Хајке Дрехслер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хајке Дрехслер
Heike Drechsler
Дрехслер во скок во далечина
Лични податоци
Родено имеХајке Габриела Дауте[1]
Прекар(и)Хајке Спикс[1]
Националностгерманска
Роден(а)16 декември 1964(1964-12-16)(59 г.)[1]
Гера, Тирингија, Источна Германија[1]
Висина181 cm[1]
Тежина68 кг[1]
Спорт
СпортАтлетика

Хајке Габриела Дрехслер (германски: Heike Gabriela Drechsler), со моминско презиме Дауте, (16 декември 1964, Гера) — германска и поранешна источногерманска спортистка. Таа е една од најуспешните натпреварувачки во скок во далечина на сите времиња и исто така имала неколку успеси во спринтерските дисциплини. Таа е единствената жена која во скок во далечина освоила две олимписки златни медали (1992 и 2000 година).

Дрехслер е родена во Гера, Тирингија, во тоа време дел од Источна Германија. Како тинејџерка таа била активна во Слободна германска младина, а во 1984 година беше избрана во Фолкскамер (Volkskammer, Народно собрание) на Источна Германија.

Првично во кариерата, како тинејџерка, била многу успешна во скок во далечина, Дрехслер направила транзиција во светот на елитните спринтови во 1986 година на 21-годишна возраст. Таа се омажила за Андреас Дрехслер во јули 1984 година и оттогаш се натпреварувала како Хајке Дрехслер. Тренер ѝ бил Ерих Дрехслер, нејзиниот свекор.

Освен нејзиниот успех на Олимписките игри, Дрехслер освоила две Светски првенства во скок во далечина (1983 и 1993), како и златни медали во скок во далечина и 200 метри спринт на Светското првенство во затворено во 1987 година. Исто така имала бројни успеси на европските и германските првенства. Најголемиот соперник на Дрехслер во скок во далечина ѝ била Џеки Џојнер-Керси, со која биле многу добри пријатели.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Heike Drechsler“. sports-reference.com. Sports Reference. Архивирано од изворникот на 23 May 2015.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Скок во далечина Атлетика

Надворешни врски[уреди | уреди извор]