Хајду (Унгарци)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хајду

Хајдуци (унгарски: Hajdúk) − етничка група на Унгарци кои живеат во округот Хајду-Бихар во Унгарија со Дебрецин како главен град.

Историја[уреди | уреди извор]

Хајдуците своите права на слободни граѓани (витези) и привилегии ги добиле на 12 декември 1605 година во Корпонан за време на владеењето на Бочкаи Иштван во тогашното Ердељско Кнежевство, за заслуга во тогашната петнаесетгодишна ослободителна борба (1591—1606) и успеале да ја задржат во текот на наредните векови и имале своја самоуправа сè до 1867 година кога делот од стариот округ на Бихар се споил со округот на Хајду и оформил нов, со Дебрецин како главен град.

Градови[уреди | уреди извор]

Шесте градови каде живееле 9254 слободни Хајдуци (Витези) се:

Потекло[уреди | уреди извор]

Има повеќе теории за името на Хајду и потеклото на оваа етничка група, но највалидно е дека Хајдуците се по потекло Срби кои за времето на владеењето на кралот Жигмонд преминале од Србија во Унгарија добиле земја и за возврат им служеле на благородниците и на кралот во војните за одбрана на Унгарија од Турците. Со текот на времето се претопиле со околното население и станале етничка група на Унгарци со посебна историја.

На оваа теза i оди во прилог историскиот факт дека има доста Срби, кои за да го избегнат нападот од Турците, преминале во Унгарија и се населувале на левиот брег на Тиса. Во 16 век Бесермењот во официјални документи честопати бил нарекуван Рац−Бесермењ. Во тоа време Унгарците Србите ги нарекувале Раци. Србите во тоа време во Унгарија биле многу ценети војници, а и од самиот крал добиле привилегии кои ги имале само одбрани витези во Трансилванија, Секељи и Саси, кои исто така ја делеле истата судбина со Хајдуците, ја бранеле Унгарија од Турците и така ги остварувале своите привилегии.

Поврзано[уреди | уреди извор]