Хенрик Кристоферсен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хенрик Кристоферсен
Алпски скијач
Kristoffersen Henrik 2017.jpg
Кристоферсен во 2017
ДисциплиниСлалом, Велеслалом
КлубРалинген СК
Роден(а)2 јули 1994 (1994-07-02) (28 г.)
Ралинген, Акерсхус, Норвешка[1]
Висина1.79 м (5 ст 10 ин)[2]
Деби на Светскиот куп11 март 2012 (на 17 години)
Мрежна страницаhenrikkristoffersen.com
Olympics
Екипи3 – (2014, 2018, 2022)
Медали2 (0 gold)
World Championships
Екипи5 – (2013–2021)
Медали2 (1 gold)
Светски куп
Сезони11 – (2012–2022)
Победи28 – (21 СЛ, 7 ВС)
Подиуми72
Севкупни титули0 – (2-ро во 2016, 2018)
Дисциплински титули4 – (3 – СЛ, 1 – ВС)

Хенрик Кристоферсен (норвешки: Henrik Kristoffersen; роден на 2 јули 1994 година) е норвешки алпски скијач кој се натпреварува во Светскиот куп, и бил светски шампион во велеслалом и освојувач на медал на Олимписките игри во 2014. [3] Негова специјалност се техничките трки: слалом и велеслалом.

Кариера[уреди | уреди извор]

Роден е во Ралинген во округот Акерсхус. Своето деби во Светскиот куп Кристоферсон го имал во март 2012 година во Крањска Гора, Словенија, а прв пат застанал на подиумот во ноември 2013 година, откако освоил трето место во слалом во Леви, Финска. На Зимските олимписки игри 2014 во Сочи, Кристоферсен на 19 годишна возраст го освоил бронзениот медал во слалом и станал најмлад освојувач на медал во машка конкуренција во историјата на Олимпиското алпско скијање. [4]

Кристоферсен е првиот кој победил на трите класични трки во слалом во Аделбоден, Венген и Кицбил во иста сезона; тоа го постигнал на 21 годишна возраст во јануари 2016 година. По ова возење, тој станал најуспешен Норвежанец во историјата на слаломските натпреварувања во Светскиот куп. Со својата седма победа во Венген, Кристоферсен се израмнил со Фин Кристијан Јаге, а по осмата победа една недела подоцна во Кицбил го поставил рекордот. Два дена подоцна (26 јануари) ја остварил и деветтата победа на ноќната трка во Шладминг.

На Светското првенство во 2019 година, Кристоферсен го освоил златниот медал во велеслалом во Оре, Шведска.

Успеси[уреди | уреди извор]

Кристоферсен е прв кој победил на четирите класични трки во слалом (во Аделбоден, Венген, Кицбил и Шладминг) во иста сезона.[5] [6]

Во сезоната 2016, Кристоферсен станал првиот скијач во машка конкуренција кој по 24 години победил на шест трки во слалом од Светскиот куп во текот на една сезона; Алберто Томба победил на девет трки од Светскиот куп (шест слалом, три велеслалом) во сезоната од 1992 година.

Резултати од Светскиот куп[уреди | уреди извор]

Сезонски титули[уреди | уреди извор]

Сезона
Дисциплина
2016 Слалом
2020 Слалом
Велеслалом
2022 Слалом

Сезонски пласман[уреди | уреди извор]

Сезона
Возраст Генерален пласман  Слалом  Велеслалом  Супервелеслалом Спуст Комбинација Паралелен
2013 18 60 22 41 - - - N/A
2014 19 7 3 9 - - -
2015 20 8 4 6 - - -
2016 21 2 1 3 - - -
2017 22 3 2 5 - - -
2018 23 2 2 2 - - -
2019 24 3 5 2 - - 29
2020 25 3 1 1 48 - 26 8
2021 26 6 6 8 - - - 2
2022 27 3 1 2 - - - 4

Победи на трки[уреди | уреди извор]

Вкупно Слалом Велеслалом Супервелеслалом Спуст Комбинација Паралелен
Победи 28 21 7 - - - 0
Подиуми 72 46 24 - - - 2

Резултати на Олимписките игри[уреди | уреди извор]

Година
Возраст Слалом Велеслалом Супервелеслалом Спуст Комбинација
2014 19 3 10 - - -
2018 23 DNF2 2 - - -
2022 27 4 8 - - -

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Henrik Kristoffersen at Store norske leksikon. Retrieved 24 Sep 2021.
  2. Norway Olympic Team and Media Guide Sochi 2014. Norway: Norwegian Olympic and Paralympic Committee and Confederation of Sports. 2014. стр. 25.
  3. „Archived copy“. Архивирано од изворникот на 2013-11-14. Посетено на 2013-11-18.CS1-одржување: архивиран примерок како наслов (link)
  4. Pennington, Bill (22 February 2014). „Slalom Champion Sets an Age Record“. New York Times.
  5. „Kristoffersen unbeatable at Kitsbuehel´s slalom“. FIS-Ski.com. FIS. Архивирано од изворникот на 2017-08-08. Посетено на 2022-03-27.
  6. „Unstoppable Kristoffersen claims the Night Race in Schladming – FIS-SKI“. FIS-SKI. Архивирано од изворникот на 2017-08-20. Посетено на 27 January 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]