Хела (грчка митологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хела и Фрикс

Хела (грчки: Έλλη, Предлошка:Lang=lat) — ќерка на орхоменскиот крал Атамант и божицата на облаците Нефела.[1]

Митологија[уреди | уреди извор]

Хела, со својот брат Фрикс, поминала мачно детство бидејќи нивниот татко ја напуштил нивната мајка Нефела и ја довел Ина, ќерката на тебанскиот крал Кадмо, која ги мразела од самиот почеток.

Ина, со своите сплетки успеала да го наговори Атамант да им го жртвува својот син Фрикс на боговите. Кога Атамант го водел својот син кон жртвеникот, Нефела испратила голем овен со златно руно кој ги зел Фрикс и Хела на својот грб и полетал со нив кон исток. На патот, за време на летот, кога се нашле над морскиот теснец кој ги одвојува Европа и Азија, Хела не успеала да се додржи на овенот и паднала во морето.

Фрикс не успеал да ја спаси својата сестра, но во нејзино сеќавање, го нарекол морето во кое паднала Хелинско Море - Хелеспонт. Цел среден век тоа море се нарекувало со името на Хела, а денес тоа се Дарданелите.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Замаровски 1985, стр. 128.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Замаровски, Војтех (1985). Јунаци античких митова: Лексикон грчке и римске митологије. Загреб.