Прејди на содржината

Херој (филм од 2021)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Херој“ (персиски: قهرمان) — филм на иранскиот режисер Асгар Фархади од 2021 година. Фархади е автор и на сценариото, а главните улоги ги играат: Амир Џадиди, Мохсен Танабандех и Сахар Голдост. На Канскиот филмски фестивал, филмот ги освоил Големата награда (Grand prix) и наградата „Франсоа Шале“ (François Chalais), а бил номиниран и за „Златната палма“.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Рахим Солтани е пуштен од затворот на два дена за да му го исплати долгот на својот роднина Бахрам. Рахимовата љубовница Фаркондех пронаоѓа изгубена торба со неколку златници и тие се обидуваат да ги продадат златниците за да го вратат долгот. Тогаш, тие откриваат дека цената на златото паднала толку ниско, што Рахим не може да го врати целосниот долг...