Прејди на содржината

Халмахера

Координати: 0°39′N 127°54′E / 0.65° СГШ; 127.90° ИГД / 0.65; 127.90
Од Википедија — слободната енциклопедија
Халмахера
Pulau Halmahera
Брег на Халмахера
Географија
МестоЈугоисточна Азија
Координати0°39′N 127°54′E / 0.65° СГШ; 127.90° ИГД / 0.65; 127.90
АрхипелагМолучки Острови
Површина17.780 км2
Највисоко место1.560 м
Највисока точкаГамконора
Држава
Покраина Северно Малуку
Најголема населбаТобело
Демографија
Население449,938 (2010)
Густина25,3 /km2 (655 /sq mi)

Халмахера (индонезиски: Pulau Halmahera), порано: Џилоло/Џајлоло — најголемиот остров во групата Молучки Острови, Индонезија. во управен поглед се наоѓа во покраината Северно Малуку. Седиште е гратчето Софифи, сместено на западниот брег на островот.

Островот зафаќа површина од 17.780 км2;[1] ова е најголемиот остров во Индонезија вон петте главни острови. Во 1995 г. имал 162.728 жители кои во 2010 г. се зголемиле на дури 449.938 за самиот остров и 667.161 жители за островската група (во цела Јужна Халмахера и Тидоре, но не и Тернате).[2][3] Околу половина од жителите се муслимани, а другата половина се христијани.

Историја

[уреди | уреди извор]

Историјата на слабо населената Халмахера е тесно поврзана со онаа на помалите острови Тернате и Тидоре, обете западно од неа. На овој остров се наоѓал султанатот Џајлоло, едно од четирите кралства на Малуку (Тернате, Тидоре, Бачан и Џајлоло) во времето пред колонизацијата на целиот архипелаг од Холандската источноиндиска компанија. Во северниот дел од островот во XIII век се наоѓало Лолодското Кралство, кое не се вбројува меѓу главните четири.[4]

За време на Втората светска војна на Халмахера имало јапонска поморска база, сместена во заливот на Као.

Во 1999 и 2000 г. во Халмахера избило насилство од чисто етничка природа помеѓу жителите на Као (главно христијани) и Малифут (сите муслимани), кое потоа прешло на верска основа и се проширило низ Северно Малуку. Во борбите помеѓу паравојските загинале илјадници жители. Во јуни 2000 г. загинале петстотини лица кога траект со бегалци од насилствата потонал кај североисточниот крај на островот Сулавеси. Во селото Дума стои споменик на загинатите.

Денес сообраќајните врски со остатокот од индонезија се одвива преку Тернате, иако патнички траекти и товарни пловила сообраќаат и од Тобело непосредно до Сурабаја и Манадо.

Со доаѓањето на непосредно избран намесник, Тобело доживува брз развој и цели да му соперничи на Тернате. Бидејќи е обиколено со рамно земјиште, Тобело има потенцијал за ширење. Тернате е ограничено од неговата големина како мал остров кој може да се обиколи со автомобил за 45 минути. Исто така, во 2010 г. покраинската управа се преселила од градот Тернате во Софифи, кое е мало село на халмахерскиот брег спроти островот Тидоре.

Покраината Северно Малуку има осум намесништва и две општини (градови); пет намесништва и една општина зафаќаат делови од островот Халмахера. Намесништвата се Северна Халмахера, Западна Халмахера, Источна Халмахера, Централна Халмахера, Јужна Халмахера, островот Моротај, архипелагот Сула и Талиабу, а општините се Тернате и Тидоре.

На крејбрежјето на Халмахера живеат Тобелците (или О’Хоберера Мањава, букв. „воншумски жители“)),[5] а во внатрешноста живеат нивните полуномадски сродници — Тогутилите (или О’Хонгана Мањава, букв. „шумски жители“), кои во 2001 г. броеле 1.500 до 3.000 лица.[6]'[7] Помеѓу 300 и 500 лица живеат изолирано во шумата во националниот парк „Акетаџаве-Лолобата“, каде самите се прехрануваат.[8] На неконтактираните жители им се заканува огромен рударски зафат за добивање на никел за акумулатори на електрични возила.[9]

Геологија

[уреди | уреди извор]

Овој вулкански остров е сместен на островски лак кој ги опфаќа островите на архипелагот Раџа Ампат, сите издигнати со северното движење на австралискиот континент и подвлекувањето на Тихоокеанската Плоча. На северниот крај на островот се наоѓа активниот вулкан Дуконо, а на северозападниот брег активен е вулланот Ибу.

Екологија

[уреди | уреди извор]
Знаменосна рајска птица

Безлетната Волесова блатна кокошка е ендемски вид на островот.[10] Неодамна откриената палма Jailoloa halmaherensis исто така е ендемска на островот.[11]

Природонаучникот Алфред Расел Волес ја посетил Халмахера и ја опишал во неговото епохално дело „Малајскиот Архипелаг“ (1869). Тој ја сметал знаменосната рајска птица (Semioptera wallacii) за неговиот највреден пронајдок.[12] Во февруари 1858 г. на островот Тернате (или можеби на Халмахера), помеѓу напади на треска, Волес дошол до идејата за природна селекција со опстанок на најспособните. Овие идеи ги запишал во текот на следните два дена и му ги испратил во писмо на Чарлс Дарвин.

Рударство

[уреди | уреди извор]

На Халмахера се одвиваат неколку рударски зафати. Во индустрискиот парк „Залив Веда“ во намесништвата Северна и Централна Халмехера се ископуваат никел и кобалт.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Halmahera | Largest of the Spice Islands | Britannica“. www.britannica.com (англиски). Посетено на 18 јуни 2023.
  2. „Indonesia: Administrative Division (Provinces, Regencies and Cities) – Population Statistics, Charts and Map“. www.citypopulation.de. Архивирано од изворникот 3 октомври 2014. Посетено на 11 април 2018.
  3. „Penduduk Halsel“. Архивирано од изворникот на 4 октомври 2013. Посетено на 1 јули 2013.
  4. Handoko, Wuri (2017). „Kerajaan Loloda: Melacak Jejak Arkeologi Dan Sejarah“. Kapata Arkeologi (индонезиски). 13 (2): 179–194. doi:10.24832/kapata.v13i2.423. ISSN 2503-0876.
  5. „Mengenal O'Hongana Manyawa di Hutan Halmahera yang 'Dikepung' Tambang Nikel“. ppman (индонезиски). 23 март 2024. Посетено на 12 јуни 2024.
  6. Tamalene, M. Nasir (јануари 2014). „The Practice of Local Wisdom of Tobelo Dal a m ( Togutil ) Tribal Community in Forest Conservation in Halmahera, Indonesia“.
  7. https://www.academia.edu/1933038/Duncan_Christopher_R_2001_Savage_Imagery_Mis_Representations_of_the_Forest_Tobelo_of_Indonesia_The_Asia_Pacific_Journal_of_Anthropology_2_1_45_62
  8. https://www.academia.edu/34706882/LOCAL_KNOWLEDGE_OF_MANAGEMENT_SYSTEM_OF_FOREST_ECOSYSTEM_BY_TOGUTIL_ETHNIC_GROUP_ON_HALMAHERA_ISLAND_INDONESIA_ TRADITIONAL_UTILIZATION_AND_CONSERVATION
  9. „NEWS: Indonesia: Uncontacted tribe being destroyed for electric car batteries“. Survival International. 4 април 2023. Архивирано од изворникот 6 април 2023. Посетено на 6 април 2023.
  10. BirdLife International (2016). Habroptila wallacii. Црвен список на загрозени видови. 2016: e.T22692781A93369321. doi:10.2305/IUCN.UK.2016-3.RLTS.T22692781A93369321.en. Посетено на 11 ноември 2021.
  11. Heatubun, Charlie D.; Zona, Scott; Baker, William J. (2014). „Three new genera of arecoid palm (Arecaceae) from eastern Malesia“. Kew Bulletin. 69 (3): 9525. Bibcode:2014KewBu..69.9525H. doi:10.1007/s12225-014-9525-x. S2CID 24848021.
  12. „Halmahera and Wallace's Greatest Prize: The Standardwing Bird of Paradise“. Wallace Fund. Архивирано од изворникот на 24 септември 2018. Посетено на 1 април 2015.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]