Хепер

Од Википедија — слободната енциклопедија

Хепер бил бог во древната египетска религија. Бил стар, исконски бог и примерок на супстанцата која во себе го содржела зародишот на животот кој само што не настанал одново; така тој го претставувал мртвото тело од кое требало да стане духовното тело. Прикажан е во облик на човек со бубачка (скарабеј) наместо глава и овој инсект станал негов амблем, бидејќи се верувало дека е самороден и самосоздаден.

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Египетска религија - египетската идеја за задгробниот живот - Е.А. Волис Баџ