Хамид Тачи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Хамид Тачи (албански: Hamid Thaçi, Ваксинце, кумановско, 1924) е македонски борец и политичар[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Тачи е роден во кумановското село Ваксинце во 1924 година. Се школувал во Великата медреса во Скопје од 1936 до 1941 година, а потоа завршил гимназија во Приштина. Поради политички прогон бил принуден да го прекине школувањето и се приклучил на НОБ од првата половина на 1943 година како борец, политички комесар на чета на баталјон и на бригада. Бил демобилизиран како капетан на ЈНА. Од 1950 година бил професионален политички работник. Ја завршил Политичката школа во Белград и бил народен пратеник во Соборот на производителите на Народното собрание на НРМ.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (на македонски) Македонска енциклопедија. II (прво издание). Скопје: МАНУ. стр. 1470. ISBN 978-608-203-024-2.