Херој (филм од 1983)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Херој“
Hero1983.jpg
Кино-постерот за филмот
РежисерСубаш Гаи
ПродуцентСубаш Гаи
СценаристМукта Гаи
Субаш Гаи
Рам Келкар
НастапуваатЏеки Шроф
Минакши Сешадри

Шами Капур
Санџив Кумар
Шакти Капур
Мадан Пури

Амриш Пури
МузикаLaxmikant-Pyarelal
КинематографијаКамалакар Рао
МонтажаВаман Бонсле
Гурудут Ширали
ДистрибутерMukta Arts Ltd.
Премиера16 декември 1983 (1983-12-16) (Индија)
Времетраење173 мин.
ДржаваИндија
Јазикхинду
Бруто заработка125.000.000 рупии [1]

Херој — индиски филм од 1983 година режиран од Субаш Гаи. Главните улоги ги играат Џеки Шроф и Минакши Шешадри (Мис Индија за 1981 година). Во 1986 година, филмот доживеал преработка во телушки јазик, под насловот „Викрам“, а во 2015 година се појавила и преработката во јазикот хинду (во режија на Никил Адвани).[2]

Содржина[уреди | уреди извор]

Филмот започнува со затворањето на Паша. За да се спаси, тој му пишува писмо на својот најдобар другар, Џеки, кој му се заканува на Шрикант Матур, а потоа ја киднапира неговата ќерка Рада. Нејзе ѝ се претставува како полициски инспектор и набргу тие се вљубуваат еден во друг. Сепак, Рада дознава дека тој е насилник и го наговара да се предаде. Преобразен од вистинската љубов, Џеки ѝ се предава на полицијата, по што е осуден на двегодишна затворска казна. Кога се враќа дома, Рада му ја кажува вистината на својот брат Дамодар. За да ја спречи нејзината венчавка со некој друг, Дамодар му се јавува на својот другар Џими да разгласи дека Рада и Џими се сакаат. Џими погрешно ја сфаќа ситуацијата и навистина се вљубува во Рада. По излегувањето од затвор, Џеки почнува да работи во една гаража и се обидува да води нормален живот. Потоа, Дамодар дознава дека Џими е дилер на дрога. Откако излегува од затвор, Паша бара одмазда против Шрикант и Џеки и затоа ги киднапира Рада, Шрикант и Дамодар. Сепак, во последен момент се појавува Џеки и ги ослободува тројцата. На крајот од филмот, Шрикант ѝ дозволува на Рада да се омажи со Џеки.

Улоги[уреди | уреди извор]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Box office 1983“. Boxofficeindia.com. конс. 22 Feb 2012. 
  2. „Nikhil Advani begins shooting for remake of 1983 Film Hero“. IANS. news.biharprabha.com. конс. 15 February 2014. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]