Хенри Хауард (Ерл од Суреј)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хенри Хауард
Ерл од Суреј
Henry Howard Earl of Surrey 1546 detail.jpg
Благородно семејствоДинастија Хауард
Сопружник(ци)Френсис де Вер
Судири
Џејн Хауард
Томас Хауард
Маргарита
Хенри Хауард
Катерина Хауард
ТаткоТомас Хауард
МајкаЕлизабета Хауард

Хенри Хауард ( 1517 - (19 јануари 1547 бил англиски поет, еден од основачите на англиската ренесанса.

Хенри бил роден во Хансдон, Англија како прв син на Томас Хауард и неговата втора сопруга Елизабета Стафорд. На овој начин, тој имал потомство од кралот Едвард I. Пораснал во Виндзорската палата заедно со незаконскиот син на англискиот крал Хенри VIII, Хенри Фицрој. Тие биле доста блиски пријатели, а подоцна Хенри се оженил со неговата сестра Марија Хауард.

Во 1524 година се здобил со титулата Ерл од Суреј. Во 1532 година, отишол заедно со својата роднина Ана Болејн во Франција како член на францускиот двор на Франсоа I. Во 1532 година се оженил за Френсис де Вер, со која имале пет деца. Во следните години учествувал во задушувањето на бунтот кое се противело на распуштање на манастирите. Но и покрај тоа што учествувал на страна на кралот, тој од страна на фамилија Симор бил обвинет дека дал подршка на бунтот. Така во 1537 година тој бил затворен.

По смртта на Џејн Симур, друга роднина на Хенри, Катерина Хауард се оженила за англискиот крал во 1540 година. По ова, тој бил пуштен на слобода каде служел на кралскиот двор. Но во 1542 година тој бил повторно затворен, наводно поради големо безредие кое го направил по улиците на Лондон.

Во 1543 година продолжил да војува. Во 1546 година се вратил во Англија, каде голем број на аристократски семејства веќе ја имале отпочнато борбата околу регенството на идниот крал Едвард VI, бидејќи Хенри VIII бил на смртна постела. Според Хенри Хауард, неговиот татко би бил точниот избор за регент. Но од друга страна пак, семејството Симор во голема мера се спротиставило. Во кралскиот дворец имало слухови дека Хенри сакал да се ожени за ќерката на Хенри, Марија I. Сепак, како главен фактор за неговото затварање био тоа што тој сеуште бил католик.

Така, на 13 јануари 1547 година тој бил осуден на смрт и егзекутиран на 19 јануари 1547 година.