Хаттори Ханзоо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хаттори Ханзоо
服部 半蔵
Hattori Hanzo.jpg
На македонски изговор „Хатори Ханзо“.
Прекари„Хаттори Ханзоо Демонот",
„Демонот Ханзоо"
Роден~1542
Провинција Микава
Починал4 ноември 1596 (возраст 55)
Едо
Битки/војни

Војни Теншо Ига

Хаттори Ханзоо (јап.服部 半蔵?, ~1542 г. – 4 ноември 1596 г.), на македонски изговор „Хатори Ханзо“, исто така познат и како Хаттори Масанари (јап. 服部 正成), бил познат самурај и нинџа од Сенгоку периодот, за кого се верува дека го спасил Токугауа Иејасу, и му помогнал да стане владетел на обединета Јапонија.[1][2] Денес, тој често се појавува во модерната популарна култура.

Животопис[уреди | уреди извор]

Тој бил син на Хаттори Ханзоп Јасунага, самурај кој служел во кланот Матсудаира (подоцна Токугауа).[3][4] Подоцна го добил прекарот „Демонот Ханзоо“ (鬼の半蔵 Они но Ханзо)[4] поради бестрашната тактика, како и за да се разликува од Уатанабе Ханзоо (Уатанабе Моритсуна), кого го нарекувале и Јари но Ханзоо (槍の半蔵, „Копјето Ханзоо“).[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Masaaki Hatsumi, Essence of Ninjutsu: The Nine Traditions (1988), p. 178
  2. Jason Glaser, Don Roley, Ninja (2006), p. 26
  3. Stephen Turnbull, Ninja AD 1460-1650 (2003), p. 12
  4. 4,0 4,1 Joel Levy, Ninja: The Shadow Warrior (2008), p. 157-158
  5. Stephen K. Hayes, The Mystic Arts of the Ninja (1985)