Херман Мајер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Херман Мајер
Алпски скијач
Hermann Maier (Gala-Nacht des Sports 2009).jpg
Херман Мајер во ноември 2009 г.
ДисциплиниСпуст, Супервелеслалом,
Велеслалом, Комбинација
КлубUSC Флахау
Роден(а)7 декември 1972 (1972-12-07) (49 г.)
Алтенмарк им Понгау, Салцбург, Австрија
Висина1.81 м (5 ст 11 ин)
Деби на Светскиот куп10 февруари 1996 (на 23 години)
ПензиониранОктомври 2009 (на 36 години)
Мрежна страницаhm1.com
Olympics
Екипи2 (1998, 2006)
Медали4 (2 gold)
World Championships
Екипи6 (1999–2009)
Медали6 (3 gold)
Светски куп
Сезони12 (1997-2001, 2003-2009)
Победи54
Подиуми96
Севкупни титули4 (1998, 2000, 2001 и 2004)
Дисциплински титули10 (2 СПУ, 5 СВС, 3 ВС)

Херман Мајер (германски:Hermann Maier; роден на 7 декември 1972 година) е австриски скијач, двократен олимписки шампион од 1998 година, трикратен светски шампион, четирикратен победник на Светскиот куп во генералниот пласман (1998, 2000, 2001, 2004 година). Во текот на кариерата го добил прекарот „Херминатор“, и тој е рангиран меѓу најдобрите алпски скијачи на сите времиња. Со своите 54 победи на трките од Светскиот куп - 24 супервелеслаломи, 15 спуста, 14 велеслаломи и 1 комбинација е рангиран на третото место на вечната листа за мажи (зад 86-те победи на Ингемар Стенмарк и 67-те победи на Марсел Хиршер). До 2013, го држел рекордот за најмногу освоени поени во една сезона од машки алпски скијач, со 2000 поени во сезоната од 2000 година. Од 2000-2013 година тој исто така го држел рекордот за најмногу освоени поени во една сезона (и за мажи и за жени), а Тина Мазе го надминала тоа достигнување со освоените 2414 поени во сезоната 2013.

Почетни чекори во скијањето[уреди | уреди извор]

На свои 15 години Мајер, од скијачката школа во Шладминг. бил испратен дома затоа што тренерите го сметале за безнадежен, поради ситниот раст. Тој се вратил во неговиот роден град Флахау и на лето работел како ѕидар а на зима во скијачката школа на неговиот татко како инструктор за скијање.

Мајер станал повеќекратен регионален шампион во Салцбург и Тирол, но сепак не можел да се избори за место во силниот австриски скијачки тим од Светскиот куп. На 6 јануари 1996 година, неговиот извонреден талент за прв пат бил забележан од австриските тренери, кога на Светскиот куп во Флахау завршил со 12-то најбрзо време во велеслалом, иако бил тест скијач, и не учествувал во официјалната конкуренција.[1] Ова било отскочна даска за неговата меѓународна кариера. Со резултатот од Флахау го привлекол вниманието на ÖSV (Австриската скијачка федерација) и само два дена подоцна настапил за прв пат во Европа купот во Лез Арк и го освоил второто место. Следниот ден успеал да победи. Иако ја започнал сезоната во Купот на Европа кон средината на декември и не стартувал на сите трки, тој ја освоил титула во Купот на Европа во генерален пласман, како и титулата во велеслалом. [2] [3]

Скијачка кариера[уреди | уреди извор]

Мајер дебитирал во Светскиот куп на 23-годишна возраст на 10 февруари 1996 година и завршил на 26-тото место во велеслаломот во Хинтерстодер, Австрија. Една година подоцна, во февруари 1997 година, за прв пат победил на трка од Светскиот куп - супервелеслаломот во Гармиш-Партенкирхен. Мошне брзо се етаблирал како експлозивен и динамичен скијач, познат по својата сила, подготвеност да ризикува и силна работна етика.

Мајер набрзо доминираше во алпските скијачки трки, и го освоил златниот медал во велеслалом и супервелеслалом на Зимските олимписки игри 1998 година во Нагано, неколку дена по несреќата во спуст кога излетал од патеката и паднал на глава, и неколку пати се превртел и пробил низ два слоја Б-мрежа. Мајер ја освои титулата во генерален пласман во Светски куп во 1998 година.

Во 2000 година ја освои титулата во генерален пласман на Светскиот куп, како и титули во спуст, супервелеслалом и велеслалом. Тој доминирал на скијчките терени, и собрал тогаш рекордни за алпски скијач 2000 поени. Овој рекорд го соборила Тина Мазе во 2013 година кога освоила 2.414 поени. [4]

Неговата скијачка кариера речиси била готова по сообраќајната несреќа од 24 август 2001 година; кога возејќи мотор се судрил со автомобил додека се враќал дома од летен тренинг во Австрија. Лекарите за малку ќе му го ампутирале долниот дел од десната нога, но сепак, Мајер беше подложен на голема реконструктивна операција . Поради несреќата ги пропуштил Зимските олимписки игри 2002 во Солт Лејк Сити. На меѓународните натпревари се вратил во јануари 2003 година во Аделбоден, Швајцарија, а две недели подоцна ја освоил титулата супервелеслалом во скијачката Мека во Кицбил, Австрија.

Поради навидум неуништивата природа, тој понекогаш на шега е познат како „Херминатор“. [5]

Мајер, 2006 година

Во 2004 година, Мајер напишал автобиографија. Книгата Херман Мајер: Трката на мојот Живот (на германски:Hermann Maier: Das Rennen Meines Lebens), во која што претежно пишувал за неговото закрепнување од несреќата во 2001 година.

Мајер го најавил своето пензионирање во 2009 година по тринаесет години натпреварување во Светскиот куп.[6]

Резултати од Светскиот куп[уреди | уреди извор]

Сезонски титули[уреди | уреди извор]

  • 14 титули: 4 генерален пласман, 2 спуст, 5 супервелеслалом, 3 велеслалом
Сезона Дисциплина
1998 Генерален пласман
Супервелеслалом
Велеслалом
1999 Супервелеслалом
2000 Генерален пласман
Спуст
Супервелеслалом
Велеслалом
2001 Генерален пласман
Спуст
Супервелеслалом
Велеслалом
2004 Генерален пласман
Супервелеслалом

Сезонски пласман[уреди | уреди извор]

Сезона Возраст Генерален пласман Слалом Велеслалом Супервелеслалом Спуст Комбинација
1996 23 106 - 52 34 - -
1997 24 21 - 15 4 - -
1998 25 1 39 1 1 2 2
1999 26 3 - 3 1 6 6
2000 27 1 - 1 1 1 2
2001 28 1 - 1 1 1 -
2002 29 повреден во август 2001 година во сообраќајна несреќа со мотор, аут цела сезона
2003 30 45 - - 19 25 -
2004 31 1 - 17 1 3 10
2005 32 3 - 4 2 3 9
2006 33 6 - 8 2 7 42
2007 34 19 - 16 6 18 -
2008 35 21 - 30 10 16 -
2009 36 26 - - 4 21 -

Победи на трки[уреди | уреди извор]

  • 54 победи: 15 спуст, 24 супер-џи, 14 велеслалом, 1 комбинирано
  • 96 подиуми: 25 DH, 38 SG, 28 GS, 4 K, 1 паралелен слалом

Резултати од Светски првенства[уреди | уреди извор]

 година   Возраст   Слалом   Велеслалом Супер Г Спуст Комбинација
1999 26 - DNF2 1 1 -
2001 28 - 4 3 2 -
2003 30 - - 2 8 -
2005 32 - 1 4 17 -
2007 34 - 21 7 13 -
2009 36 - - 18 6 -

Олимписки резултати[уреди | уреди извор]

 година   Возраст   Слалом  Велеслалом  Супер Г Спуст Комбинација
1998 25 - 1 1 DNF -
2006 33 - 3 2 6 -

Видео[уреди | уреди извор]

  • YouTube.com – Ханенкам (целосен курс) – 9-то место – 24 јануари 2004 г.
  • YouTube.com – Олимпијада 1998 – спуст Нагано (несреќата) и велеслалом (второ возење) – златен медал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Hermann Maier career, (на германски), 16 February 2021
  2. FIS alpine skiing Europa Cup calendar, Europa Cup calendar of the season 1995-1996, 16 February 2021
  3. FIS alpine skiing Europa Cup standings, Europa Cup standings of the season 1995-1996, 16 February 2021
  4. New York Daily News, "Tina Maze is the Slovenian beauty who'll be Lindsey Vonn's biggest adversary at the Sochi Winter Olympics in 2014", Nathaniel Vinton, 16 March 2013
  5. Espen, Hal (28 October 2003). Outside 25: Classic Tales and New Voices from the Frontiers of Adventure. W. W. Norton & Company. стр. 269. ISBN 978-0-393-32503-4. Посетено на 25 March 2011.
  6. sportsillustrated.com, 13 October 2009

Надворешни врски[уреди | уреди извор]