Хенли на Темза

Координати: 51°32′10″N 0°53′53″W / 51.536° СГШ; 0.898° ЗГД / 51.536; -0.898
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Хенли-на-Темза)
51°32′10″N 0°53′53″W / 51.536° СГШ; 0.898° ЗГД / 51.536; -0.898
Хенли на Темза
Henley-on-Thames
[[file:Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Оксфордшир" does not exist|240px|Хенли на Темза во рамките на Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Оксфордшир" does not exist]]
Хенли на Темза

Хенли на Темза во рамките на Оксфордшир
Население 10.646 (2001)[1]
Мреж. реф. SU7682
    - Лондон  58,6 км 
Округ Јужен Оксфордшир
Ширска грофовија Оксфордшир
Регион Југоисток
Земја Англија
Суверена држава Обединето Кралство
Пошт. град Henley-on-Thames
Поштенска област RG9
Повикувачки број 01491
Полиција  
Пожарна  
Итна помош  
ЕУ парламент
Брит. парламент Хенли
Мрежно место Градски совет на Хенли на Темза
Список на места: ОК • Англија • Оксфордшир
Петтосводниот Хенлиски мост на Темза и Леандерскиот клуб (најлево)
Хенли на Темза од игралиштето близу железничката станица

Хенли на Темза (анг. Henley-on-Thames) — град на северниот брег на реката Темза во јужен Оксфордшир, Англија, околу 16 км низводно и североисточно од Рединг, 16 км спротиводно и западно од Мејденхед. Се наоѓа билзу аголот помеѓу грофовиите Оксфордшир, Беркшир и Бакингемшир.

Историја[уреди | уреди извор]

Хенли го среќаваме во Книгата на Судниот ден во 1086 како Хенлеј. Бил во поседство на Чертсиската опатија. Средствата биле: 5½ кожи. 1 црква, 6 плуга, 4 акри ливади, корија вредна 50 крмака. Проценето на тогашни £5.[2]

Хенли на Темза ѝ должи многу на својата местоположба и пристаниште кое го снабдувало Лондон со дрвена граѓа и житни култури.

Градби[уреди | уреди извор]

Хенлиски мост е мост со пет свода преку реката изграден во 1786. Црквата Св. Мери се наоѓа недалеку од тука и има кула изградена во XVI век.

Во околината на Хенли се наоѓаат неколку значајни приватни градби:

Денес[уреди | уреди извор]

Хенли е место добро поврзано со Лондон за оние кои не живеат во градот. Градот има своја железничка станица, со директни линии до Лондон Падингтон во најпрометните часови. Вон тие часови до таму се стигнува со менување на возот на Твифорд. покрај ова има и ескпресни магистрални линии од блиското место Рединг до Падингтон и Хај Викам со пристап до Лондон Мерилебон. Со малку возење по автопатот M40 може да се стигне директно во градот или на Хилингдон за Лондонското метро.

Градот има музеј основан во 1998, наречен Речен и веслачки музеј, кој е во Мил Медоус и е контруиран од архитектот Дејвид Чиперфилд. Музејот ги покрива тематиките Темза, веслањето како спорт и самиот град. Бил официјално отворен од кралицата Елизабета II.

Веслачка регата[уреди | уреди извор]

Хенли е светски познат центар на спортското веслање, каде секое лето се одржува т.н. Хенлиска кралска регата, важен друштвен настан за луѓето од средните и високите класи. Се одржува на место каде реката е природно права. Настанот станал кралски во 1851. таа година принцот Алберт станал покровител (патрон) на регатата. Интересно место е т.н. Храмски Остров, кој е мал остров на реката на кој е изграден архитектонски каприц.

На истото место се одржуваат и повеќе други регати и трки во веслање.

Локалните веслачки клубови се:

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Површина: Хенли на Темза (околија): Број на жители во околијата“. Neighbourhood Statistics. Служба за државна статистика. Архивирано од изворникот на 2011-06-22. Посетено на 21 март 2010.
  2. Сурејска Книга на судниот ден Архивирано на 30 октомври 2007 г. (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]