Хасанагиница (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Хасанагиница - југословенски филм од 1967 година, во режија на Миодраг Миќа Поповиќ. Главните улоги ги играат: Милена Дравиќ, Раде Марковиќ, Реља Башиќ, Растислав Јовиќ. Филмот е снимен по мотивите на истоимената народна песна.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Пред подолго време, Хасанага го напуштил домот и заминува во воен поход, оставајќи ги дома жената Зејна (ја игра Дравиќ) со двете деца и старата слугинка. Во посета на Зејна доаѓа нејзиниот брат Мурат, жалејќи се дека водата му ја однела земјата и бара од сестрата пари за да купи нова земја од кадијата во Имотски (го игра Башиќ). Зејна нестрпливо го чека агата, но од сите страни трпи притисоци да се омажи за кадијата. Притоа, средбата со него станува фатален, зашто таа одвоена од децата. Најпосле, Зејна се согласува да се омажи за кадијата, но кога свадбената поворка минува низ селото, таа ги здогледува своите деца и умира од тага.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]