Ханбок

Ханбок (корејски : 한복) е традиционална облека на корејскиот народ. Името ханбок главно го користил народот на Јужна Кореја, додека народот на Северна Кореја го нарекува чосон (корејски: 조선옷). [1]
Древната верзија на ханбок се состоела од „чеонгори“ како горен дел, панталони „баџи“ или здолништа „чи“ за жени и наметка „по“. Оваа облеката била дизајнирана имајќи ја предвид удобноста и слободата во движењето. Традиционално се изработувала од свила или коноп.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Ханбок датира од династијата Гогурјео за време на периодот на Трите Кралства (57 п.н.е. до 668 н.е.) во корејската историја. Ханбок во неговата сегашна популарна форма датира од династијата Чосон (1392–1910). [2]
Изгледот и дизајнот биле под големо влијание на околните земји и историските настани низ годините. Монголската империја, периодот на јапонската колонизација, како и кинеската култура кои имале влијание врз изгледот и употребата на костимот ханбок.[2]
Делови и дизајн
[уреди | уреди извор]Дизајнот и поединечните парчиња облека што го сочинуваат ханбокот варираат во зависност од полот за кој е наменет. За жените, традиционалниот ханбок се состои од сукња џима, додека мажите носат панталони баџи. Покрај сукњите и панталоните, основниот дел е по мантија. Помодерните верзии на ханбок вклучуваат елек јоки и јакна магоџа.[1] Оригинално биле изработени од свила, коноп и памук. Материјалот е рамно сечен и зашиен. Горниот дел е врзан со машна наречена горум.[2]
Долго време, традиционалниот ханбок бил целосно бела облека и без украси, под името минбок. Облеката во бојата била резервирана за посебни прилики.[3] Модерниот дизајн и украсите на ханбокот започнал по династијата Чосон. Боите исто така имале и свое значење, како и везените или насликаните украси. Децата и девојчињата носеле светли бои, додека постарите носеле по благи бои. Белата боја ја носеле мажените жени, а црвената и жолтата боја ја носеле неомажените жени.[1]
Современа употреба
[уреди | уреди извор]Денес ханбокот го претставува културното наследство на корејскиот народ и често се користел за промовирање на корејската култура. За популарноста се одразува во прославата на „Денот на ханбок“ на 21 октомври.[2] Оваа прослава била воведена во 1996 година.[1]
Со растот на популарноста на корејската култура преку K-поп и други аспекти на корејската култура, и костимот ханбок станал популарен. Карл Лагерфелд, исто така, придонесе за неговата популарност со неговата колекција Шанел Круз за 2015/2016 година, која била инспирирана од носијата ханбок. Терминот ханбок бил додаден во Оксфордскиот англиски речник во 2021 година.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Портрет од Чосон од тој период
- Ден на ханбок 2016
- Ден на Ханбок 2016 Современ ханбок
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 5 „Hanbok vs. Jeogori vs. Cheoson-ot: A Traditional Korean Clothing History - Koryo Tours“. koryogroup.com (англиски). 2020-05-25. Посетено на 2024-07-23.
- 1 2 3 4 5 „Hanbok – traditional Korean dress · V&A“. Victoria and Albert Museum (англиски). Посетено на 2024-07-23.
- ↑ Park, Seong-su. „The White Clothed People“. Посетено на 23.07.2024.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=(help)