Хари Никвист

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хари Никвист
Роденфевруари 7, 1889(1889-02-07)
Нилсби, Стора Кил, Вермланд, Шведскла
Починал4 април 1976(1976-04-04) (возр. 87)
Харлинџен, Тексас, САД
ЖивеалиштеСАД
Државјанствошведско/американско
Националностшведска
ПолињаИнженер по електроника
УстановиБелови лаборатории
ОбразованиеУниверзитет Јејл
Универзитет во Северна Дакота
Докторски менторХенри Ендрјус Бамстед
Познат поНиквист-Шенонова теорема на земање примероци
Никвистова брзина
Џонсон-Никвистов шум
Никвистов критериум за стабилност
Никвистов ИСИ критериум
Никвистова честота
Никвистов филтер
Флуктуационо-дисипациона теорема
Поважни наградиМедал на честа ИЕЕЕ (1960)
Медал на Стјуарт Балантајн (1960)
Медал на Руфус Олденбургер (1975)
Спомен-обележје на Никвист на Универзитетот во Северна Дакота

Хари Никвист или Хари Најквист (шведски: Harry Theodor Nyqvist); (Стора Кил, 7 февруари 1889 - Харлинџен, 4 април 1976) - американски електронски инженер со шведско потекло, кој дал значителен придонес за теоријата на информации.

Животопис[уреди | уреди извор]

Никвист е роден во градот Стора Кил, Нилсби, Вермланд, Шведска. Бил син на Ларс Џонсон Никвист (р. 1847) и Катрине Ериксдотер (р. 1857 година). Неговите родители имале седум деца: Елин Тереза, Астрид, Селма, Хари Теодор, Емери, Олга Марија и Аксел. Никој од нив не бил крстен. Никвист емигрирал во САД во 1907 година.

Образование[уреди | уреди извор]

Се запишал на Универзитетот во Северна Дакота во 1912 година, дипломирал електротехника во 1914 година, а магистрирал во 1915 година. Докторирал физика на Универзитетот Јејл во 1917 година.

Кариера[уреди | уреди извор]

Работел во AT&T, во одделот за развој и истражување од 1917 до 1934 година, и продолжил кога таа компанија била трансформирана во Белови лаборатории во истата година, до неговото пензионирање во 1954 година.

Никвист го добил Медалот на честа на IEEE во 1960 година за „фундаментален придонес во квантитативното разбирање на термалниот шум, преносот на податоци и негативните повратни информации.“ Во октомври 1960 година, бил награден со Медалот Стјуарт Балантин на Френклиновиот институтот „за неговите теоретски анализи и практични пронајдоци во областа на комуникациските системи над изминатите четириесет години, вклучувајќи ги, особено, неговите оригинални дела од областа на теоремите за телеграфски пренос, термалниот шум во електричните спроводници и историјата на системите за повратни информации“. Во 1969 година Националната академија за инженерство му го доделила четвртиот основачки медал „за многуте негови фундаментални придонеси во инженерството“.

По пензионирањето, Никвист живеел во Фаро, Тексас а починал во Харлинџен, Тексас на 4 април 1976 година.

Технички придонеси[уреди | уреди извор]

Како инженер во Беловите лаборатории, Никвист дошол до значајни откритија на полињата на термалниот шум („Џонсон-Никвистов шум “), стабилноста на повратните информации на засилувачите, телеграфијата, факсимилот, телевизијата и други значајни телекомуникациски проблеми. Со Херберт Е. Ајвс, помогнал да се развијат првите факсимили на компанијата AT&T кои биле објавени во јавноста во 1924 година. Во 1932 година, објавил класичен труд за стабилноста на повратните засилувачи.[1] Никвистовиот критериум за стабилност сега може да се најде во сите учебници за теоријата за контрола на повратните информации.

Неговите порани трудови за одредување на барањата за пропусниот опсег за пренос на информации ја поставиле основата за подоцнежната работа на Клод Шенон,[2] што довело до развој на теоријата на информации.

Во 1927 година, Никвист утврдил дека бројот на независни импулси кои можат да поминат низ телеграфски канал во единица време е ограничен со двократниот пропусен опсег на каналот. Никвист ги објавил своите резултати во посебен труд во 1928 година. Ова правило е во суштина дуално на она што сега е познато како Никвист-Шенонова теорема за земање примероци.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. H. Nyquist, "Regeneration theory", Bell System Technical Journal, vol. 11, pp. 126-147, 1932
  2. Nyquist, Harry. "Certain factors affecting telegraph speed". Bell System Technical Journal, 3, 324–346, 1924

Надворешни врски[уреди | уреди извор]