Хеврон

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Хеброн)
Поглед на стариот дел на Хеврон, изграден околу Пештерата на Патријарсите

Хевронпалестински град во јужниот дел на Западен Брег, на 30 километри јужно од Ерусалим. Тој е најголемиот град во Западниот Брег и втор по големина во териториите управувани од Палестина, после Газа. Сместен во Јудејските Планини, градот лежи на надморска височина од 930 метри. Според пописот од 2016 година, Хеврон има население од 215.452 Палестинци[1], а меѓу 500 и 850 Евреи живеат на периферијата на Стариот град Хеврон.[2]

Евреите, христијаните и муслиманите го почитуваат Хеврон поради неговата поврзаност со Авраам: Во стариот дел на Хеврон се наоѓа Пештерата на Патријарсите. Јудаизмот го вреднува Хеврон како најсветиот град после Ерусалим, додека некои муслимани го сметаат за еден од четирите свети градови.[3] Стариот дел на Хеврон е прогласен за Светско наследство од УНЕСКО во 2017 година.[4]

Договорот од Хеврон од 1997 година го дели градот на два сектори: H1, управуван од Палестинската самоуправа, и H2, речиси 20 % од градот, под управа на Израел. Евреите имаат свое тело за локална самоуправа наречено Комитет на еврејската заедница на Хеврон.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Localities in Hebron Governorate by Type of Locality and Population Estimates, 2007–2016, Palestinian Central Bureau of Statistics, 2016.
  2. Katz, Yaakov. „Jpost“. Jpost. Архивирано од изворникот на 11 јануари 2012. Посетено на 12 ноември 2009.
  3. Aksan, Virginia H.; Goffman, Daniel (2007). The early modern Ottomans: remapping the Empire. Cambridge University Press. Посетено на 13 октомври 2010. Сулејман се сметаше за владетел на четирите свети градови на исламот и, заедно со Мека и Медина, ги вклучи Хеброн и Ерусалим во неговиот прилично долг список на службени титули
  4. Adamczyk, Ed (7 јули 2017). „UNESCO declares Hebron, West Bank, a world heritage site“ (англиски). UPI. Посетено на 7 јули 2017.