Хасанагиница

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Хасанагиница (песна))
Хасанагиница
Првото издание на песната со наслов „Тажна песна за племенитата жена на Хасан-ага“ се појавило во делото „Патување во Далмација“ од Алберто Фортис од 1774 година.
Првото издание на песната со наслов „Тажна песна за племенитата жена на Хасан-ага“ се појавило во делото „Патување во Далмација“ од Алберто Фортис од 1774 година.
Создаден 1646–49
Место Имотски, Босански пашалук, Отоманско Царство
Автор(и) народно творештво
Намена тажна песна

Хасанагиница — босанска, српска и хрватска епска песна.

Содржина[уреди | уреди извор]

Во планината лежел ранет Хасан-ага, а го негувале мајка му и сестра му. Кога закрепнал, тој ѝ порачал на сопругата да не го чека дома. Тогаш, Хасанагиница ја посетил нејзиниот брат, кој ја вратил во нејзината родна куќа, така што таа се разделила од двата сина и двете ќерки. По една седмица, неа ја побарал за жена кадијата од Имотски. И покрај противењето на Хасанагиница, нејзиниот брат ја омажил за кадијата. Кога свадбената поворка поминала крај куќата на Хасан-ага, Хасанагиница изразила желба да ги дарува децата. Тогаш, Хасан-ага ги повикал синовите да се вратат дома, а Хасанагиница од жал за децата умрела.[1]

За песната[уреди | уреди извор]

„Хасанагиница“ била преведена на италијански јазик и во 1774 година била објавена во Фортисовата книга „Пат во Далмација“, следната година била преведена на германски јазик од страна на Вертес, а во 1778 година неа ја превел Гете при што таа била објавена во Хердеровите „Народни песни“. Истата година се појавил и францускиот превод на песната, а во 1799 година, Валтер Скот ја превел на англиски јазик (според преводот на Гете), но овој превод не бил објавен. Подоцна, во 1821 година, Шарл Нодје ја превел „Хасанагиница“ на француски јазик и ја објавил како дел од книгата „Смара“, а во 1827 година таа се појавила во превод на Проспер Мериме (кој песната ја претставил како превод од илирски јазик) во неговата книга „Гусли“.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Хасанагиница“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 431-433.
  2. В.Ђ., „Поговор - О записивању и превођењу“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 491-493.