Хари Хилман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хари Хилман
Лични податоци
НационалностАмериканец
Роден(а)8 септември 1881(1881-09-08)
Бруклин, Њујорк, САД
Починал(а)9 август 1945(1945-08-09) (возр. 63)
Спорт
Земја САД
СпортАтлетика
Дисциплини400м, 400м со пречки

Хари Ливингстон Хилман помладиот (8 септември 1881 – 9 август 1945) — американски атлетичар, специјалист за трки на средни патеки и трки со пречки, освојувач на три златни олимписки медали на Летните олимписки игри 1904 одржани во Сент Луис.

До првите големи титули, Хилман стигнал во 1902 година, освојувајќи ги првенствата во јуниорска и сениорска конкуренција на 220 јарди со пречки. Тоа му успеало и следната година, со што бил именуван во олимписката репрезентација. Хилман бил двапати член на олимписката делегација на САД, на Летните олимписки игри во 1904 во Сент Луис и 1908 во Лондон.

На игрите во 1904 во Сент Луис, Хилман учествувал во три дисциплини, трката на 400 метри, трката на 200 метри и трката на 400 метри со пречки. Тој успеал да ги освои златните медали во сите три трки, со што станал само еден од тројцата трикратни победници на игрите. Во сите три трки тој поставил нови олимписки рекорди, но рекордот на трката на 400 метри со пречки не му бил признат бидејќи висината на пречките била за петнаесет сантиметри пониска од пропишаната.

Хилман учествувал на Олимписките меѓуигри во 1906 одржани во Атина. Тој се натпреварувал само на трката на 400 метри, но поради повреда која ја добил за време на патувањето со брод, завршил на петтото место.

На Летните олимписки игри 1908, Хилман го освоил сребрениот медал на трката на 400 метри со пречки, истрчувајќи време од 55.3 секунди, три стотинки зад сонародникот Чарлс Бејкон кој поставил светски рекорд.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]