Хевиз (езеро)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Езеро Хевиз
Медицинска бања во Хевиз
ПодрачјеХевиз
Координати46°47′14″N 17°11′35″E / 46.78722° СГШ; 17.19306° ИГД / 46.78722; 17.19306Координати: 46°47′14″N 17°11′35″E / 46.78722° СГШ; 17.19306° ИГД / 46.78722; 17.19306
Сливни земјиУнгарија
Површина&100000000000004750000000,0475 км2
Проточност28 часа

Хевиз (унгарски: Hévízi-tó) – езеро во Унгарија кое се наоѓа во жупанијата Зала, западно од езерото Балатон и на 8 км од градот Кестхељ.

Езерото Хевиз, со површина од 4,75 ха, по големина е второ термално езеро на светот. Текот на водата е толку силен што се верува дека целата количина на вода на езерото се заменува за еден ден.

Се верува дека водата на езерото има позитивни здравствени ефекти, па заради тоа околината на езерото е приспособена на здравствениот туризам.

Географија на езерото[уреди | уреди извор]

Бањи на езерото

Езерото има овален облик и од неговата северна страна два потока го снабдуваат со вода. Исто така има свои сопствени термални извори на јужната страна, кои му даваат терапевтски ефекти и зголемена температура. Во лето просечната температура на водата е од 33 до 35 °C, а во потоплите денови од 36 до 38 °C. Во есен и во зима просечната температура на водата е во распон од 24 до 26 °C. На југ се наоѓа каналот преку кој вишокот вода се одлева во реката Зала и понатаму во Балатон.

Околните шуми на површина од 50 ха помагаат за одржување на микроклимата на езерото, така што сите позитивни ефекти доаѓаат до максимален израз во текот на целата година.

Во 1972 година вршени се научни истражувачки мерења и според тие податоци, најголемата длабочина на езерото и изворите е 38,5 м. Кратерот на изворите лежи во песочно-каменито дно, со ширина 2-3 метри, длабочина 60-80 см, и дава 35 000 литри вода во минута со температура од 39,5 °C.

Микроорганизми во езерото[уреди | уреди извор]

Бањите на езерото од другата страна

Флората и фауната на езерото се единствени токму заради температурата на и хемискиот состав на водата која е благо реактивна и содржи сулфур во различни облици како и кислород. Одредени видови може да се најдат само тука.

Бактериите се доминантен животен облик во езерото. Најчеста бактерија е термофилната цијанобактерија, влакнестата сино-зелена алга.

Тектонските бактерии се типични за ова езеро, се наоѓаат во кратерскиот дел од езерото и играат голема улога во циклирањето на сулфурот.

Бактеријата Micromonospora heviziensis е многу силна белковина и разградувач на целулозата која може единствено тука да се најде.

Зелените алги може да се најдат по цело езеро освен во делот каде што се наоѓаат езерските извори.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]