Халер парк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Халер парк во октомври

Халер парк е најголемиот парк во средина на Ференцварош, 9-та област Будимпешта, Унгарија .Тој се граничи со Халер улица на запад, Мештер улица на југ, Вагохид на исток и Обестер улица на север.

Објекти[уреди | уреди извор]

Паркот има различни објекти за рекреација, вклучувајќи и полиња за игри со топка, добро дизајнирани игралишта во согласност со ЕУ,ридови за санкање и патеки за прошетки. Паркот е особено популарен кај семејства со деца и стари лица кои се релаксираат во тишина.

Некои станбени згради се сместени по должината на границата, додека еднокатна градинка и забавиште се наоѓаат во северниот дел на паркот.

Како одговор на загриженоста на јавноста, системот за заштита на паркот започна да функционира во мај 2008 година, докажувајќи се веднаш успешно.

Флора и фауна[уреди | уреди извор]

Паркот Халер има бројни видови дрвја: костени, тополи, црни тополи, врби, липи и чинари. Птици, исто така, изобилува: обичен кос,сипка, модроглава сипка, црвеногушка,гулаби, врапчиња, па дури и врани . Што се однесува до цицачите, ежеви и верверички можат да се видат прилично ретко.За разлика од нив, кучињата се премногу честа глетка.