Ханс-Jоахим Хопе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ханс-Јоахим Хопе (германски: Hans-Joachim Hoppe; р. 22 септември 1945 во Хилден кај Диселдорф) — македонист, политички научник, новинар и експерт за Источна Европа.

Студирал славистика и предавал на Келнскиот универзитет. Неговата дисертација се однесувала на германско-бугарските односи за време на Втората светска војна, издадена од Институтот за современа историја во Минхен 1979 г. Во таа книга исто така е разгледувана и депортацијата на Евреите од Македонија и бугарската окупациска политика во Македониjа.

Исто така работел во „Институтот за источнонаучни и меѓународни студии“ во Келн. Тоj e бил на повеќе јазични ceминapи во Русија, Бугарија, Хрватска и Албанија. Тоj е еден од првите Германци, кој што го научиле македонскиот јазик во 1967 на Загрепскиот универзитет.

Во септември 1997 бил набљудувач на ОБСЕ за време на изборите во Србија, во време кога претседател на СР Југославија бил Слободан Милошевиќ.[1]

Денес е публицист за Источна Европа и пишува редовно за мрежниот весник „Евроазиски Магазин“ (Eurasisches Magazin) и други весници.

Тоj е член на немски Соjуз на историчарите на Источна Европа, на Jугоисточноeвропскo друштво и на Германско-канадско друштво.

Творештво[уреди | уреди извор]

  • Bulgarien - Hitlers eigenwilliger Verbündeter. Eine Fallstudie zur nationalsozialistischen Südosteuropapolitik (Бугарија - Хитлеров своеволен сојузник), студија од Институт за современа историја (Institut für Zeitgeschichte) во Минхен, 1979 г.
  • Die Situation der mittel- und südosteuropäischen Länder (Ситуациja во средноевропските и јужноевропските држави), во: Aussenpolitik (German Foreign Affairs Review), 2/1994, S.134-145.
  • Die politische Szene der Republik Makedonien (Политичката состојба во Република Македонија), Berichte des Bundesinstituts für ostwissenschaftliche und internationale Studien (публикации на „Институтот за источнонаучни и меѓународни студии“ во Келн), 47/1995.
  • Die politische Führung des Milosevic-Regimes (Политичкото раководство на режимот на Милошевиќ), Berichte des Bundesinstituts für ostwissenschaftliche und internationale Studien (публикации на „Институтот за источнонаучни и меѓународни студии“ во Келн), 26/1999.
  • Säson für Könige! Macht das bulgarische Modell Schule? (за Симеон Сакскобургготски премиер на Бугариjа 2001-2005) во: Südosteuropa Mitteilungen. 3/2002, S. 54–66.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Als Miloševic unterging, begann der Weg Jugoslawiens nach Westen - Wahlbeobachtungen am Ende des Regimes (с фотографите на изборна кампанија) Eurasisches Magazin, 1.8.2013.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]