Хелсмуртел-Ван дер Аа синдром

Од Википедија — слободната енциклопедија

Синдромот Хелсмуртел-Ван дер Аа исто така познат како синдром АДНП, е ненаследна генетска состојба предизвикана од мутации во генот невропротектор хомеобокс (ADNP) зависен од активност.[1][2] Оваа состојба е ретка со 100 случаи што биле опишани до 2018 година.

АДНП синдромот, познат и како Хелсмортел-Ван ДерАа синдром, е автосомно-доминантна невроразвојна генетска болест предизвикана од мутации во генот АДНП кои се случуваат спонтано во 97 % од случаите што значи дека нема фамилијарна историја на болеста („де ново“ мутации). АДНП е предизвикан од мутација во генот зависен од активноста на невропротективна белковина кој се наоѓа на долгиот крак од хромозом 20 (20q12). Кога оваа мутација ќе се случи, белковинскиот производ може да биде отсутен, неисправен, неефикасен или создаден во прекумерност. Во зависност од функциите на одредената белковина, можат да бидат зафатени голем дел на органски системи, вклучувајќи го и мозокот. Доколку АДНП патогенетската варијанта е идентификувана кај член од фамилијата, потребно е пренатално тестирање.

Точниот број на дијагностицирани пациенти не е познат, но според некои податоци изнесува 1 на 20.000 од популацијата во САД и Европа. Како и многу други ретки болести, така и во овој случај, АДНП синдромот може да се пропушти или да остане недијагностициран, што допринесува кон неможноста за одредување на фрекфенцијата во генералната популација. Се смета дека АДНП синдромот е присутен во околу 0.17 % од индивидуите со аутизам. Досега во светот се дијагностицирани околу 250 деца, опишани во литературата.

Знаци и симптоми[уреди | уреди извор]

Овие се променливи и вклучуваат нарушувања на аутистичниот спектар, интелектуална попреченост, дисморфни одлики и хипотонија .

Клинички одлики[уреди | уреди извор]

Се одликува со:

  • хипотонија, односно неможност за самостојно седење и одење, низок раст, ран пубертет, дефицит на хормон за раст;
  • задоцнет говор;
  • нарушувања на слухот: стеснет ушен канал, чести воспаленија на средно уво сѐ до губиток на слух;
  • средно до тешка интелектуална попреченост;
  • карактеристични лицеви промени како: проминентно чело, широк корен на нос, краток нос;
  • спектар на аутистични нарушувања, невролошки промени (епилепсија, фокални напади);
  • потешкотии во хранењето, гастроезофагеален рефлукс, чести повраќања;
  • проблеми со видот, страбизам, вродена катаракта, колобома:
  • нарушувања на шаките и стапалата како полидактилија, клинодактилија, рамно стапало;
  • аномалии на мускулоскелетниот систем како сколиоза, деформитети на граден кош, хипермобилност на зглобови, деформитети на черепот;
  • проблеми со срцето (атријален и вентрален септален дефект, пролапс на митрална валвула);
  • уринарен систем (стеснети уретери, билатерален везикоуретерален рефлукс);
  • чести горнореспираторни и уринарни инфекции.

Децата со АДНП синдромот во раната возраст имаат тенденција лесно да се забавуваат и имаат среќно однесување слично на синдромот на Агелман. Ова често ја одложува дијагнозата за нарушувања во однесувањето, како што е аутизмот, дури и кога детето покажува многу аутистични одлики во раните години од животот. Можат да се појават и нарушувања на сонот, вклучувајќи апнеја при спиење, често будење во текот на ноќта, како и рано будење.

Поголемиот дел од засегнатите деца можат да ги исполнуваат критериумите за нарушување на спектарот на аутизам и можат да покажат лоша социјална интеракција и благи до тешки повторувачки (стереотипни) однесувања како што се повторувачки говор, нишање напред и назад, мавтање со раце, плескање со раце, триење со прсти или крцкање со прстите (93 %). Децата со АДНП синдром често имаат висок праг на болка (64 %). Многу родители пријавуваат дека нивното дете не чувствува болка, а некои пријавуваат фрактури без знаци на непријатност или ужасна болка. Ниската перцепција на болката во врска со проблемите во комуникацијата, може да им отежне на родителите да знаат кога нивното дете има болка или повреда.

Генетика[уреди | уреди извор]

Оваа состојба е предизвикана од мутации во генот AДНП. Овој ген се наоѓа на долгиот крак на хромозомот 20 (20q13.13).

AДНП е поврзан со абнормалности во автофагијата патека кај шизофренија.[3]

Патогенеза[уреди | уреди извор]

АДНП генот е вклучен во автофагијата патека. Неговата прецизна улога во овој процес е под активна истрага.

Дијагноза[уреди | уреди извор]

Ова се прави со секвенционирање на генот AДНП. Дијагнозата се поставува со молекуларно генетско тестирање кое може да открие мутации во генот АДНП. Тестирањето за мутации во генот е вклучено во секвенционирањето на целиот геном. Пренаталното тестирање исто така е возможно. На магнетната резонанција се присутни атипични лезии во белата маса, широки вентрикули, недоразвиен корпус калозум, церебрална атрофија, кортикалнадисплазија и хороидни цисти. Се препорачува генетско советување за засегнатите лица и нивните семејства.

Третман[уреди | уреди извор]

Третманот е симптоматски. Ова може да вклучува говор, професионална и физикална терапија и специјализирани програми за учење во зависност од индивидуалните потреби.

Третманот е симптоматски бидејќи сѐ уште не постои специфична терапија. Потребен е мултидисциплинарен пристап од страна на невролог, гастроентерохепатолог, кардиолог, нефролог, оториноларинголог, физијатар, како и психолог. Засегнатите деца можат да имаат корист од професионалната, физичката и говорната терапија. Некои деца бараат секојдневна терапија во текот на целата година. Водата и музичката терапија исто така биле корисни за некои засегнати деца. Може да биде потребен и третман на невропсихијатриски одлики. Понекогаш е потребна нутритивна поддршка. Индициран е и третман на офталмолошкиот и кардиолошкиот наод што може да се коегзистира.

Една мала студија од истражувачите од Центарот за истражување и третман за аутизам Сивер во болницата Маунт Синај сугерира дека ниските дози на кетамин може да бидат ефикасни во лекувањето на клиничките симптоми кај децата дијагностицирани со синдром АДНП (исто така познат како синдром Хелсмоортел-ВанДерАа).[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Генот првпат бил клониран во 1998 година, а синдромот првпат бил опишан во 2014 година[5] Синдромот бил дискутиран во 2021 година на конференцијата за случајот на LSU OMFS Baton Rouge.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Clinical Presentation of a Complex Neurodevelopmental Disorder Caused by Mutations in ADNP“. Biological Psychiatry. 85 (4): 287–297. March 2018. doi:10.1016/j.biopsych.2018.02.1173. PMC 6139063. PMID 29724491.CS1-одржување: display-автори (link)
  2. „ADNP syndrome: MedlinePlus Genetics“. medlineplus.gov (англиски). Посетено на 2022-09-07.
  3. „ADNP Plays a Key Role in Autophagy: From Autism to Schizophrenia and Alzheimer's Disease“. BioEssays. 39 (11): 1700054. November 2017. doi:10.1002/bies.201700054. PMID 28940660.
  4. Hospital, The Mount Sinai. „New study suggests ketamine may be an effective treatment for children with ADNP syndrome“. medicalxpress.com (англиски). Посетено на 2022-09-07.
  5. „A SWI/SNF-related autism syndrome caused by de novo mutations in ADNP“. Nature Genetics. 46 (4): 380–4. April 2014. doi:10.1038/ng.2899. PMC 3990853. PMID 24531329.