Хамлет (филм од 1990)
„Хамлет“ (англиски: Hamlet) – филм на режисерот Франко Зефирели (Franco Zeffirelli) од 1990 година. Зефирели е автор и на сценариото, заедно со Кристофер Де Вор (Christopher De Vore). Главните улоги ги играат: Мел Гибсон (Mel Gibson), Глен Клоуз (Glenn Close), Алан Бејтс (Alan Bates), Пол Скофилд (Paul Scofield), Ијан Холм (Ian Holm), Хелена Бонам Картер (Helena Bonham Carter), Стивен Дилејн (Stephen Dillane) и Натаниел Паркер (Nathaniel Parker). Иако режисерот верно го следи драмскиот текст и го запазува духот на времето, сепак дејствието е прикажано во скратена форма. Притоа, одличниот избор на местата на снимањето, сценографијата која го нагласува страшниот амбиент и костимографијата на одличен начин ја обликуваат трагедијата, а за нејзината содржина е заслужна актерската екипа која им дава длабочина на ликовите. Во тој поглед, особено се истакнува глумата на Бонам-Картер во улогата на Офелија и Скофилд во улогата на духот на кралот. Исто така, пофалба заслужува и музиката на Енио Мориконе (Ennio Morricone), како и естетизираната фотографија на Дејвид Воткин (David Watkin). Во 1991 година, филмот бил номиниран за наградите „Оскар“ во две категории (сценографија и костимографија), а една година подоцна, Алан Бејтс бил номиниран за наградите БАФТА во категоријата најдобар спореден глумец.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Принцот Хамлет (го игра Гибсон) тагува поради смртта на татко му, данскиот крал, а уште повеќе е потиштен заради сознанието дека, иако не поминале ниту два месеца, мајка му (ја игра Клоуз) се премажила за неговиот стрико Клавдиј (го игра Бејтс). Една ноќ, дворската стража го известува Хамлет дека им се прикажува духот на умрениот крал, а Хамлет решава да ја помине ноќта на стража за да провери дали е тоа вистина. И навистина, и нему му се појавува духот на татко му, кој му кажува дека не умрел каснат од змија, туку дека го отрул брат му Клавдиј. Тогаш, Хамлет решава да му се одмазди на стрико му, но пред да го убие, тој најпрвин ја разоткрива неговата завера против законскиот крал, а во тоа му помага групата глумци која штотуку пристига во дворецот...
Наводи
[уреди | уреди извор][[[Категорија:Филмови со Стивен Дилејн]]
- Американски филмови
- Француски филмови
- Британски филмови
- Филмови засновани на драми
- Филмови на англиски јазик
- Филмови од 1990 година
- Филмови чие дејствие се одвива во Данска
- Филмови на Франско Зефирели
- Филмови со Мел Гибсон
- Филмови со Глен Клоуз
- Филмови со Хелена Бонам Картер
- Филмови со Натаниел Паркер
- Филмови со Ијан Холм
- Филмови со Алан Бејтс
- Филмови со Пол Скофилд