Херсово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Херсово
Јерисос

Ιερισσός
Ierissos.jpg
Херсово Јерисос is located in Грција
Херсово Јерисос
Херсово
Јерисос
Местоположба во областа
Казанџи Маало is located in Аристотел (општина)
Казанџи Маало
Местоположба на Казанџи Маало во Аристотел и областа Централна Македонија
Координати: 40°24′N 23°53′E / 40.400° СГШ; 23.883° ИГД / 40.400; 23.883Координати: 40°24′N 23°53′E / 40.400° СГШ; 23.883° ИГД / 40.400; 23.883
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругХалкидик
ОпштинаАристотел
Општ. единицаСтагира-Акант
Население (2011)[1]
 • Вкупно3.455
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Црквата во градот
Споменик

Херсово[2] или Ерисо (грчки: Ιερισσός) — град во Општина Аристотел во округот Халкидик, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[3]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Јерисос бил центар на Општина Аристотел и на општинската единица на Стагира-Акант[3].

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Херсово се наоѓа на 117 километри источно од Солун, во југоисточниот дел на Халкидики и на 10 километри од границата со Света Гора.

Историја[уреди | уреди извор]

Рана историја[уреди | уреди извор]

Името на Јерисос е изведено од латинското Ericius, преводено од Акант, името на античкиот град кој се наоѓа 0,6 км северозападно од модерниот град.

Среден век[уреди | уреди извор]

Јерисос се споменува за прв пат во најстариот атонски документ - сигилиј на Василиј I Македонец од 883 година. Тогаш во урнатините на акрополот на Акант, игуменот Јоанис Коловос го основал истоимениот манастир, за што сведочи житието на Свети Евтимиј Нови[4][5]. Од 10 век наваму, историјата на градот е нераскинливо поврзана со онаа на Света Гора. Меѓу 943 и 982 населбата станала епископски центар. Некои атонски документи, чија точност и веродостојност можат да бидат оспорени, ја презентираат идејата на бугарскиот цар Иван Асен II да ја потчини Света Гора преку епископот на Јерисос, кој бил назначен од него[6].

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Во летото на 1425 градот бил освоен од страна на Османлиите. Во тоа време Венецијанците, започнувајќи од Касандрија влегле во селото и го опожариле заедно со неговиот замок и петте кули. во рамките на османлиското управување, Јерисос претставувало привилегирано мадемско село. Во текот на Грчката војна за независност, во 1821 година селото било запалено од Османлиите а имало и голем број на жртви.

Јерисос бил седиште на јерисовскиот митрополит до 17 век, кога центарот на епархијата бил преместен во Извор (денес Стратоники).

Херсово во текот на 19 век се наоѓало во казата Касандар во составот на Отоманското Царство.

Александар Синве („Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“), во 1878 година запишал дека во Херсово живееле 1800 Грци.[7] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, во селото живееле 1500 жители Грци[8]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 1405 Грци[9].

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, Херсово било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.

На пописот од 1913 година биле евидентирани 2110 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 1958 жители.

На 26 септември 1932 година градот бил погоден од силен земјотрес. Како резултат на земјотресот голем дел од објектите биле срушени, околу 10,000 луѓе останале без своите домови а имало и 491 жртви. По земјотресот следувало и цунами.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 2218 жители, додека во 1940 година селото броело 2325 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 2190 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 2523 жители, во 1971 година имало 2379 жители, во 1981 година имало 2632 жители, додека во 1991 година имало 2858 жители[10]. Денеска, населението на селото е 3455 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 2325 2190 2523 2379 2632 2858 3046 3455
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Австроунгарска карта на Светогорскиот Полуостров од 1887 г.
  3. 3,0 3,1 Kallikratis law Greece Ministry of Interior (грчки)
  4. Δήμος Αριστοτέλη
  5. Ιερά Μητρόπολη Ιερισσού, Αγίου Όρους και Αρδαμερίου
  6. Божилов, Иван. Българите във Византийската империя. София, 1995, с.44.
  7. Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman : Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878, р. 34.
  8. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 173.
  9. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 210-211.
  10. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 166. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]