 4: Hydraulic turbines (International Electrotechnical Commission - Technical Committee 4) IEC TC 4 portal with access to scope, documents and TC 4 website Архивирано на 27 април 2015 г.
|