Ернан Креспо

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Хернан Креспо)
Прејди на: содржини, барај
Аргентина Ернан Креспо
Hernán Crespo.png
Лични податоци
Роден на 5 јули 1975 (1975-07-05) (воз. 42 г.)
Роден во Флорида (Буенос Аирес), Аргентина
Висина &100000000000001820000001,82 м
Позиција напаѓач
Повлекување 2 февруари 2012 (36 години)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1993-1996 Ривер Плејт Ривер Плејт 62 (24)
1996-2000 Парма Парма 116 (62)
2000-2002 Лацио Лацио 54 (39)
2002-2003 Интер Интер 18 (7)
2003-2006 Челси Челси 49 (20)
2004-2005 Милан Милан 28 (11)
2006-2009 Интер Интер 63 (20)
2009-2010 Џенова Џенова 16 (5)
2010-2012 Парма Парма 46 (10)
Репрезентација
1996 Аргентина Аргентина 23 6 (6)
1995-2007 Аргентина Аргентина 64 (35)
Раководител на екипите
2014–2015 Парма Парма (примавера)
2015–2016 Модена Модена
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Ернан Хорхе Креспо (роден на 5 јули 1975 година во Флорида) е аргентински фудбалски тренер и поранешен играч, на позицијата напаѓач.

Како исклучително плоден стрелец, има постигнато преку 300 голови во 19-годишната кариера. Кариерата ја започнал во Ривер Плејт, а во 1996 година дошол во Европа во италијанската Парма. Во 2000 година го направил најскапиот трансфер, кога од Парма се преселил во Лацио за 56 милиони евра. Во сезоната 2000-2001 бил најдобар стрелец во италијанската Серија А со 26 постигнати гола. Во подоцнежните години од кариерата освоил една титула во Премиер лигата со Челси и три скудета со Интер. Во 2004 година, тој беше именуван од страна на легендарниот Пеле во ФИФА 100 најдобри фудбалери на сите времиња.[1] Креспо никогаш не добил црвен картон во текот на неговата кариера.

За репрезентацијата на Аргентина има постигнато 35 гола и е трет стрелец на аргентинската репрезентација на вечната листа, единствено зад Габриел Батистута и Лионел Меси. Тој учествувал на три Светски првенства: во 1998, 2002 и 2006.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Креспо е напаѓач со големо око за гол,[2] но исто така може да биде корисен и без да постигнува голови, благодарение на својата брзината, тимскиот дух и тактичката интелегенција.[3]

Кариера[уреди | уреди извор]

Играч[уреди | уреди извор]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Својата кариера Креспо ја започнал во екипата на Ривер Плејт, а своето деби го направил за време на сезоната 1993-1994, постигнувајќи 13 гола на 25 натпревари во својата прва професионална сезона. Во 1996 година, тој му помогнал на Ривер да триумфира во Копа Либертадорес, постигнувајќи ги двата гола во реваншот на домашен терен со кој била надоместена негативата од првиот натпревар и бил победен колумбискиот Америка де Кали со вкупен резултат 2-1.

После олимписките игри во 1996 каде освоил среберен медал и бил најдобар стрелец со 6 постигнати гола, Креспо се преселил во Италија потпишувајќи за екипата на Парма. Своето деби во Серија А го направил на 20 октомври во натпревар против Перуџа, а следната недела го постигнал својот прв гол во поразот со 2-1 од Интер. Во својата сезона во Италија, Креспо постигнал 12 гола во 27 натпревари, а Парма завршила на второто место зад шампионот Јувентус. Во сезоната 1998-1999 со 28 постигнати гола во сите натпреварувања бил еден од најзаслужните играчи на Парма за освојувањето на двата трофеи: Купот на Италија и Купот на УЕФА; и во двата турнира Креспо бил стрелец и во финалните натпревари соодветно против Фјорентина (постигнал гол и во двата натпревари) и Олимпик Марсеј.

Во летото 2000 година, Лацио го купил Креспо за тогаш рекордни 56 милиони евра (16 милиони во кеш плус Матијас Алмеида и Серџо Консеисао). Тој негов трансфер денес е втор најскап трансфер во Серија А, престигнат само од неговиот сонародник Гонсало Игуаин. Дебитирал во натпреварот од Суперкупот на Италија, во кој Лацио го освоил трофејот со победата од 4-3 над Интер. Во својата прва сезона во Лацио бил најдобар стрелец во лигата со 26 постигнати гола, но ни тие не биле доволни за клубот да ја одбрани титулата од претходната сезона. Во втората сезона со бјанкочелестите Креспо имал проблеми со повреди, меѓутоа и средниот ред на клубот бил ослабен и помалку креативен по заминувањето на важни играчи од претходните сезони како Хуан Себастијан Верон и Павел Недвед, што резултирало со двојно помал број на погодоци (13) на голгетерската сметка на Креспо во споредба со минатата сезона. Во летото 2002 поради финансиски причини Лацио бил приморан да продаде неколку клучни играчи, а по заминувањето на капитенот Алесандро Неста и шпекулациите околу иднината на Креспо се интезивирале, пa во последниот ден од летниот трансферен-прозорец и тој бил продаден на Интер за 26 милиони евра плус Бернардо Коради. Во дресот на Интер тој постигнал 9 гола во Лигата на шампионите, придонесувајќи за клубот да стигне до полуфиналето на турнирот. На 12 јануари 2003, претрпел повреда во првенствениот натпревар против Модена, поради која отсуствувал долго и успеал да се врати на теренот буквално на самиот крајот на сезоната.[4]

На 26 август 2003 ја напуштил Италија по седум години и се преселил во Челси за 26 милиони евра: меѓутоа и во клубот од Англија останува само една година, бидејќи страдал од различни повреди. Во јули 2004 година, тој бил позајмен на Милан:[5] со нив стигнал до финалето на Лигата на шампионите, и во него постигнал два гола против Ливерпул, меѓутоа тие не биле доволни за победа и освојување на пехарот.[6] Потоа се вратил во Челси, за уште една сезона во која постигнал 10 погодоци придонесувајќи за освојувањето на Премиер лигата.

Креспо во дресот на Интер во натпревар против Катанија на 16 септември 2007.

Во август 2006 година се вратил во Интер, со формула на двегодишен заем. Постигнал гол против Рома во Суперкупот на Италија додека на крајот на сезоната го освоил своето прво скудето во кариерата. Во јули 2008 година, потпишал постојанен договорот со Интер во првиот круг.[7] Во своето второ искуство во Милано, напаѓачот освоил три последователни титули во лигата, две под водство на Роберто Манчини и една под водство на Жозе Мурињо.

На 29 мај 2009 година, претседателот на екипата на Џенова Енрико Прециози најавил дека Креспо ќе потпише договор со неговата екипа,[8] а трансферот официјално бил потврден на 16 јули. За Грифоните Креспо постигнал седум гола, пет во Серија А и два во Лига Европа, пред да го напушти клубот уште кон крајот на јануари без да одигра ниту една целосна сезона.

На 29 јануари 2010 година се вратил во Парма, десет години подоцна откако за последен пат го носел дресот со жолта и сина боја.[9] Во сезоната 2010-2011 Креспо најчесто бил стартер. Во Купот на Италија придонесол со два гола против Фјорентина, за квалификација на неговиот клуб во четврт-финалето на турнирот. Истата сезона ја завршил како најдобар стрелец на својата екипа со 9 постигнати гола. На 30 октомври 2011, достигнал до бројката од вкупно 600 настапи за својте клубови во кариерата во натпреварот Парма - Чезена 2-0. На 2 февруари 2012, Креспо објавил дека се повлекува од активното играње фудбал на прес-конференција по договорот кој го постигнал со екипата за тренерски планови.[10][11] Вкупно во дресот на Парма тој одигра 200 натпревари и постигнал 94 гола. Исто така, тој е најдобар стрелец на Парма во Серија А.[12]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Креспо дебитирал за сениорската репрезентација на Аргентина на 14 февруари 1995 во пријателски натпревар против Бугарија. Тој го освои сребрениот медал на Летните олимиски игри во Атланта 1996, каде што тој бил најдобар стрелец на турнирот со шест постигнати гола колку што имал и бразилецот Бебето. Тој има учествувано на три изданија на Светските првенства во 1998 во 2002 и 2006. На Светското првенство 2006, тој постигнал три гола, што доведува до бројката од вкупно четири постигнати гола на светските првенства (1 гол постигнал во 2002). Благодарение на двата гола кој ги постигнал против САД на Копа Америка 2007 успеал да се израмни со Диего Марадона на трето место на листата на стрелци на сите времиња на аргентинскиот национален тим со 34 гола (единствено останувајќи зад Лионел Меси и Габриел Батистута). Во следниот натпревар против Колумбија со уште еден гол Креспо го надминал Марадона, а тој натпревар се испоставил како неговиот последен за Аргентина.

Тренер[уреди | уреди извор]

На 10 декември 2012 година, започнал да присуствува на курсот за изучување на професионални тренери Прва Категорија-УЕФА Про во Коверчано. По завршувањето на курсот, комисијата за испитување ги оценила тестовите на Креспо за особено брилијантни.

На 13 јули 2014 започнал со тренерска работа откако бил назначен за тренер на Примавера тимот на Парма кој го одвел до доброто 6-то место во шампионатот и покрај неуспехот на клубот во сениорска конкуренција истата година.[13]

На 30 јуни 2015 година бил официјално претставен како нов тренер на Модена во Серија Б. На 26 март 2016 бил отпуштен по поразот на домашен терен од Калјари после кој тимот му се нашол на последното место на табелата; бил заменет од страна на Кристијано Бергоди кои не бил во можност да избегне испаѓање од лигата.

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Статистика[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 4 ноември 2016.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1993-1994 Аргентина Ривер Плејт ПД 25 13 - - - - - - - - - 25 13
1994-1995 ПД 18 5 - - - СС 4 2 - - - 22 7
1995-1996 ПД 19 6 - - - КЛ 13 10 - - - 32 16
Вкупно Ривер Плејт 62 24 17 12 79 36
1996-1997 Италија Парма А 27 12 КИ 1 0 - - - - - - 28 12
1997-1998 А 25 12 КИ 2 0 ЛШ 8 2 - - - 35 14
1998-1999 А 30 16 КИ 7 6 КУ 8 6 - - - 45 28
1999-2000 А 34+1[14] 22+0[14] КИ 2 0 ЛШ+КУ 2+3 0+3 СИ 1 1 42 26
2000-2001 Италија Лацио А 32 26 КИ 1 0 ЛШ 6 2 СИ 1 0 40 28
2001-2002 А 22 13 КИ 4 4 ЛШ 7 3 - - - 33 20
Вкупно Лацио 54 39 5 4 13 5 73 48
2002-2003 Италија Интер А 18 7 - - - ЛШ 12 9 - - - 30 16
2003-2004 Англија Челси ПЛ 19 10 ФАКуп+ЛК 0+2 0+0 ЛШ 10 2 - - - 31 12
2004-2005 Италија Милан А 28 11 КИ 1 1 ЛШ 10 6 СИ 1 0 40 18
2005-2006 Англија Челси ПЛ 30 10 ФАКуп+ЛК 5+1 1+0 ЛШ 5 2 КШ 1 0 42 13
Вкупно Челси 49 20 8 1 15 4 1 0 73 25
2006-2007 Италија Интер А 30 14 КИ 5 4 ЛШ 6 1 СИ 1 1 42 20
2007-2008 А 19 4 КИ 5 2 ЛШ 5 1 СИ 0 0 29 7
2008-2009 А 14 2 КИ 3 0 - - - СИ 0 0 17 2
Вкупно Интер 81 27 12 6 23 11 1 1 118 45
2009-јан. 2010 Италија Џенова А 16 5 КИ 1 0 ЛЕ 4 2 - - - 21 7
јан.-јун. 2010 Италија Парма А 13 1 - - - - - - - - - 13 1
2010-2011 А 29 9 КИ 2 2 - - - - - 31 11
2011-2012 А 4 0 КИ 2 2 - - - - - - 6 2
Вкупно Парма 162+1 72 16 10 21 11 1 1 200 94
Вкупно во кариерата 452+1 198 43 22 103 51 4 2 605 273

Тренерска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 26 март 2016.

Сезона Екипа Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно % Успешност
Comp ОН П Н И Comp ОН П Н И Comp ОН П Н И Comp ОН П Н И ОН П Н И  %
2015-2016 Италија Модена Б 33 10 5 18 КИ 2 1 0 1 - - - - - - - - - - &1000000000000003500000035 &1000000000000001100000011 &100000000000000050000005 &1000000000000001900000019 &1000000000000314300000031,43
Вкупно во кариерата 33 10 5 18 2 1 0 1 - - - - - - - - &1000000000000003500000035 &1000000000000001100000011 &100000000000000050000005 &1000000000000001900000019 &1000000000000314300000031,43

Хет-трикови[уреди | уреди извор]








Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Аргентина Ривер Плејт[15][уреди | уреди извор]

Италија Парма[15][уреди | уреди извор]

Италија Лацио[15][уреди | уреди извор]

Англија Челси[15][уреди | уреди извор]

Италија Милан[15][уреди | уреди извор]

Италија Интер[15][уреди | уреди извор]

Репрезентативни[уреди | уреди извор]

Аргентина[15]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Pele's list of the greatest“. BBC Sport. 4 март 2004. http://news.bbc.co.uk/sport2/hi/football/3533891.stm. конс. 10 мај 2014 г. 
  2. Francesco Saverio Intorcia. „Crespo, signore del gol in cerca di salvezza. "Ho imparato da Mou l'arte del motivatore "“, la Repubblica, 3 dicembre 2015 (конс. 9 febbraio 2016 г).
  3. Andrea Schianchi (28 settembre 2004). „Cercasi anima gemella per Sheva“. La Gazzetta dello Sport. http://archiviostorico.gazzetta.it/2004/settembre/28/Cercasi_anima_gemella_per_Sheva_ga_10_0409287232.shtml. конс. 16 gennaio 2009 г. 
  4. L'Inter degli assenti batte il Modena in 20'“ (конс. 17 dicembre 2011 г).
  5. Ugo Negrini. „Crespo è del Milan, in prestito per un anno“, 15 luglio 2004 (конс. 12 gennaio 2013 г).
  6. Diego Mariottini. „25 maggio 2005: Milan-Liverpool 3-3. Sei minuti di follia e addio Champions!“, 25 maggio 2015 (конс. 28 maggio 2015 г).
  7. chelseafc.com, уред (3 luglio 2008). „Crespo no longer a Blue“. http://www.chelseafc.com/page/LatestNews/0,,10268~1338176,00.html. конс. 15 giugno 2010 г. 
  8. Fabrizio Zorzoli (29 maggio 2009). „Preziosi: "Crespo è a tutti gli effetti del Genoa"“. tuttomercatoweb.com. http://www.tuttomercatoweb.com/genoa/?action=read&idtmw=152938. конс. 15 giugno 2010 г. 
  9. tuttonapoli.net, уред (29 gennaio 2010). „Crespo al Parma“. http://www.tuttonapoli.net/?action=read&idnotizia=41843. конс. 15 giugno 2010 г. 
  10. Parma, Hernan Crespo si ritira Calciopro.com
  11. L'addio di Crespo al calcio giocato FocusCALCIO.it
  12. Panini, уред. Almanacco Illustrato del Calcio 2015. стр. 109. 
  13. Parma, Crespo in lacrime: "Non ho parole"
  14. 14,0 14,1 Бараж за четврто место.
  15. 15,0 15,1 15,2 15,3 15,4 15,5 15,6 „H. Crespo“. Soccerway. http://int.soccerway.com/coaches/hernan-jorge-crespo/117/. конс. 27 декември 2015 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]