Харе Кришна (мантра)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Маха мантра[уреди | уреди извор]

Мантрата Харе Кришна,со почит нарекувана Маха мантра (Велика мантра), е ваишнавска мантра составена од 16 зборови. За првпат се појавила во Упанишадите Кали-Сантарана и од 15 век па наваму му дала значење на движењето на Бактите кои го следеле учењето на Чејтања Махапрабу. Според ваишнавската теологија свеста на човекот и целта на човечкиот живот е чистата љубов од Господ (Кришна). Од 1960 години на минатиот век мантрата стана позната и надвор од Индија, благодарение на А.К. Бактиведанта Свами Прабхупада и неговото Меѓународно друштво за свесноста за Кришна (попознати како Харе Кришки (во Македонија)).

Маха-мантра

Мантра[уреди | уреди извор]

Мантрата Харе Кришна содржи санскритски имиња во вокативен падеж : Харе, Кришна и Рама. Напишана е со посебен ритам анустуб (санскрит) со кој се формира строфата (станца).

Харе Кришна Харе Кришна Кришна Кришна Харе Харе Харе Рама Харе Рама Рама Рама Харе Харе

„Харе“ може да се протолкува како вокатив од „Хари“- другото име на Вишну што значи „оној кој ја уништува илузијата“, или пак како вокатив од „Хара“- другото име на Рада, вечната придружничка на Кришна – Шакти. Според А.К. Бактиведанта Свами Прабхупада, со Хара се мисли на енергијата на Бог, додека Кришна и Рама се самиот Бог, што значи „Оној кој е Сепривлечен“ и „Оној кој е извор на сето задоволство“. Рама може да се мисли на Рамачандра или на Кришна како Рада-Раман- другото име на Кришна што значи љубениот на Рада. Кришна е исто така наречен Рама во химната Вишну Сахасранама, која ја кажува Бишма во чест на Кришна по војната Курукшетра. Рама може да биде и скратена форма од Баларама, првата експанзија на Кришна. Мантрата се повторува или на глас (киртан), тивко само за себе (џапа) и во себе. Самиот процес на пеење на мантрата А. К. Бактиведанта Свами го опишува на следниов начин :

„Свесноста за Кришна не е вештачко наметнување за умот. Оваа свест е првобитната енергија на секој ентитет. Кога ја слушаме транцеденталната вибрација свесноста е оживеана ... Ова пеење на мантрата Харе Кришна Харе Кришна, Кришна Кришна Харе Харе, Харе Рама Харе Рама, Рама Рама Харе Харе произлегува директно од духовната платформа и со оваа звучна вибрација ги надминува пониските делови на свеста како што се чувствата, умот и интелигенцијата..... И како такви луѓето можат да учествуваат во пеењето без каква било претходна квалификација.

Историја[уреди | уреди извор]

Дрвото „Харе Кришна “ во Томпкинс Сквер Парк е дрвото под кое за првпат јавно Бактиведанта Свами ја запеа мантрата Харе Кришна надвор од Индија. Оваа мантра за првпат е потврдена во Упанишадот Калисантарана, додека Ваишнавскиот Упанишад ја поврзал со Кришна Џајурведа. Во овој Упанишад Брама го иницира Нарада (преведено од санскрит од страна на К. Н. Аијар):

„Слушај го она што Шрутите (Ведите) го кријат, затоа што само со тоа знење човекот може да помине преку самсарата (световното постоење) на Кали, Тоа ги оттргнува лошите ефекти од Кали само со обично повторување на името на Божеството Нарајена, кој е првичниот Пуруша.“

Нарада бара од Брама да му го каже оваа име на Нарајена, а Брама одговара :

„Харе Рама Харе Рама, Рама Рама Харе Харе, Харе Кришна Харе Кришна, Кришна Кришна Харе Харе. Овие шеснаесет имиња ќе ги уништат лошите ефекти од Кали. Нема да најдеш подобри средства за преминување на самсарата од овие кои се запишани во Ведите“

Мантрата ја пропагирал Чејтања Махапрабу и таа станала популарна околу 1500 година од нашата ера кога тој ја раширил низ „секој град и село“ во светот, патувајќи низ Индија посебно во областите Бенгал и Ориса. Некои верзии од Упанишадот Кали Сантарана ја даваат мантрата со Харе Рама на почеток ( како што е означено погоре ), а некои пак со Харе Кришна на почеток, како што е во ракописот од Навадвипа. Последниот формат е многу повообичаен за Ваишнавската традиција. Се верува дека мантрата е исто така моќна и кога е изговорена во обратен редослед.

А. К. Бактиведанта Свами Прабупада, кој бил поклоник на Кришн со многу чиста душа, и како наследник на редот на неговиот гуру Шрила Бактисиданта Сарасвати Такураги, ги донел учењата на Шри Чејтања од Барат, Индија и сам ја презел одговорноста да ги рашири низ западниот свет. Започнал во Њујорк во 1965 година и во последните 11 години од неговиот живот 14 пати го обиколил светот. Со тоа тој ја претворил Харе Кришна во многу позната фраза на сите страни на светот.

Културата на Хипиците[уреди | уреди извор]

Кон крајот на 1960-тите години и почетокот на 1970-тите многу луѓе ги мешале поклониците на Харе Кришна со хипиците. Всушност вистинските поклоници на Харе Кришна биле многу далеку од одредени хипици. Иако Прабупада бил отворен за кој било да стане поклоник на Кришна, тие морале да се придржуваат до 4-те принципи, меѓу кои и строгата забрана (апстиненција) за земање дроги вклучувајќи ја и марихуаната. Блаженство и радост се постигнуваат со пеење на светите имиња на Бог.

Бродвејскиот мјузикл за хипизмот „Коса“ има песна „Биди ин“ (Be-In) во која е впишана и мантрата заедно со некои други стихови.

Поп-културата[уреди | уреди извор]

  • Мантрата Харе Кришна се појавува и во многу познати песни, посебно во оние на Битлси (во текстовите на Џорџ Харисон и на Џон Ленон), како и во песните на Харисон (на пример, „Мој сладок Господе“). Џорџ Харисон ставил налепница од Харе Кришна на позадината од врвот на гитарата на Ерик Клептон „Гибсон ЕС – 335“, а налепницата ја има и на репродукцијата на гитарата „Гибсон“ од 2005 година.
  • Оваа мантра се појавува и во синглот на британската рок-група „Притендерс“ (The Pretenders), „Чизми од кинеска пластика“ („Boots of Chinese Plastic“).
  • Снимката од мантрата Харе Кришна од храмот „Рада Кришна“ била ставена како сингл на продуцентската куќа на „Битлси“, „Епл Рекордс“ во 1969 година и го достигнала 12-тото место на музичките топ листи во Велика Британија, а се појавила и на музичкото шоу „Top of the Pops“. Исто така, таа стигнала на првото место на музичките топ листи во Германија и во Чехословачка.
  • Снимките на мантрата Харе Кришна е искористена од „The Fugs“ (заедно со поетот Ален Гинсберг) на нивниот албум „Tenderness Junktion“ од 1968 година.
  • Една песна на албумот „Зен аркада“ (Zen Arcade) на американската хардкор панк група „Хускер Ду“ од 1984 година се вика „Харе Кришна“ и ја користи оваа мантра.[1]
  • Кула Шакер, Бој Џорџ и членовите од „The Rubettes“, исто така, снимиле песни за свесноста за Кришна.
  • На доделувањето на наградите од „VMA“ во 2008 и во 2009 година, домаќинот на шоуто, комичарот Расел Бренд, ја завршил церемонијата со кажување Харе Кришна, како што прави на крајот од сите негови шоуа.
  • Дуото „Thievery Corporation“ ја ставило песната „Харе Кришна“ на албумот издаден во 2008 година.
  • Во филмот „Мапет Шоу“ кога еден лик вели дека се загубиле, другите му возвраќаат со зборовите: „треба да кажеш Харе Кришна“.
  • Во епизодата „Seinfeld“ од „The Subway“ редовниот гостин во ресторанот на Монк вика : „Харе Кришна! Харе Кришна!“, кога го гледа Џорџ како влегува облечен во чаршав. Слично сценарио има и во „Scrubs“, кога Џеј Ди ја бричи главата за да поддржи еден пациент кој оди на хемотерапија. Таква сцена е присутна и во филмот „Stipes“, кога ликот на Џон Кенди си оди од војничкиот бербер.
  • Поклониците на Харе Кришна се прикажани и во познатата видео игра „Grand Theft Auto“ како пешаци, а во поновите изданија како банда.
  • Групата „Shelter“ искористила лајт мотиви и песни од културата на Харе Кришна.
  • Во филмот од 2001 година „Osmosis Jones“, Јонас ги става последните две клетки во стомакот на Френк, кои пеат Харе Кришна, додека свират на тапан и дајре.

Препораки[уреди | уреди извор]

Праксата за пеење на мантрата Харе Кришна се препорачува во Пураните и во Панчаратрата иако како главна литература е препорачана ваишнавската.

На пример : -од Падма Пурана, 3.50.6

„Сите најболни гревови се отстрануваат со пеење на светото име, Маха мантрата, од оној кој го обожува Богот на сите Богови Шри Кришна.“

-од „Stava-mala-vidyabhusana-bhasya, Baladeva Vidyabhusana in Bhaktisiddhanta's Gaudiya Kanthahara 17:30“

„Кога гласно се пејат шеснаесетте имиња и триесет и двата слога од мантрата Харе Кришна, Кришна танцува на јазикот на човекот“

Наводи[уреди | уреди извор]