Хив (остров)
| Hiw | |
|---|---|
Детална карта на Хив | |
| Географија | |
| Место | Тихи Океан |
| Координати | 13°08′S 166°33′E / 13.133°S 166.550°E |
| Архипелаг | Вануату |
| Површина | 51 км2 |
| Највисоко место | 366 м |
| Највисока точка | Вонвара |
| Држава | |
| Покраина | Торба |
| Демографија | |
| Население | 269 (2009) |
Хив (Hiw) е најсеверниот остров во Вануату, кој се наоѓа во покраинатаТорба .
Географија
[уреди | уреди извор]Хив е најголемиот остров од групата на Торесови Острови во покраината Торба . Се наоѓа источно од Торесовиот ров, јужно од Ваникоро на Соломонските Острови . Има површина од 51 километар квадратен. Највисоката точка е Вонвара со 366 метри надморска висина.
Климата на Хив е влажна тропска. Просечните годишни врнежи се околу 4000 мм. Островот е подложен на чести циклони и земјотреси.
Точката Вевоаг, северниот рт на Хив, е најсеверната точка на Вануату. На 1.6 километри од Хив се наоѓа потопен корален гребен, Нгвеј Гакве.
Население
[уреди | уреди извор]Хив има население од околу 270 жители. [1]
Жителите се населени во три села, сите лоцирани на источниот брег: Јонгвеј. Јакане и главното село Јогевигемене.
Јазикот што се зборува на островот се нарекува и хивски јазик .
Транспорт
[уреди | уреди извор]Островите Торес ги опслужува аеродромот Торес, кој се наоѓа на островот Линуа, јужно од Хив.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑
„2009 National Census of Population and Housing: Summary Release“ (PDF). Vanuatu National Statistics Office. 2009. Посетено на October 11, 2010. Наводот journal бара
|journal=(help)