Харитон (охридски архиепископ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Macedonian cross.svg
Харитон
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Архиепископ од околу 1643
Архиепископ до околу 1651
Претходник Даниил
Наследник Дионисиј I
Роден
Починал XVII век
Други архиепископи со име Харитон

Харитон — јеромонах и охридски архиепископ во период во 21 октомври 1641 до 1651 година.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Грамота од поглаварот на Охридската архиепископија Харитон до рускиот цар Алексеј М. Романов со барање материјална и морална помош за црквата во Македонија.

Игуменот Герман на кременишкиот манастир „Успение Богородично“ од Костурско добил потпишана грамота од него како архиепископ, наменета за рускиот цар. Има и други зачувани грамоти со негов архиепископски потпис, наменети за неговите владици, што оделе да собираат милостина во Русија (кариополскиот епископ Неофит 1644-1645,гревенскиот митрополит Гаврил септември 1646 и корчанскиот митрополит Гаврил септември 1646 и костурскиот митрополит Кипријан 1651). Тоа биле економски тешки години на сиромаштија и задолженост на Охридската архиепископија, поради што побарал помош од рускиот патријарх и од рускиот цар за откуп на заложените црковни драгоцености. Има претпоставки дека повторно бил избран за архиепископ (1651).[2][3][4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грозданов, Цветан (2007). Живописот на Охридската архиепископија: студии. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 
  2. Иван Снегаров, Историја на Охридската архиепископија том II Од потпаѓањето под турска власт се до нејзиното укинување (1394-1767), Софија 1931
  3. Јован Белчовски, Хронолошки список на поглаварите на Охридската архиепископија (патријаршија), „Годишен зборник“ на Богословски факултет „Свети Климент Охридски“, книга 8 Скопје 2002
  4. Славко Димевски, Историја на македонската православна црква, Скопје, 1989