Хачико

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хачико (ハチ公?)
Хачико(c. 1935)
Вид куче (Canis lupus familiaris)
Раса Акита
Пол Мажјак
Од Јапонија
Познато по Чекајќи постојано за враќање на неговиот починат сопственик повеќе од девет години до неговата смрт..
Одликувања 1. бронзена статуа на Хачико во станицата Шибуја (укината)2. бронзена статуа на Хачико во Станица Шибуја (кадешто чекал)бронзена статуа на Хачико во станицата Одате, Јапонијабронзена статуа на Хачико пред Акита кучешкиот музеј во Одате, Јапонија бронзена статуа на Хачи на плоштадот Депо, бронзена статуа на Хачико и Хадесабуро Уено на Универзитетот во Токио, Јапонија
Титула chūken Hachikō (忠犬ハチ公 faithful dog Hachikō?)
Господар Хидесабуро Уено
Деца None
Тежина 41 kg
Висина 64 cm[1]
Изглед Златно светло кафеава со бела боја (бела праска) на горниот дел од лицето

Хачико (јапонски|ハチ公) 10 ноември, 1923 — 8 март 1935 година), познат во Јапонија како Чутен Хачико (јаз-јапонски 忠犬ハチ公 — верното куче Хачико) е куче од јапонската раса акита, родено на фарма во префектурата Акита, станало познато во октомври 1932 година, после репортажата на еден јапонски новинар за кучето, кое со години на железничката станица го чекало својот покоен стопан да се врати од работа.[2]

Приказната за Хачико[уреди | уреди извор]

Кучето влегло во историјата поради својата голема верност спрема својот сопственик, јапонскиот професор Хидесабуроу Уено, предавач на токискиот универзитет. Хачико, кој професорот го добил во 1924 година, секој ден одело до најблиската железничка станица Шибуја, каде го чекал својот господар при враќање од работа. Меѓутоа во 1925 година, професорот Хидесабуро Уено на работа доживеал инфаркт од кој умрел. Сепак, лојалноста на кучето траела полни десет години, каде било пронајден мртво пред станицата во Шибуја и до својот последен ден одело да го чека својот господар.[2] На станицата Шибуја во чест на кучето Хачико стои негов споменик, подигнат за неговиот живот во април 1934 година.[3][4] Неговите препарирани остатоци се наоѓаат во јапонскиот Народен музеј на науката во Уено, Токио.[2] Споменикот бил уништен за време на Втората светска војна и обновен во 1948 година. Во 2015 година, Универзитетот Токио во чест на Хачи и неговиот омилен човек, поставил и втор споменик кој ја прикажува нивната конечна средба. Во местото Одате, на педесетогодишницата од основањето на Здружението за сочувување на расата акита, отворен бил и музејот посветен на Хачи. Во Токио на станицата Шибуја, секоја година љубителите на кучињата организираат церемонија во сеќавање на ова верно куче.

Влијание врз културата[уреди | уреди извор]

До сега се снимени неколику филмови за Хачико:

  • Хачикова приказна (јапонски-ハチ公物語), јапонски филм од 1987 година.[5]
  • Хачико- приказна за кучето (англески-Hachi: A Dog's Tale) американски филм од 2009 година, меѓутоа филмското сценариото се случувало во Америка, а името на кучето е променето во Хачи.[6]

Пребарувачот Гугл на 10 ноември 2012 године, на 89-от роденден на кучето Хачико, ја користел неговата слика како лого.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]