Прејди на содржината

Херман Вендел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Херман Вендел

Херман Вендел (германски: Hermann Wendel; Мец, 8 март 1884Сен Клу, 3 октомври 1936) бил германски политичар, публицист, историчар, писател, уредник, голем познавач на модерната историја на јужнословенските народи, почесен член на Матица српска (1923) и почесен доктор на науки на Белградскиот универзитет (1929).

Херман Вендел се пројавува како заштитник на Македонија и на нејзиното право на суверен живот во време кога фашизмот стапува на европската политичка сцена. Тој ја брани самобитноста на македонските Словени од позициите на германски социјалдемократ. Жестоко го осудува бугарското присвојување на Македонија и поведува остра полемика со извесниот македонствујушт Димитар Ризов, пројавен публицист и тогашен бугарски амбасадор во Германија (1916/1917), кој беше го обвинил Вендел дека се повел по гледиштата на Јован Цвииќ. Во серијата статии, главно за феноменот на македонските Словени, за кои Вендел смета дека се самобитна словенска нација, паѓа в очи неговата широка информираност за македонските состојби и солидно познавање на веќе постојната литература за македонското прашање.