Хелмут Фетер
Хелмут Фетер (21 март 1910 година во Растенберг – 2 февруари 1949 година) бил СС- Хаупсттурмфирер и нацистички воен злосторник.
Фетер бил доктор во концентрацискиот логор Аушвиц, назначен за главен доктор од страна на Рајхсфирерот-СС Хајнрих Химлер. Тој им се придружил на другите лекари (како Ханс Кениг, Хајнц Тило и Фриц Клајн) во задачата за селекција на способни Евреи за работа на индустриските машини и испраќање на останатите во гасните комори. Тој, исто така, вршел медицински експерименти врз затвореници, вклучувајќи инјекции со фенол. Како платен службеник на ИГ Фарбен (германски: IG Farben), Фетер, исто така, намерно ги инфицирал затворениците во Аушвиц, Дахау и Гузен за да спроведува медицински експерименти. По војната, Фетер бил прогласен за виновен за воени злосторства и осуден на смрт. Бил обесен во затворот Ландсберг на Лех.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „SS Camp Physicians - KZ-Gedenkstätte Mauthausen“. www.mauthausen-memorial.org. Архивирано од изворникот на 2023-01-24. Посетено на 2022-09-07.