Хаџирамаданова џамија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хаџирамаданова џамија
Xhamia e Haxhi Ramadan Beut 1.jpg
Поглед на џамијата
Основни податоци
МестоРесен, Македонија
Координати41°5′24″N 21°0′41″E / 41.09000° СГШ; 21.01139° ИГД / 41.09000; 21.01139Координати: 41°5′24″N 21°0′41″E / 41.09000° СГШ; 21.01139° ИГД / 41.09000; 21.01139
Припадностсунитски ислам
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилраноосманлиски
Завршен1592
Особености
Минариња1

Хаџирамаданова џамија (или Долна џамија) — стара османлиска џамија во градот Ресен. Му припаѓа на Ресенското муфтиство на ИВЗ.[1][2]

Храмот е сместен во центарот на градот. Изграден е во 1592 година според натписот на влезот. Обновен е во 1971 година, при што е зачуван главниот облик на градбата, но орнаментиката е променета.

Според муслиманските преданија раскажани од ресенскиот оџа, Хаџирамадановата и Хаџимуратовата џамија (другиот муслимански храм во Ресен) се изградени од двајца браќа од Битола по име Хаџи Радаман и Хаџи Мустафа. Според христијанските преданија, обете џамии са изградени на местата некогашни цркви; на местото Хаџирамадановата џамија се наоѓал храмот „Св. Петка“. Нејзиниот поп се потурчил и станал муслимански духовник, но од почит кон христијанството ги собрал предметите и светињите од црквата и ги ставил на чување во сандак во џамискиот подрум.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 273. ISBN 9789989920554.
  2. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија (PDF). Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 21. ISBN 978-608-65143-2-7. Архивирано на 24 јануари 2014 г.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]