Харди-Вајнбергова рамнотежа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Харди-Вајнбергова рамнотежа

Харди-Вајнберговата рамнотежа или Харди-Вајнберговиот закон е важен постулат во еволуцијата и популационата генетика кој вели дека фреквенцијата на гените во една изолирана популација (популација на која не дејствуваат надворешни фактори) е постојана низ поколенијата.

Харди-Вајнберговиот закон ни овозможува да ја пресметаме фреквенцијата на гените во генетскиот фонд на дадена популација доколку ја знаеме фреквенцијата на генотиповите. Тој ни кажува и што може да се очекува и какви би биле популациите доколку не настанува нивна еволуција.

Овој закон независно еден од друг го опишале британскиот математичар Годфри Херолд Харди и германскиот физичар Вилхелм Вајнберг во 1908. Според овој закон, одредени научници формулирале математички теории за еволуцијата кои се основа на популационата генетика.