Хандачка кула

Координати: 40°50′08″N 23°50′27″E / 40.8355° СГШ; 23.8408° ИГД / 40.8355; 23.8408
Од Википедија — слободната енциклопедија
Хандачка кула
Πύργος Χάνδακα
Карта
МестоЕниќој, Зихненско
ОбластЕгејска Македонија, Грција
Координати40°50′08″N 23°50′27″E / 40.8355° СГШ; 23.8408° ИГД / 40.8355; 23.8408
Видкула
Историја
ИзграденoXIV век
Белешки за наоѓалиштето
Состојбаурнатини

Хандачка кула (грчки: Πύργος Χάνδακα) — средовековна одбранбена кула крај Долна Струма, недалеку од античкиот град Амфипол,[1] поточно меѓу денешните села Ениќој и Нова Локвица во Зихненско, Егејска Македонија.

Историја[уреди | уреди извор]

Кулата e е сместена на десниот брег на Струма, спроти античкиот град Амфипол другата дредновековна кула – Мармарската. Околу кулата има остатоци од други утврдувања. Двете кули го чувале Амфиполскиот мост над Струма, познат уште од антиката.[1]

Кулата веројатно е изградена во XIV век. Во околината се наоѓало средновековното село Хандак (Χάνδακας), споменато во светогорски документи од XIV век (1318 – 1378), главно во преписката меѓу манастирите Хиландар и Зограф во врска со водениците на тоа подрачје. Хандак е споменато и во Калимановата грамота.[1]

Кулата има квадратен облик и надврешни потпори, и во првобитен облик имала најмалку три ката. Заштитена е со бедем, чии остатоци се гледаат од северната страна.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Πύργος Χάνδακα“. Ελληνικά Κάστρα. Посетено на 6 ноември 2016.