Хамзали - Дрвош

Од Википедија — слободната енциклопедија

Хамзали - Дрвош — македонски рудник на фелдспати, кој се наоѓа во атарот на село Хамзали, Струмичко. Рудната област е претставена со чести жици, леќи и неправилни тела на метасоматски леукократни крупнозрнести албитски гранити сместени во крупнозрнестите биотитски гранити. Овие рудни тела се бели албитски гранитоиди, познати под името „натриски фелдспат“. Тие содржат околу 80% албит со околу 3% анортитска компонента. Покрај овие тела на албитски гранити, присутни се и помали маси, кои се делумно истражувани или не се ни истражувани. Хемискиот состав на рудата е:SiO2 околу 65%, Al2O3 18–19%, K2O 0,4%, Fe2O3 0,1–0,2% Na2O3 9–10%. Рудните резерви се проценуваат на повеќе милиони тони.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Милорад Стојановиќ, Наоѓалишта на неметални минерални суровини во Македонија, Скопје, 2005