Хемија.нет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Hemija.net претставува единствен македонски медиум за популаризација на хемијата. Со своите своите богати содржини претставува извор за корисни информации за сите во Македонија кои покажуваат интерес за хемијата и сродните науки.

Почетоци[уреди | уреди извор]

Hemija.net започна да постои во македонскиот дел од хемискиот кибер простор во почетокот на двеилјадитата година како резултат на желбата на д-р Игор Кузмановски и дипл. инж. Марјан Кузмановски за полесна размена на информации помеѓу хемичарите од Македонија.

Во тој период хемискиот дел од интернет започна да станува се побогат. Иако тогаш во Македонија интернет беше во своите почетоци, идејата била постепено да се собираат, класифицираат и складираат податоци, информации и новости за тоа што се случува во областа на хемијата во светски рамки со што би се овозможило еден ден ова мрежно место да претставува незаобиколен дел за секој поединец во Македонија кој на некаков начин се занимава со хемија.

Денес[уреди | уреди извор]

Hemija.net претставува збирно место за голем број (претежно млади) љубители на хемијата и сродните науки. Помеѓу содржините на Hemija.net може да се најдат:

  1. На интернет уникатниот приоден систем на елементите на кој графички се визуализираат поголем број својства на елементите;
  2. Повеќе од 160 статии во врска со различни интересни достигнувања во областа на хемиската наука;
  3. База на податоци со повеќе од 800 врски до страници со содржини поврзани со хемијата;
  4. Во соработка со проф. д-р Методија Најдоски (од Институтот за хемија при Природно-математички факултет) на Hemija.net се публикуваат интересни видео експерименти и др.

Од нејзиното основање до денес уредник на Hemija.net e д-р Игор Кузмановски (од Институтот за хемија при Природно-математички факултет во Скопје).

Спонзор на Hemija.net[уреди | уреди извор]

Покрај ентузијазмот на нејзините основачи, Hemija.net опстојува сите овие години како резултат на спонзорството од страна на фирмата Фармахем од Скопје.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]