Хелена Ранта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хелена Ранта

Мери Хелена Ранта (фински: Meri Helena Ranta; р. 11 јуни 1946) — форензички стоматолог од Финска. Станува позната по своите придонеси кон неколку меѓународни форензички истражувања на конфликти, како оние во Косово. Сведочи на судењето на поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ по нејзиното форензичко истражување во косовското село Рачак. Исто така е дел од истрагата на потонувањето на ферибродот МС Естонија.[1]

Д-р Ранта е дел од тимот што ги истражуваше наводните израелски масакри во палестинскиот бегалски камп во Џенин.[2]

Во прилог на својата форензичка работа, таа е предавач на Универзитетот во Хелсинки, редок случај на лиценцијат да држи позиција која обично е резервирана за оние со истражувачки докторати.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Helena Ranta testifies at Milosevic trial in The Hague“. Helsingin Sanomat International Edition. Helsinki: Helsingin Sanomat Oy. 13 March 2003. конс. 9 March 2016. 
  2. U.N. News: In Geneva, Jenin fact-finding team continues work, adds staff 29 April 2002